Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Договор меѓу МВР на Р Бугарија и МВР на Р Македонија
ВО ЗАЕДНИЧКА БОРБА СО КРИМИНАЛОТ
(Преземено од МИМ)
Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Гордана Јанкуловска и Цветан Цветанов, на граничниот премин на македонско-бугарската граница Деве Баир и Ѓуешево вчера потпишаа Договор за отворање заеднички контакт-центар за размена на полициски информации во делот на борбата со криминалот.
Канцеларијата е сместена на бугарската страна, поточно на граничниот премин Ѓуешево, каде што воедно беа потпишани и повеќе меморандуми за соработка со царините, реадмисија, корупцијата, борба со организираниот криминал, дрогата, трговија со бели робје и за внатрешни контроли на министерствата за внатрешни работи на двете страни.
- Со потпишувањето на Меморандумот се отвораат нови перспективи меѓу двете држави со што се подобрува и генералната слика за соработка на двете страни, изјави Јанкуловска.
Таа додаде дека отворањето на заедничката канцеларија ќе има посебно значење во подобрување на соработката во борбата со криминалот и корупцијата и дополнителна алатка за сузбивање на овие негативни појави. Според Јанкуловска ова е прв контактен мешовит центар за Македонија и добро искуство за отворање вакви центри со другите соседни држави за подобро менаџирање во борбата со криминалот.
Цветанов рече дека заедничкиот контакт центар ќе работи 24 часа со заеднички мешовити полициски екипи, а во борбата со криминалот ќе бидат вклучени и царинските служби. Мешовитите патроли ќе дејствуваат до 30 километри длабочина и на двете страни.
- Денес со мојата колешка Јанкуловска потпишав и Договор за реадмисија и Спогодба за внатрешна контрола на министерствата за внатрешни работи во борбата со корупцијата. Со подобрување на контактите и соработката на двете земји посебно во областа на либерализација на визниот режим, а од денес и во борбата со криминалот и корупцијата, овозможени се наши перспективи и во други сегменти, а потврда е и придонесот на нашата земја за поддршка на Република Македонија за влез во европското семејство, додаде Цветанов.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ
Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.
Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.
Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:
МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.
Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.
Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!
Димитър Иванов
Македонија пее
ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА
Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата
Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува
Рефрен:
Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа
Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен
До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме
Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува
Рефрен...
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting