Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ВИСТИНА И ПРЕСМЕТКИ

Стефан Влахов-Мицов

Вистината е апсолутна и релативна. Со апсолутната вистина располага Господ, а релативната, субјективната е дело на луѓето. Затоа се вели: колку луѓе, толку вистини. Како секое човечко дело и историјата е субјективна, иако нејзините претензии се за објективност. Тие претензии се базираат на тоа дека се служи со факти и дека фактите се поткрепени од поголеми или помали заедници. Ако си Македонец во Грција или во Бугарија, на пример, твојата индивидуална вистина тешко може да се избори со вистината на грчкото или на бугарството општество, која е бранета од државните институции. Ете зошто е мала шансата да имаш историја ако немаш држава.
Тие кои веќе имаат држави, етничките малцинства ги приклучуваат кон себе. Но, дури и кога имаш држава и историја пак немаш гаранција за својот идентитет. Зашто поголемите и помоќни држави се обидуваат да ја манипулираат твојата историја или целосно да ја присвојат. Човечката историја може да ја споредиме со панаѓур, на кој различните етноси си ги предлагаат стоките, тргуваат и разговараат меѓу себе. Во еден момент некој може да го излаже другиот, во следниот момент прелажаниот или некој друг ќе му врати, итн. Често пати се појавуваат бандити кои го крадат тоа што ќе го бендисаат и си заминуваат. Или, уште полошо заземаат дел од територијата на панаѓурот и таму располагаат со украденото. Најлошо е кога се обидуваат да го потчинат целиот панаѓур. Историјата и спорот си личат по тоа што многу пати фактите (постигањата) се манипулирани. За да ја постигнат целта, на спортистите им даваат допинг, а историските факти се напоени со насилство и крв. Во гимнастиката, за поголема објективност, ги елиминираат највисоката и најниската оценка на жирито. Доколку тој модел се примени во ООН, конфликтот на Грција со Република Македонија ќе биде решен. Од 194. државичленки на светската организација, веќе две третини ја признаа македонската држава под уставното име.
Кога грчкиот шеф на дипломатијата Друцас, на 65. Генерално собрание на ООН, изјави дека спорот меѓу двете држави не е билатерален, тој самиот не сфати каква вистина кажува. Господ, понекогаш, за да исмее некого, во устата му става зборови чија смисла е апсолутно различна од тоа што го мисли. Да, спорот ниту е билатерален, ниту е регионален, како што тврди Друцас. Спорот е фундаментален, зашто се работи за кражба на македонската историја од страна на Грција, како што изјави бившиот државен секретар на САД, Иглбергер. Станува збор за нешто уште поважно територијална кражба на Егејска Македонија. И како врв на се за етничко чистење и геноцид врз македонскиот народ. Кражба на историја, на територија и геноцид ете, тоа е суштината на проблемот. И обратете внимание, иниција тор на тој конфликт е самиот агресор Грција. Претставете си ги Хитлер, Сталин, Пол Пот во улога на обвинители на светската сцена! Сето тоа означува дека станува збор не за спор, дури не и за конфликт меѓу Грција и Македонија. Се работи за вредносен систем, за цивилизациски судир. Во 21 век ќе има судир на цивилизациите, но не меѓу исламот и христијанството, како што тврди Хентингтон во неговата позната книга.
Туку меѓу фалшивите основи на денешната цивилизација и потребата за враќање на вистинските вредности, на дејствувачката историја, искривена од политичките мародери.
Во денешниот свет ниту Грција е единствениот агресор, ниту Македонија е единствената жртва. Во некои случаи конфликтите се за територии (да почнеме од пограничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, па до тој меѓу Русија и Јапонија), во други за нафта (како тие на Блискиот Исток и во Средна Азија). Некои се маскирани како борба против тероризмот.
Грчката агресија две работи прави пред очите на цел свет. Од една страна, врската меѓу митологијата, историјата, политиката и територијал ната експанзија. Од друга страна, го превртува тој механизам во европски стил, а оттука и притисокот тој да стане со светски маштаб. Тоа се факти и процеси од минатото, за кои ниту Европа, ниту посебно државите од Европа сакаат да си спомнат. Со своето однесување Грција ги буди спомените за одвратните историски ексцеси од 19 и 20 век при определувањето на границите на денешните европски држави. Македонската авантура на Грција е поопасна отколку некогашната војна во Виетнам или сегашната во Авганистан. Зашто тие војни, иако крвави, се од локален карактер и значење. Грчката авантура засега универзални вредности, кои имаат значење за сите нации: правото на име, јазик, култура, идентитет. Грција ја отвори кутијата на Пандора, пред која, во иднина, конфликтот меѓу Србите и Албанците за Косово ќе изгледа како детска играчка. Во ЕУ, како во целиот Запад, се уште нема оценка за опасноста што доаѓа од грчкиот вирус. Таму продолжуваат да се занимаваат со прашањето дали објективно банкротираната Грција ќе бафотира и де јуре. И дали со тој банкрот нема да го повлече со себе и еврото. Во ЕУ продолжуваат да ја потценуваат и Р. Македонија, иако во НАТО веќе се замислија за некои прашања.
Ви прави ли впечаток како се промени гледната точка за конфликтот на Грција со Македонија кај политичарите и државниците во зависност од нивните официјални позиции? Некои од нив, кога се на власт, ја поддржуваат Грција, а потоа кажуваат дека вистината е на страната на Македонија. Не е чудно што актуелната меѓународна политичка коњунктура е на грчка страна. Преку Грција, Европејците се бранат себеси, своите фалшиви митови, истории и минати експанзии. Од ЕУ се гневни на Грција откако низ својата авантура го покажа фалсификатот на европската цивилизација, во чии основи тие ја поставија грчката култура. Од друга страна, Грција, каква и да е, измислена во минатото или деградирана денес, е европски култ и нејзиното евентуално развенчување и обезличување е удар врз самата Европа. Затоа од ЕУ бараат одбивните историски вистини за Грција да се скријат под европскиот јорган. Затоа и притисокот врз македонската држава е толку голем. Затоа и застрашувањата однадвор за изолација и мрачна иднина доаѓаат едно по друго. Практично, заплашени се точно тие кои не заплашуваат.
Никој не може да ја изолира Македонија. Од една страна, заради нејзината местоположба на Балканот. Од друга страна, заради нејзината гранична положба меѓу христијанството и исламот. Од трета страна, заради интересите на неколку големи играчи: САД, Русија, Турција, а да не ја заборавиме и Кина. Како може да се изолира држава, која бранејќи ги своите интереси може да се осојузи со секој и на секого да му сврти грб? Да не го заборавиме и тоа дека Р. Македонија е признаена под уставното име од 129 држави и тој број, ако сме умни, може значајно да го зголемиме. Пропагаторите на тезата дека Македонија е во изолација се аргументираат со тоа дека делегации на некои земји ја заобиколувале. Кои се тие делегации? Во јули претседателот на Европскиот совет Херман ван Рампуј ги посети Белград, Љубљана, Загреб и Приштина. Во август германскиот министер за надворешни работи направи слична посета. Во април заменикот државен секретар на САД, Џејмс Штајнберг отиде во Љубљана, Сараево, Белград и Приштина, а во наредниот месец ноември државниот секретар на САД, Хилари Клинтон ќе ја повтори истата обиколка, без Љубљана. Гледаме дека станува збор за некои европски претставници, плус САД. Прво, ЕУ е многу разединета, но дури и да беше единствена, глупаво е да се тврди дека го олицетворува светското општествено мислење. Второ, грчкото лоби во денешната американска администрација е многу силно, но и САД си прават сметка дека еден прекумерен притисок врз Маке донија ќе ја фрли директно во прегратките на нивните противници. Трето, фактот дека сите делегации минуваат низ Сараево, Белград и Приштина не придонесе ниту за стабилноста на Босна, ниту за решавање на спорот меѓу Србија и Косово. Освен многузначајниот факт дека благодарение на “дијалогичноста" на Белград, Србија се повеќе ги губи меѓународниот авторитет и позиции.
Четврто, и најважно. Досегашната тврдост на македонската држава изненадува и истовремено ја респектираат и ЕУ, и САД. Изненадува затоа што во 1995 година Р. Македонија со лесна рака го промени својот Устав под грчкиот притисок и даде знак дека може да биде лесен плен. Ја респектираат зашто денешните македонски непријатели и останатиот свет гледаат дека во Р. Македонија дуваат други ветрови кои ги враќаат спомените за некогашната македонска храброст. Затоа и Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања од Вашинггон во неодамнешниот извештај за Балканот посочува дека ако не се реши проблемот меѓу Грција и Македонија, „Република Македонија може да остане извор на проблеми и конфликти што ќе ги преокупираат САД и ЕУ, а Русија ќе остане да ги води своите експанзионистички политики на Балканот и со тоа да го наруши влијанието на САД и ефикасноста на НАТО".
Гледате ли колку глобален станува проблемот и каква голема улога може да игра македонската држава во него? Заслужува, се разбира, да има големи државници и политичари. Автор на извештајот е Гркот Јанош Бугарски, а главниот финансиер на тој Центар исто така е Грк Лаврентис Лаврентијадис. Затоа и предлозите се во досегашниот официјален грчки стил, но со дополнителни нијанси. Значи, Македонија да прифати додавка „Северна" или „Вардарска", а Грција, забележете го тоа, ќе ја признаела славомакедонската нација. А за Грција ќе остане античкото македонско минато, т. е. македонската држава да ја озакони грчката кражба на својата историја. Нема сомнение дека ваков развој ќе биде прифатен и од ЕУ. Само што сметката на грчко американското лоби во САД е правена без крчмар. Грчката авантура го испушти духот од шишето и попусти се сите обиди да се врати внатре. Како што Косово се претвори во опасен државнополитички преседан, така и грчката експанзија станува цивилизациски преседан. И нема повеќе значение, освен за конкретните држави, дали Србија отстапува и дали Македонија ќе ја следи. Од таа причина станува бесмислено Американскиот републикански институт да ги брои процентите на ВМРО и на СДСМ на идни евентуални избори.
Глобалното преоценување на светската историја веќе почна. Првиот знак беше и неодамна одржаниот меѓународен симпозиум посветен на историјата на Османлиската империја во турскиот град Билеџик. Седумдесет експерти од 30 држави се обединија околу мислењето дека западните историчари необјективно пишувале и пишуваат за таа империја, која владеела огромни територии во Европа, Азија и Африка. А тоа значи дека фалшиво е претставувана историјата и на многубројните народи во Османлиската империја. Да не забораваме дека од нејзините урнатини се создадоа 22 држави. Во многу случаи, необјективно е претставуван и македонскиот народ.
На симпозиумот организиран од МАНУ во 2003 година посветен на 100 годишнината од Илинден, турскиот професор Музафер Туфан објави значаен текст за „Одразот на Илинден во турската современа историографија", според кој турските историчари цврсто ја бранат тезата за посебноста на македонскиот народ во Османлиската империја. А кој подобро од Турците знае какви народи живееле таму? Денес пред македонската држава и општество се отвораат ретки шанси. Македонскиот државен врв успешно да ги одбрани македонското име и идентитет, а македонските историчари и интелектуалци да станат знаменосци во преосмислувањето на историјата и за враќање на македонските вредности. Некогашниот подвиг на Александар Велики може да се повтори и во државната политика, и во науката и во културата.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај

Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2011 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2011 година!


Важно! Важно! Важно!

Дружеството на репресираните македонци в България припомня на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими. Отварянето на тези досиета е от голямо значение за македонското малцинство в България.

Поезија
ЗЛАТКА ДАМЯНОВА





МЕТАРМОФОЗА

Примерих се вече – разумна съм и кратка.
Щом броя до десет – избягвам всяка схватка!

Над чужди проблеми избягвам да умувам -
вече деликатно не виждам и не чувам!

Макар на характера да не ми приляга –
свикнах да си казвам „това не ме засяга!”

В горещ диспут не влизам и завист не будя –
храня се, почивам, дозирано се трудя!

Не удрям, не отварям ръце за прегръдка –
и подир мен не тича ни вълк, нито хрътка.

Изведнъж се промени – някой отбеляза!
Помислих си тъжно – изведнъж се чупи ваза,

Колко наивно е такова съждение –
бавно се променя човек – за съжаление!

И все - пак си прошепнах – „браво, поумняваш!”
А коренът ме сепна – „нима ще се предаваш!”

1985 г.



ЗАВИСТ

Блестиш ли – все ще се
намери
някой с кал да те замери.



ДАНС

Ганьо успя да пъхне шило
и в новото държавно плашило,
и заля “секретна лава”
цялата объркана държава.



БРАТСКИ ЖЕСТ

Дори когато Ганьо е в агония
пак подлага крак на Македония.



КОГАТО СИ ОТИДА

Посвещавам на моите сънародници от дружество „Македонска мисъл” - Варна

Ако искате
да срещнете душата ми,
когато си отида –
не я търсете на площадите
„Славейков” и „Омония”!

ТЯ
под небето родно ще живее
ведно с душата на народа!
С него ще се бори,
ще плаче и ще пее –
за правда и свобода!

Надеждата й няма да угасне,
а всеки ден
ще крепне и ще расне,
докато дойде краят
на дълголетната
а г о н и я
и на Вергина слънцето

огрее

СВОБОДНА И ЕДИННА
М А К Е Д О Н И Я!



“МАЛЦИНСТВО“

Прав е президентът в свойта пледоария –
в държавата няма „Македонско малцинство!”
Надникнал е явно в архива на България
и разбрал, че сме огромно мнозинство!



Македонија пее

ПИЛЕТО МИ ПЕЕ РАНО НА САБАЈЛЕ

Пилето ми пее рано на сабајле,
рано на сабајле, рано пред зори.

Стани ми, стани, ти млада невесто,
стани ми, стани, коња да спремаш.

Јас ќе си одам многу на далеку,
многу на далеку, в туѓа – туѓина.

Рачај, порачај, ти млада невесто,
рачај, порачај, што да ти пратам.

Дали пари сакаш или писмо сакаш,
или мене ме сакаш дома да дојдам.

Ниту пари сакам, ниту писмо сакам,
само тебе те сакам, дома да дојдиш.

Парите се трошат, писмото се кине,
а, љубовта трае вечно до гроба.

ПРАША ЛИ ТИНКЕ МАЈКА ТИ

Праша ли Тинке мајка ти,
Дава ли тебе за мене?
Не сум ја Ѓорѓи прашала, (џанум)
Синоќа сум ја слушала. (2)

Мама на тате велеше (2)
Ај, да го дајме Тинчето (џанум)
За тој Ѓорѓија бекрија. (2)

Тате на мама велеше (2)
До девет ќерки да имам (џанум)
Една на Ѓорѓија не давам. (2)

Оти е Ѓорѓи бекрија (2)
На вино вади ножеви (џанум)
А на ракија пиштоли. (2)




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting