Кон корените на македонската национална мисла
ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ
Крсте Петков Мисирков
(Продолжува од минатиот број)
Бългрското име во Македониiа, значит, iет резултат на лошото третираiн'е на македонците от страна на грцкото дуовенство. Грците унишчиiа Охридската архиепископиiа за тоа, шчо се упоминуаше името „бугарцка», како историiцки reliquium, но употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон с словенцко. И имено тоа воплотеiн'е на грцкото презреiн'е кон нас и iет причината да се велиме бугари , а не историiцките традициiи. Последните напротив нишчо не ни зборуваат за бугарите, а поеке за србцкото име во Македониiа. Значит не крстиле „бугари» грците без да не питаат нас, и ниiе, немаiки време да гледаме и да му наiдиме мана на името, си го усвоiифме.
Ако iет така, а инак и не можит да бидит, то iасно iет, оти името бугарин не зборуат ушче за бугарцка народност во Македониiа. Тоа име сега се прддржуат во Македониiа искуствено, као шчо и се насадуат тамо во наi ноо време името србин. Името бугарин во Македониiа сега немат место, зашчо веке цели 25 години, као живеiеме ниiе македонците одделен живот од бугарите. Мег'у бугарите и нас имат многу малу обшчи интереси сега. Македониiа iет нужна за Бугариiа, затоа последната праiк'ат во првата катагодина милион франкови и содржат на служба многу македонци. Бугариiа пак iет нужна за македонците, зашчо во неiа македонците ке добиiат место и ке експлуатираат со нивните „бугарцки» чувства. Значит, во течеiн'е на последните 25 години односите мег'у Бугариiа и Македониiа почиваат, не на почва на iеднакви традициiи и задаки, а на чисто трговцка осноа, т. е. iедеiн'от го експлуатират другиiот.
Значит, името бугарин во Македониiа, со коiе сега експлуатираат бугарите, никак не iет национално, и затоа никоi од македонците немат прао со него да експлуатират македонцките интереси во негоа полза. Никоi не ни имат дадено прао заради него да ни се набркуваат бугарите во нашите работи. Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се велеле по недоразбериiа бугари, то ушче не значит, оти и iас требит да сум као ниф во мрак за моiата народност; ако се велеле ови бугари, то не значит, оти ниiе ке требит да престаниме да веруаме во русите за атар на разни Стамбуловци и Свирчовци, на место, заiедно со нашата пролиiена крв, ниiе да си бараме праото от каi шчо требит, да допушчиме да ни се бркаат во работите л'уг'е, коiи шчо и сами не знаiат, шчо бараат; ако се велеле моiите дедовци бугари, ушче не значит, да iас имам прао да експлуатирам македонцките интереси со издааiн'е ноини, коiи на место да бранат интересите на нашиiот народ, и бранат бугарцките и интересите на бугарцкиiот кн'аз. Нашите дедовци, велеiки се бугари и не мислеле, оти ниiе ке праиме от тоа име капитал, за да се наiадиме, напиiеме и облечеме со него.
Значит, у македонците името бугарин iет фал'шлива монета, со коiа они плаiк'аат на Бугариiа и неiниiот кн'аз и на нивната таткоина и нивниiот народ. Време iет да се раскриiет таiа фал'ш, за да се престанит да се експлуатират со неiа.
* * *
Од до тука реченото се видит: прво, оти, ако по нашите сегашни етнографцки пон'атиiа на Балканцкиiо полуостров, особено на централниiо и iугоисточен негов дел, т. е. во денешна Србиiа, Бугариiа, Тракиiа и Македониiа имало и имат само две словенцки етнографцки iединици: србцки и бугарцки народ, то тоа ушче не значит да немат, немало и не можит да бидит друга словенцка iединица, а напротив, оти неiното сашчествуаiн'е iет во пределите на возможното и на деiствител'носта; второ, да во Македониiа немат две iужно-словенцки народности: србцка и бугарцка, а напротив, да во неiа имат само iедна народност со своiи особини, коiи, или претстауваат нешчо оригинално, коiе се немат, ни каi србите, ни каi бугарите, као шчо iет, да речиме, со много особини на македонцките наречиiа, или нешчо коiе се имат, и каi бугарите, и каi србите, или коiе се имат само каi македонците по краишчата на нивната таткоина и каi србите, или пак по ниф и каi бугарите; и да от тиiе особини на македонците, као дел от словенцката група народи, наi многоброiни, наi распространени, обшчи за сите македонци, значит, и наi важни сет тиiе особини, со коiи македонците се одличаваат од друзите словенцки народи: по ниф македонците фактически состауваат оддел'на и самобитна словенцка народност, и ако за неа не се гоорит денеска во науката и во катаденниiот разговор; трек'о, причина на тоа игнорираiн'е и затемнуаiн'е на сашчествуаiн'ето на македонцката народност да се криiет во сашчествуаiн'ето во Македониiа името „бугари» во етнографцки значаi и во експлуатираiн'ето со него от страна на бугарите. Исто така, се запознафме со произлезот на името бугарин во вид на етнографцки термин во Македониiа.
Со друзи зборои, ниiе се запознафме до сега со тоа, да состаула, состауат и да можит Македониiа да состауат от себе оддел'на етнографцка iединица.
Сега ни остаат да видиме, али она состауала, состауат и можит да состауат таква iединица во политичен однос?
Во одгоорот на тиiа прашаiн'а, ке требит да се продолжат расудуаiн'ата за народноста на македонците от тамо, каi шчо и остаифме.
Ниiе видофме, оти во Македониiа, името бугарин iет последната метаморфоза во развиiаiн'ето на нашето национално самосознааiн'е и да iет резултат на тоа политично и обшчествено положеiн'е во коiе бефме постаени од завоiуаiн'ето на Балканцкиiо полуостров от турците. На осноа на се тоа, шчо рекоф iас за историiата на националните имиiн'а коiи имаат сменуано iедно друго, као и за причините на тиiа сменуаiн'а, ке возникнат много злоупотреби. Можит, мнозина ке ме осудат, коа србофил. Можит, самите срби на него ке основаат своiите шовинистични претенциiи на Македониiа. Можит наi после, ке експлуатираат србите сето речено за изменуаiн'ето на националното ни име, за да докажат, да македонците никога немале национално самосознааiн'е и не играле никаква' самостоiна историiцка рол'а, а 'сет влизаме само, као суров материiал во државниiот организм на бугарцката или србцката држаа.
Мег'у другото такви недоразбериiи можат да се очекуваат, как от тоа, шчо iас категорично осудиф бугарцката политика во македонцкото прашаiн'е, от коiе
можат да помисл'ат да сум iас бугарофоб и србофил, исто така и од експлуататорцката тактика на балканцките словени во македонцкото питаiн'е.
Србите можат да затрубат, да сет македонците срби, iедно не сет бугари, зашчо така се викале до турцкото доiдуаiн'е на Балкан. полуостров. Исто така, можит, некоiи срби во моiите расудуаiн'а за непостоiанството на народното име каi нас, ке наiдат потврдуаiн'е на мислите на проф. Милованович, коi шчо докажуал во „Дело» да требит Македониiа да се поделит мег'у балканцките држаици, зашчо не предстауала нито географцка, ни етнографцка, ни историiцка целина.
За првото ево шчо можит да се речит: македонците, сите заiедно се викале срби не поеке од педесет години, а во некоiи, и то северните делои, нека сто и сто и педесет, но не и поеке години. Името србин тогаi iет им'ало поеке државна смисл'а и по малу етнографцка. До тогаi и во турцко време го немало каi нас. И ако iет така, то не iет ли шовинистична заслепеност да ни се наврзуат сега нам на сите македонци, па и само на северните наши сонародници, наместо бугарцкото име?
За тврдеiн'ето на, проф. Милованович, да Македониiа не состауала и не состауат географцка, етнографцка и историiцка целина, за коiе, можит, некоiи ке наiдат потврдуаiн'е во моiите расудуаiн'а за изменеiн'ето на националното име каi нас, осем тоа, шчо iет речено, кога одеше зборот за прашаiн'ето, али имат во Македониiа две словенцки народности, ке речам ушче следното:
И ако iет Македониiа состаена од неколку котлоини, разграничени со високи гори, пак она во днешниiот неiн вид имат живеiано оддел'но од Бугариiа и Србиiа, или самостоiен жиот, или под друзи држаи. Тоа iет iасна докажуачка, оти неiната стрек'а не iет зависела само от Србиiа и Бугариiа, и оти високите планини шчо заобикол'уваат македонцките котлоини, ушче не сет таква опасност за заiеднични политичен жиот у нивните жители. Така Македониiа во денешниiот неiн вид до образуаiн'ето на бугарцката држаа, беше iедна полусамостоiна византиiцка област. После она цела, потпадна под Бугариiа. Кога последната падна под Византиiа, Македониiа беше слободна држаа на време и со успеф се бореше против Византиiа и имаше под себе цела денешна Србиiа. После, Македониiа потпадна под Византиiа и во течеiн'е на неколку века во разни неiни делои се дигаа востааiн'а против покорител'ката. Кога се ослободи Бугариiа и се усили држаата на Неманичите, во коiа влезе прегешниiот дел од Македониiа, т. е. денешна Србиiа, она, т. е. Македониiа во денешната неiна големина, ушче остааше византиiцка земiа, каi шчо продолжаваа да се дигаат востааiн'а против Византиiа, за коiи се бараше соiуз и покроител'ство от саседните држаи. После, цела Македониiа влезе во држаата на Неманичите. Во неiа она као да iет била привилигироана и самостоiна во натрешната политика, При крал' Волкашин, Македониiа пак као да се оддел'уат од друзите делои на Неманичеата држаа и као да се состредоточуат около него. Во царуаiн'ето на Крали Марко, она сосем се оддел'уат од србцките земiи и се постаат во особен однос кон турцко-србцките односи и воiни. Во турцко време, она iет на истите осноаiн'а под турцкото владичество. После Берлинцкиiот догоор она iет сама од сите друзи iужнословенцки земiи под Турцко и веке живит таков оддел'ен жиот поеке од 25 години.
Во тоi згорен поглед на историiцките собитиiа н'а Македониiа, се видит, оти горе-долу у сите македонцки котлоини iет iедна и иста историiцка судба, горедолу сите нивни жители имаат особен, одделен историiцки жиот, не ретко самостоiен или пак, закл'учуат во себе обшча борба за политична слободиiа. Ако се приiимит на вид, оти таiа обшча историiцка судба, тиiе обшчи политични борби и самостоiниiот политичен жиот iет удел на iедно исто словенцко населеiн'е и на iеден и исти народ, то ке бидит iасно, оти, тврдеiн'ето да Македониiа не состауала географцка, етнографцка и историiцка целина iет осноано не на деiствител'носта, а на србцките есапи за Македониiа.
Тоi згорен поглед на историiата на Македониiа ми се чинит, не само да покажуат, да ниiе македонците имаме своiа историiа и да сме народ, судбите на коi шчо се разиiале во врска со судбите на друзите саседни нам народи, но и да имат во нашата историiа много самобитно и своiеобразно, као шчо iет да речиме самостоiната Охридцка архиепископиiа, со неiното работеiн'е на полето на народното просветуаiн'е. Исто така тоi историiцки поглед покажуат, да готоо во сите времиiн'а се забележуат силно работеiн'е на народниiо дух на културно-историiцка осноа, резултата на коiа се iауват образуаiн'е на силна македонцка држаа од цар Самуил и богата народна литература.
А ако Македониiа до сега со мали исклу'чеiн'а се iет развиiала оддел'но од Бугариiа и Србиiа, то она можит да чинит и за однапред, ушче поеке, шчо пропагандите: бугарцка и србцка употребуваат сите и дозволени и не дозволени стретства да искоренат во нашиiот народен жиот се самобитно, се чисто македонцко. Самосталното политично развиiаiн'е на Македониiа iет необходност, као нешчо, без коiе ниiе не ке располагаме со доста стретства да се бориме со пропагандите за сочувуаiн'е од ниф нашата национална самобитност.
НАРОДНА ВОЛЈА
Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2011 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!
Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.
Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.
Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!
“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2011 година!
Поезија
ЗЛАТКА ДАМЯНОВА
МЕТАРМОФОЗА
Примерих се вече – разумна съм и кратка.
Щом броя до десет – избягвам всяка схватка!
Над чужди проблеми избягвам да умувам -
вече деликатно не виждам и не чувам!
Макар на характера да не ми приляга –
свикнах да си казвам „това не ме засяга!”
В горещ диспут не влизам и завист не будя –
храня се, почивам, дозирано се трудя!
Не удрям, не отварям ръце за прегръдка –
и подир мен не тича ни вълк, нито хрътка.
Изведнъж се промени – някой отбеляза!
Помислих си тъжно – изведнъж се чупи ваза,
Колко наивно е такова съждение –
бавно се променя човек – за съжаление!
И все - пак си прошепнах – „браво, поумняваш!”
А коренът ме сепна – „нима ще се предаваш!”
1985 г.
ЗАВИСТ
Блестиш ли – все ще се
намери
някой с кал да те замери.
ДАНС
Ганьо успя да пъхне шило
и в новото държавно плашило,
и заля “секретна лава”
цялата объркана държава.
БРАТСКИ ЖЕСТ
Дори когато Ганьо е в агония
пак подлага крак на Македония.
КОГАТО СИ ОТИДА
Посвещавам на моите сънародници от дружество „Македонска мисъл” - Варна
Ако искате
да срещнете душата ми,
когато си отида –
не я търсете на площадите
„Славейков” и „Омония”!
ТЯ
под небето родно ще живее
ведно с душата на народа!
С него ще се бори,
ще плаче и ще пее –
за правда и свобода!
Надеждата й няма да угасне,
а всеки ден
ще крепне и ще расне,
докато дойде краят
на дълголетната
а г о н и я
и на Вергина слънцето
огрее
СВОБОДНА И ЕДИННА
М А К Е Д О Н И Я!
“МАЛЦИНСТВО“
Прав е президентът в свойта пледоария –
в държавата няма „Македонско малцинство!”
Надникнал е явно в архива на България
и разбрал, че сме огромно мнозинство!
Македонија пее
ПИЛЕТО МИ ПЕЕ РАНО НА САБАЈЛЕ
Пилето ми пее рано на сабајле,
рано на сабајле, рано пред зори.
Стани ми, стани, ти млада невесто,
стани ми, стани, коња да спремаш.
Јас ќе си одам многу на далеку,
многу на далеку, в туѓа – туѓина.
Рачај, порачај, ти млада невесто,
рачај, порачај, што да ти пратам.
Дали пари сакаш или писмо сакаш,
или мене ме сакаш дома да дојдам.
Ниту пари сакам, ниту писмо сакам,
само тебе те сакам, дома да дојдиш.
Парите се трошат, писмото се кине,
а, љубовта трае вечно до гроба.
ПРАША ЛИ ТИНКЕ МАЈКА ТИ
Праша ли Тинке мајка ти,
Дава ли тебе за мене?
Не сум ја Ѓорѓи прашала, (џанум)
Синоќа сум ја слушала. (2)
Мама на тате велеше (2)
Ај, да го дајме Тинчето (џанум)
За тој Ѓорѓија бекрија. (2)
Тате на мама велеше (2)
До девет ќерки да имам (џанум)
Една на Ѓорѓија не давам. (2)
Оти е Ѓорѓи бекрија (2)
На вино вади ножеви (џанум)
А на ракија пиштоли. (2)