Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ВИСТИНА И ПРЕСМЕТКИ

Стефан Влахов-Мицов

Едноставниот одговор на тоа прашање е: времето работи за умните, кои притоа се и храбри. Не е доволно само да си умен или само да си храбар. Во историјата има илјадници примери за големи крахови поради комбинациите умен, но плашлив или храбар, но глупав. Освен тоа, има различни категории време. Едно е времето да го разгледуваш низ призмата на човечкиот живот, сосема друго е ако се земат предвид интересите на државата и на нацијата. Една од причините политичарите и државниците да немаат стратегиско мислење е што не одат подалеку од рамките на секојдневието.
Да, државниците, исто така, се луѓе, но кога имаш претензии да раководиш држава, твоето мислење треба да е на нивото на државниот интерес. Нацијата е заедница од луѓе и е поширок поим од државата. Затоа и делови од македонската нација, освен во Република Македонија, живеат по целиот Балкан и во Европа, како и на другите континенти. Животот на една држава, а уште повеќе - на една нација, не завршува со животот на едно поколение. Да не зборуваме за помали периоди од 10, 20 или 30 години.
Накусо, треба да се прави разлика меѓу привремени и трајни интереси, меѓу интересите на различни кругови македонски граѓани и интересите на македонската држава и на македонската нација во целост. Во последните години има обиди тие интереси не само да се изедначуваат, туку социјално-популистички тези да бидат поставени над македонските национални интереси. Нападот врз градителскиот проект „Скопје 2014“ може да биде сметан како „побезболна“ варијанта на социјален популизам. Ајде да градиме станови место споменици! Од гледна точка на краткорочните интереси изгледа ефектно, но стратегиски е глупаво. Добро, денес ќе ја задоволиме потребата на неколку илјади македонски граѓани во Скопје, утре - уште на неколку илјади итн. Секогаш ќе има луѓе со такви потреби и според таа логика, никогаш нема да има модерен главен град. Како што немаше повеќе од половина век. Станови, автомобили со бугарски регистарски таблички (за да биде поевтино), странски пасоши итн., а што се случува со историската меморија на нацијата? Не можеш да велиш дека Скопје нема убав изглед, а во исто време да се противиш затоа што се гради центарот. Ама планот можел да биде подобар. Секогаш нешто може да биде подобро и поубаво. Има многу примери од Европа и од другиот дел на светот кога градски комплекси и историски споменици биле градени со десетлетија и дури со столетија. Но, внимавајте, во континуитет со основните архитектонски решенија.
За жал, во Македонија таков континуитет е илузија. Не само во архитектурата, туку и во политиката. Од таа причина не се создаде македонска држава уште во 19 век, иако имаше идеи за тоа. Најголем проблем на македонското општество отсекогаш беше недовршената работа, половичноста, колебливоста. Ете зошто „Скопје 2014“ треба да биде завршено, какви и да се недостатоците од денешна гледна точка. Ништо не е совршено, но Македонецот треба да научи до крај да ги завршува своите работи. А не да се колеба под надворешен притисок или под внатрешни сомневања. Тоа што денес изгледа како архитектонски недостиг, по половина век на идните поколенија ќе им биде повод за гордост. Времето работи во полза на тој проект и на сите работи поврзани со македонскиот идентитет.
Многукратно пишував дека долгорочно времето работи за македонската кауза. Со уточнување, дека „Господ помага, ама во кошарата не внесува“. Односно, не треба да ги испуштаме историските шанси. Кога гледаме напред, не треба да си ги затвораме очите за тешкотиите додека стасаме до иднината. Инаку, можеме да направиме одлична долгорочна стратегија за Македонија, но македонската држава да пропадне пред да успее да ја реализира. Пример за импозантна, но пропадната стратегија е таа на Мисирков и на Сандански од почетокот на минатиот век. Доколку успееше Младотурската револуција, судбината на Македонија ќе беше поинаква и немаше да биде поделена меѓу нејзините соседи. Против младотурците се испречи и надворешен и внатрешен фронт, а и самите тие не беа созреани за стратегиски промени во Османлиската Империја. Надворешните сили немаа интерес ниту од силна Турција, ниту од обединета Македонија. Голем дел од самите Македонци беа подбуцнати да се борат за „ослободување“, кое практично беше ново и потешко поробување. Што добија Македонците од својата „слобода“, откако едни од нив беа потчинети на Атина, други на Софија, трети на Белград, четврти на Тирана? Во рамките на Османлиската Империја македонската етничка територија беше под една власт. Многу полесно е да се бориш за автономија или за независност против еден господар, отколку со неколку непријатели, кои притоа влегуваат во спогодби против тебе кога тоа најмногу им одговара. Мисирков и Сандански ја заменија својата стратегија со локални тактики, кои пропаднаа. Тоа покажува дека не треба да трампиме коњ за кокошка, дека ако пропадне главната цел, ќе бидеме поразени, какви било тактики да користиме.
Стратегискиот интерес на Македонија е да го зачува уставното име и идентитетот, а животниот стандард на македонските граѓани да биде на средноевропско ниво. Тој интерес е целосно остварлив. За зголемување на животниот стандард не се потребни ниту ЕУ, ниту НАТО. Бугарија и Романија се членки на двете организации, а стандардот им е понизок од други европски држави, кои не се членки. Зошто Грција, која 30 години е членка на ЕУ, има понизок стандард од Словенија, која стана членка пред неколку години? Членството во ЕУ не носи автоматски стандард. Вистина, носи повеќе пари, кои во Грција, Бугарија и во Романија силно се крадат од политичките врвови. Затоа ми се чудни критиките што македонската влада не сакала да влезе во ЕУ зашто сакала да краде. Доколку тоа беше вистина, Владата одамна ќе направеше компромиси какви што бараат од неа зашто токму ЕУ е рај за корупција. Почнувајќи од самиот управувачки механизам во ЕУ, па преку распределбата на еврофондовите и заклучно со отчетот за расходуваните средства на одделни држави. Во последната година, на пример, Бугарија четирипати официјално го менуваше буџетскиот дефицит за фиктивно да го усогласи со барањата на ЕУ. Недостигот од доволно инвестиции во Македонија не се должи на нечленувањето во ЕУ, туку на фактот дека има многу службеници што не си ја вршат работата: едно поради некомпетентност; второ, поради незаинтересираност; трето, поради отворена саботажа.
Политички кругови однадвор и однатре, кои гледаат дека на долгорочен план времето работи за Македонија, прават се за на краток рок да пропадне и да ја снема македонската држава. Затоа тврдат дека ако Македонија не направи брзи отстапки за името (т.е. не почне брзо самоуништување), ќе немала иднина. Ниту во однос на животниот стандард на нејзините граѓани, ниту дури како држава. Социјалниот популизам против „Скопје 2014“, во случајот со името се претвора во целосна агресија, која има цел да ги поткопа основите на македонската држава. Не се случајни обидите за создавање интриги во владејачката коалиција. Лустрацијата е повод да се сетиме на поговорката: „Патот кон пеколот е послан со добри намери“. Стратегиското мислење означува да се донесуваат и да се реализираат закони, кои се во интерес на македонската држава. Не во името на нечии лични, групни или партиски интереси, не во името на некаков си апстрактен хуманизам или демократија, ами во името на Македонија. Лустрацијата ќе биде полезна ако содејствува со зацврстувањето на македонската држава, а не да поттикнува меѓуетнички скандали или спротивставување меѓу самите Македонци. Зошто ви е лустрација, која ќе вади факти од пред 10, 20 или 30 години, што ја заплашуваат македонската држава денес и утре? Тоа не значи да се кријат или да се замачкуваат историските факти, туку да се направи така што нема да им пречи на стратегиските цели на Македонија. На надворешните притисоци и интриги треба да се одговори со внатрешна сплотеност. За разлика од времето пред балканските војни, денес огромен дел од Македонците се единствени за сочувување на својот македонски идентитет. Прогрчките и пробугарските кругови се малцинство и покрај нивните медиумски и политички вресоци. Затоа и обидите за дестабилизација се поврзани со односите со македонските Албанци. Прв услов за одбрана на македонскиот идентитет е да не се дозволи внатрешна дестабилизација на државата. Ниту социјална, ниту меѓуетничка. За вториот е потребно одржување на партнерски односи во владината коалиција и отстранување на сите фактори што ја уриваат. За првото е потребно зголемување на животниот стандард, да се намали невработеноста и повеќе инвестиции. Ако се создаде здрав ред во социјалната и во меѓуетничката сфера, тоа ќе овозможи мирна реализација на долгорочните цели на Македонија.
Директно кажано, внатрешната стабилност е гаранција на македонската држава дека не зависи ниту од НАТО, ниту од ЕУ. Унијата не праќа инвеститори на лента во државите што се членки, ниту, пак, НАТО се меша во внатрешните безредија на Грција, Франција, Германија, Италија и на други. Значи, внатрешната стабилност и безбедност зависи од нашата зрелост и од способностите на власта. Во 2001 година некои македонски кругови, потцртувам македонски, а не албански кругови, сакаа да ја снема Република Македонија. Крајна цел на некои македонски Албанци беше федерализација на Македонија, а во исто време стремежите на некои „Македонци“ беа „да си се собереме со Бугарија“. Подоцна тие успеаја да си ја остварат целта само на личен план земајќи бугарски пасоши. Денес за македонската држава е полесно да ги надмине краткорочни и среднорочните проблеми и предизвици. Зашто, од една страна, македонските граѓани созреаја за стратегиски решенија во името на Македонија. Од друга страна, зрелост демонстрираат македонските политичари и тие од средината на македонските Албанци, од кои зависи успехот на таа долгорочна стратегија. Од трета страна, македонските соседи, кои мечтаеја да си го поделат и единственото слободно „парче“ од некогашна Македонија, се во катастрофална криза. Според Мохамед ел-Ериан, шеф на компанијата „Пацифик инвестмент менаџмент“, која е сосопственик на најголемиот облигациски фонд во светот, Грција, веројатно, ќе пропадне во наредните три години зашто кратењето на буџетот нема да биде доволно за да се намали должничкиот товар на земјата. Во Бугарија, која во последната година и пол се повеќе пропаѓа во изворот на кризата, наскоро ќе се случат интересни работи. Може да бидат дури поинтересни и од тие во зимата на 1997 година. Со два збора, Грција и Бугарија личат на големи дрвја со разјадено стебла, како охридскиот чинар. Тие повремено може да и задаваат тешкотии на Македонија, вклучувајќи ги и преговорите за НАТО и за ЕУ, но нивното пропаѓање е неизбежно. А, тоа значи дека не само на долгорочен, ами и на среднорочен план времето работи за Македонија.

(Авторот е универзитетски професор)
   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај

Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2010 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.

Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!

“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2010 година!


101 години от рождението на Никола Вапцаров
И Л И Н Д Е Н С К А

Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –

Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.

И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.

Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!

Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.

Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.

И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!


Никола Вапцаров


В А П Ц А Р О

Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.
“Ние сме МАКЕДОНЦИ...”
пред нас каза ти смело -
“На Александър потомци,
верни на нашето дело.”
Знаме рзвято ни стана
с патриотизъм кристален,
а за врагът - люта рана
и днес все още коварен.
За трети път на разстрел си,
за трети път оживяваш,
летиш със влака на релси,
своя заряд ни даряваш.
И днес е битка сурова
със върховисти проклети,
които наливат отрова
от чуждо племе наети.
Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.

Димитър Иванов

***

ТРЯБВА мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза...Разбира се, че при един по-сериозен анализ би трябвало да се разгледа битът. . . Не по-малко съществен от него е културният фактор, който ще включва историята, и главно историята и легендата за революционното движение, песни, език и други. ...Ние трябва да познаваме македонската история и най-много историята на национално революционното движение - Илинден, Гоце, Даме.

(Из доклада на Никола Вапцаров пред МЛК, 1938 г.)


Поезија
ЛИДИЈА РАЗМОСКА



“...И МОЛИТВА ВО ПРСТЕН ЗА ВЕЧНОСТ”

Лидија Размоска е родена во Охрид во 1982 година. Има завршено студии по педагогија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како педагог во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Охрид.
Учествува во работата на литературни клубови и други културни институции. Со поезија се има претставено во списанија, а ја има објавено и стихозбирката „Езерска воздишка“ („Макавеј“, Скопје, 2005). Од оваа стихозбирка ги издвојуваме песните „Утеха“ и „Сокриен спокој“.



УТЕХА

Излез во безизлез.
Сонце среде ноќ.

Времето го мерам
со неуморниот часовник
што тупоти.

Цвет расцветан
во зенитната боја
на младоста
среде просторот
облеан со светлина
покажана од белата
површина,
во црна темнина.

Рај на крајот
од завршената мисла
и молитва во прстен
за вечност.



СОКРИЕН СПОКОЈ

Молчелива ноќ на усните
што испраќа зрак
во душата
со мисла
што напати светнува,
напати летнува.
Во прегратката
Се љубат надежта и зборот
прегазувајќи го прагот
на црвената ружа со солзи
на бескрајот.
Миг што го поминува
рајот со возвишувањето
над пепелта,
во ѕвездената ноќ
на неповторливоста.



Македонија пее

СНОШТИ МИНАВ ПОКРАЈ ВАЗИ

Сношти минав покрај вази
тебе моме не те најдов
срце ми се растрепери
почнав солзи да ронам.

Кажи моме вистината
љубиш ли ме, мамиш ли ме
ил’со мен се подиграваш
да ти мине времето.

Сечи моме руси коси
прави скала да се качам
да ти видам бело лице
ем рудото ти грло.

Ах да можам да разберам
була ли си ил гркинка
ил си моме македонка
што си толку убава.

БИСЕР БАЛКАНСКИ

Солзи сами капат прости ми
тешки се ко твојте планини
плаче срце од три страни
што крвави многу години. (2)

Рефрен:

Е е е еј Македонијо
ти си Бисер Балкански
сплоти Пирин Егеј син
со бистри води вардарски.

Само една има вистина
има една Македонија
делете ја парчете ја
пак ќе биде наша најмила. (2)

Рефрен............

Македонци на глас запејте
македонско оро играјте
мајка мила спомнете ја
жива била Македонија. (2)

Рефрен .............. (2)




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting