Жива историја
СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ
(Продолжува од минатиот број)
Многу не ја гледавме, туку ја чувствувавме студената вода како ни навлегува во обувките и во облеката. Пристигнаа некои партизани и ја поведоа колоната кон границата. На неколку километри пред границата партизаните ја напуштија колоната, покажувајќи во која насока треба да се движиме. Пристигнавме до една рекичка и кога се подготвувавме да ја прегазиме, од другата страна се запалија џепни батерии, не осветлија и се слушнаа гласови. Нешто разбравме, нешто не. Меѓутоа, кога ги видовме војниците во убави сиви униформи не фати паника и некои деца почнаа да бегаат мислејќи дека тоа се монархофашистички војници од грчките владини сили. Мирниот глас на војниците делуваше смирувачки. Војниците креваа по едно до две деца в раце и ги префрлуваа на другиот брег, во Народна Република Македонија. Војниците ја предводеа колоната до рано во зората, кога пристигнавме пред селото Долно Дупени. Тука застанавме и ни рекоа да седнеме да се одмориме.
Пред моите очи, како на филмска лента, ги гледам децата и по некоја “мајка”, обземени од умор, студ и глад, легнати по патот, повеќето во ендеците. Како покосени сите заспавме. Кога со големи маки не разбудија, поголемите деца не однесоа во селското училиште. Во една училница на катот, неколку десетици деца легнавме и продолживме да спиеме, греејќи се од една стара ламаринена печка и од нашите тела збиени како во конзерва. Помалите деца беа распоредени по селските домови. Неколку дена се одморивме, ги исушивме алиштата, но стомаците ни беа празни и со нетрпение го очекувавме денот кога ќе легнеме сити. Еден ден повторно се формираа колони од деца. Напред, на воловски коли, беа натоварени малите деца, а поголемите пешачеа до соседното село Љубојно. Тука не пречекаа со парче топол, пченкарен леб. Сега не се двоумевме. Набрзина го изедовме лебот, колку малку да се најадемее.
ЗА ПРВ ПАТ ВИДЕЛЕ ВОЗ, РАДИО, ЛАМБИ...
Во Љубојно, како што раскажува Пановски, ги ставиле во војнички камиони покриени со церади, по што го продолжиле патот за Битола. Таму ги сместиле во неколку училишта. Биле нагостени со тврд пченкарен леб и џем. Невидливи, одговорни луѓе, ги поделиле во групи, без да водат сметка за тоа дали ќе бидат поделени браќата и сестрите или на кое село им припаѓаат и кај која “мајка”. Ги сместиле во воз, нешто што прв пат во животот го виделе. И не само тоа, тука прв пат во животот се соочиле и со други цивилизациски достигнување: електрична енергија, нови кандила и ламби, радиоапарати и друго. Покрај гладот и болката за најмилите кои ги оставиле во глуви и онемени села, тие биле и сосема збунети од тоа што го гледале околу себе. Композициите од возови, долги, со многу вагони од трета класа, патувале кон север.
СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (15)
Ја оставила шестмесечната ќерка во планина
Скопје 12 јуни 2009 (МИМ)
Марика Кокочева е родена во Сакулево, на неколку километри од Битола, на патот за Солун. Таа се сеќава како го мачеле татко и.
- Едно време на влезот во селото доселија просвиги, сиромашни Грци, од југот на државата или од други места (Турција). Веднаш им направија куќа. Татко ми, кој бил чауш во селото, не ги поднесувал и еден од нив го зел и го однел на мостот на реката Елешка кој бил на пругата (Битола - Солун). Му пукнал во воздух го уплашил а тој паднал и се повредил. После овој настан татко ми го зеле во Рамалија, го мачеле да признае, го претепале, му ставале шпици, долго време имаше засирена крв на прстите. Кога го прашав, тој за да не се потресувам ми рече дека прстите му се посинети оти го фатила вратата кога ја затворал.
Јас бев мала, брат ми Трендафил знаеше, знаеја и другите што се случило. По немилиот настан татко ми со помалиот брат Михаил кој беше женет и остави две деца, заминаа на Грамос. Од таму не се вратија никогаш, во војната загинаа двајцата. Ги баравме неколку години и преку Црвен крст и со писма до власта, брат ми бараше да дознае што се случило со татко ми и помалиот брат. Грчките власти официјално и одговорија на тетка ми дека загинале на Грамос. Само тоа успеавме да го дознаеме. И други мажи од нашата голема фамилија загинаа. Во Граѓанската војна од 32 фамилии Дафовци во Сакулево, останаа 18 вдовици со дечињата”, вели Марика.
НА БЕГАЊЕ ПАДНА ВО БУНАР
- Еве како започна прогонот: На 17 јуни 1947 го сардисаа селото, а од селото Грците почнаа да пукаат од подрумите во училиштето, таму беа скриени имаа и митралези. Луѓето од селото почнаа да викаат “Ајде да бегаме”, се собравме, на запрежни воловски коли се качивме, по една фамилија со децата на една запрежна кола, прибравме набрзина што можеше. Ние имавме дуќан во селото, зедовме чоколади - јадевме. Мене ми рекоа, ај ти си голема, оди одзади терај ги овците. Ги терав и така одеднаш паднав во еден сув бунар. Викав, плачев, пиштев, тие напред не можеа да слушнат од ѕвонците на овците. Кога се повлекуваа партизаните дојдоа коњаници кои ме пронајдоја. Еден ми вели: “А бре дете што бараш тука”, “кај се твоите?”. “Ги терав овците и паднав, тие заминаа, не знам кај отидоа”, реков. “Дај ми ја раката” ми рече, ме извади од бунарот и ме донесе кај моите, во Сетина.
НА ДЕСЕТ ГОДИНИ СПАСИ ДЕТЕ
- Снаа ми Олга, од брат ми Михаил, носеше пет деца и некрстената ќерка која имаше само 6 месеци, Џурка, ја носеше в раце. Патот беше тежок, козји патеки, се одеше високо преку ридовите. Испотена, преплашена од страв, од пукањето, жива вода беше. Туку некое време, гледам ја нема Џурка. “Дадо, каде е Џурка?”, прашав. “Ја оставив во ридот крај реката, не можев сите да ги носам”.
- Се вратив, ја најдов, Џурка беше многу повиена, ја расповив, имаше една маичка, ја гушнав, таа плаче, јас плачам - пиштам, одам нагоре по ридот, се ми се чини ќе паднам во реката, во провалијата, а патчето тесно, со дупки и ја донесов пред да стигнеме до границата. За Сетина зборувам. Ме гледаат, го носам бебето и викаат: “Еј гледајте, дете спасува дете”. Јас имав само 10 години, а снаа ми почна да плаче: “Леле, мори, ја зеде”? “Ја зедов ма, а ти ја остави”. “А што да правам, сама ги носам другите. Морав да ги спасувам овие пет душички кои се дојдени први на свет”. Долго време немаше име, а кога дојдовме во манастирот Слепче, во прилепската околија, мене ми дадоа да ја крстам. Така станав кума.
Многупати во животот со Џурка се гледавме, кога и беше тешко ќе ми рече: “Тогаш ме спаси, а сега”.
И ВО ВОЈВОДИНА УЧЕВМЕ ГРЧКИ
Кога стигнавме тука, прво не сместија во манастирот во Слепче, после во Прибилци, па Демирхисарско. Во Прибилци просевме, ни даваа луѓето гравче и лепче. После бевме во Жван, Мургашево... Неколку дена не зеде во Гевгелија кумот Алеко кој работеше на пругата. Одевме по дрва кај реката кога не видоа и свикаа: “Овие да не избегаат за Грција”.
Не вратија повторно во Слепче. Дојде наредба да одиме во Војводина. Не однесоа со товарен воз, ни дадоа куќи од швабите во Гаково и Крушевље. Во куќата имавме четири одделенија, во собите калиеви печки, а во бунарите ја најдовме целата покуќнина што ја оставиле Германците што живееја во Војводина пред да заминат. Можеби верувале дека ќе се вратат. За да учиме ни донесоа учители од Грција, од Булкес. И весници донесоа “Фонитис Булкес” (Глас на Булкес). Таму научив грчки. И сега ја знам таблицата на грчки, ако сакаш да ти ја речам, на македонски можеби нема да ја погодам од одма. Во Војводина ни српски не учевме, ни македонски. Само грчки. Таму имаше и улици со грчки имиња, а и нашите ги претопуваа. А имаше и случај еден брат да е Македонец, другиот да се кажува Грк.
“Пак ли и тука грчки ќе учиме”, се бунеа нашите во Војводина. Ако ја сакате Македонија, треба назад да се вратите, да се борите, а тие над 18 години да служат војска.
Пред да избегаме од Сакулево по пругата со децата одевме на училиште во Битола, а таму учевме на бугарски, немаше никаква граница а беше воено време. Кога бев многу мала во Сакулево, одевме в црква на секој голем празник - за Божик, за Водици, за Велигден. Поповите пееја на грчки. Знам и псалми на грчки јазик. Надвор од црквата поповите со народот зборуваа македонски. Тие беа наши, само претходно беа пратени на школо, за да пеат и да проповедаат на грчки. По осумнаесет месеци не вратија и ни рекоа дека ќе сме ја ослободувале Македонија. Ништо од тоа. Се вративме во село Славеј, прилепско. Таму се отвори задруга. Ние, Егејците направивме штали, се купија крави, телиња, коњи. Збиравме и тутун. Ако не нанижеш 13 низи не се следуваше детски додаток. Така за детскиот додаток макотрпно работевме. После таа работа ми ја запишаа како стаж за пензија.
Брат ми Трендафил беше добар бербер па се преселивме во Скопје. Ни овде не ни беше лесно. Бараа да земеме државјанство. Синот на Трендафил, Никола, го бараа да оди војска. Ако не одиш војска ти го земаа станот. Два пати стан ни дадоа, два пати ни го зедоа. Го молевме, главниот да не го зема внукот во војска за да помага како машка глава во Мичурин, каде живеевме во една стара зграда. Ја викавме Чеганската зграда. Во кујната спиевме 14 души и тоа ни го зедоја. Не дозволуваа, ние, Егејците да бидеме на едно место. Поради тоа многу од нашите заминаа во Австралија и во Канада. Да не беа тие притисоци, тука ќе бевме сите, поблиску до границата со родниот крај.
НАРОДНА ВОЛЈА
Абонирайте се за вестник “Народна воля”
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2010 година. Вестник “Народна волja” и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, “Народна волja” ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на “Народна волja” ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!
Абонирайте се за вестник “Народна воля”!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.
Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на “Народна волja” - телефон 073/886-336!
“Народна волja” ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
“Народна волja” ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
“Народна волja” ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.
Краен срок за абониране - 15 декември 2010 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника “Македонско сонце” в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник “Народна волja”! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!
“Народна волja” - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник “Народна волja”!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2010 година!
101 години от рождението на Никола Вапцаров
И Л И Н Д Е Н С К А
Вината не бе наша.
Вината беше чужда
и другиму тежи
стотонна отговорност.
Когато дойде ден,
когато стане нужда,
ний всичко ще разкажем
на майката история. –
Започнаха със мръсните ръце
да пипат във душите на народа.
Гневът бе толкоз много накипел,
че не съзряха вълчата порода,
муцуните под овчите им кожи,
престъпната и плитка лицемерност.
Но идат дни, когато ний ще можем
да хвърлим кал във мутрите им черни.
И бунта почна.
Нямаше защо
да вдигнеме ръце,
да изостанем.
Ала
с кръвта
на простия народ
в Илинден влехме
наше съдържание.
Какво ще кажете за тази новина,
ще търсите ли тука руски рубли? –
Във Крушево бе феодална власт
и що за скок –
градят сега република!
Те беха също като нас младежи.
Досущ каквито тук сме сбрани ние.
И биха се,
и мреха във метежи,
тъй както утре
ще умреме ние.
Не хленча аз, че буря ги обрули.
Израстват други в димните пожари.
Погледай тук – това е Питу Гули,
а ти, наверно си... Никола Карев.
И ако трябват лозунги – добре! –
ще вдигнеме плакати до луната! –
Свободна искаме,
не щем,
не щем протекторати!
Никола Вапцаров
В А П Ц А Р О
Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.
“Ние сме МАКЕДОНЦИ...”
пред нас каза ти смело -
“На Александър потомци,
верни на нашето дело.”
Знаме рзвято ни стана
с патриотизъм кристален,
а за врагът - люта рана
и днес все още коварен.
За трети път на разстрел си,
за трети път оживяваш,
летиш със влака на релси,
своя заряд ни даряваш.
И днес е битка сурова
със върховисти проклети,
които наливат отрова
от чуждо племе наети.
Ти и днес агитираш,
ти палиш отново сърцата
и мъртъв сили намираш,
да пазиш на Гоце земята.
Димитър Иванов
***
ТРЯБВА мъжки да се захванем. Какво всъщност се иска от нас? Много, особено много. Най-много от нас, които сме събрани тук. Ние сме македонци. И нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза...Разбира се, че при един по-сериозен анализ би трябвало да се разгледа битът. . . Не по-малко съществен от него е културният фактор, който ще включва историята, и главно историята и легендата за революционното движение, песни, език и други. ...Ние трябва да познаваме македонската история и най-много историята на национално революционното движение - Илинден, Гоце, Даме.
(Из доклада на Никола Вапцаров пред МЛК, 1938 г.)