Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција
ПОЛИЦИСКО ПРЕБРОЈУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ВО БУГАРИЈА
Проф. Стефан Влахов-Мицов
Пред почетокот на пописот во Бугарија многу граѓани се вознемирија дека може да се злоупотреби информацијата што државата ја бара од нив. Успокојувачките уверувања дека податоците се само за статистиката уште повеќе им го засилија стравот. Зашто во последните 20 години бугарските граѓани разбраа дека зборовите на власта имаат обратно значење. Ако нешто се демантира, тоа значи дека е вистински факт. Притоа, статистиката во Бугарија секогаш била во функција на власта. Првите пописи на населението се правени во 1880 и во 1892 г. но, официјалната статистика е од 1900 г. Причината е во тоа што по ослободувањето се правеле етнички чистења, кои требало да бидат скриени. По обединувањето на Кнежевството Бугарија и Источна Румелија, во новата држава етничките Бугари се само 52, 31% и дури во 1926 година, според статистиката, станале 83, 2% од населението. Неодамна, шефот на Институтот за статистика беше сменет, иако беше на почетокот од неговиот мандат. Причина: објавените повисоки проценти на инфлација. Пред неколку месеци, тројца заменици на актуелната шефица Маријана Коцева беа отпуштени. Причината за тоа беше електронската варијанта на пописот, во која фигурираа етнички определби: „Македонец“, „Помак”, „Гагаузин“ итн. Определби кои, забележете, самите граѓани ги дадоа за себе во претходниот попис од 2001 година. Во Бугарија повеќе од 130 години населението нема право да самоопределување. Државата се „грижи“ да каже кој каков е и да определи квота за официјалните малцинства Турци и Роми. Тие, практично, не се водат како малцинства, ами како етнички групи, зашто Бугарија не признава статус „национално малцинство“.
Според пописот од 2001 г. Турците биле 746. 644, а Ромите 370. 908. Објективно, вкупниот број на тие два етноса не е помал од милион луѓе. Во 2010 г. некои невладини организации објавија, а властите потврдија, дека на 48% од учениците во Бугарија бугарскиот јазик не им е мајчин јазик. По тој повод се спроведоа силни кампањи дека Бугарите, како етнос, ќе исчезнат. На почетокот од сегашниот попис и министерот за образование Сергеј Игнатов објави дека половината од учениците се од малцинствата. Потоа власта разбра дека со такво признание токму во време на пописот, прави голем гаф, па министерот повторно објави дека не знаел дали е вистинска информацијата што самиот ја соопшти. Само, еве уште еден официјален факт. Во 2010 г. во Бугарија се родиле 124 илјади деца, од кои, според статистиката, 71 илјада биле Бугарчиња, т. е. едвај 57%.
Накратко, статистиката во Бугарија е подложена на неверојатен притисок. Од една страна, таа треба да дава позитивни податоци за економијата, за намалување на невработеноста итн. Од друга страна, да манипулира со податоците за етничките малцинства, а од трета - да ја поддржи власта кога испраќа манипулирани податоци во ЕУ за животниот стандард, за бруто домашниот производ, за надворешниот и за внатрешниот долг на државата. Разликата од претходните години е што тогаш Националниот статистички институт беше оружје на владата, а денес е под директна контрола на МВР. Тоа е така зашто самата држава е под контрола на Министерството за внатрешни работи. Во таква ситуација не е ни чудно што прашањата на кои треба да одговорат бугарските граѓани при пописот заличуваат на полициски извештај.
Најсмешни и најинтересни се уверувањата дека личните податоци и информации што ги даваат граѓаните нема да бидат искористени против нив. Во исто време се вели дека за лажни податоци тие сносат одговорност. Е, како може да се дознае дека некој човек дал лажни податоци, ако тие не се проверат? Значи, тоа што го изјавуваат граѓаните ќе биде издвоено и проверено, што веќе не е статистика, туку полициско, судско, даночно истражување. Инаку, луѓето не ќе беа задолжени да го пишуваат својот единствен матичен број, трите имиња според пасошот и адресата, а ќе беа третирани како анонимни статистички единици. Со два збора, пописот во Бугарија истовремено има неколку цели. Прво, да го фалсификува делот за етничките малцинства од населението. Од таа причина, надвор од графите „Бугари“, „Турци“ и „Роми“ има само уште една - „други“. Со тој потфат статистиката сака да го сокрие фактот за големото етничко разнообразие во Бугарија, што нанесува удар врз тврдењата за еднонационална држава. Важно е и друго: по традиција во формулјарот не се споменува ,,етничко малцинство”, а пишува ,,етничка група”.
Во деновите пред почетокот на пописот, во Благоевград беа уапсени Стојан Николов, сопственик на печатницата во која се печати билтенот „Македонски глас“ и еден негов работник. Апсењето е извршено на типичен бугарски начин. Без решение за апсење и без официјален мотив. Полицијата во Благоевград одрекува за апсењето. Следствено, станува јасно дека тоа го извршиле агенти на ДАНС (Државна агенција за национална безбедност). Таа организација е под контрола на МВР и на министерот за внатрешни работи Цветанов. Доколку МВР ја управува државата, ДАНС дејствува како на времето ВМРО на Иван Михајлов во Пиринска Македонија. Според лидерот на ОМО „Илинден’’-ПИРИН, Стојко Стојков, полицајците не само што влегле незаконски во печатницата, не само што незаконски ги уапсиле газдата и неговиот соработник, не само што незаконски конфискувале 2. 500 примероци од билтенот „Македонски глас“, туку не оставиле документ за таа конфискација. Многу јасно е зошто. Кога ќе одземеш нешто незаконски, нема како да оставиш официјален документ дека си го зел. Притоа, целокупниот конфискуван тираж на билтенот не е вратен и веројатно е уништен.
За таа незаконска акција бугарските медиуми, вообичаено, не кажаа ниту еден збор, но во меѓувреме објавија дека ОМО „Илинден’’-ПИРИН пуштила летоци со провокативна содржина во Благоевград и во Пловдив. Заради тоа, пак, од ВМРО - Каракачанов и компанија објавија дека ќе го известат обвинителството. Всушност, станува збор за едно единствено обраќање, потпишано од ОМО „Илинден’’-ПИРИН, ТМО-ВМРО (независна) , Македонското христијанско братство „Св. пророк Илија“, Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, Културно-просветното здружение „Никола Вапцаров“, КПД „Цар Самуил“, КПД „Илинден“, весникот „Народна волја“, билтенот „Македонски глас“. Ајде да видиме што е „провокативно“ во тоа обраќање со наслов „Граѓани на ЕУ, Македонци“, поради што скокнаа во ДАНС и во бугарските медиуми. Еве го почетокот на текстот: „Почна ново пребројување на населението во Р. Бугарија. Тоа е можност јасно да кажеме кои сме и како се чувствуваме. За оние од нас, кои се чувствуваат и се самоопределуваат како Македонци, тоа е единствена шанса. Можност да кажеме дека не има, дека постоиме, дека сме Македонци! Можност да ја побиеме официјалната лага дека македонски народ, нација, малцинство - нема. Сега ни даваат збор и секој од нас има можност да ја каже вистината! Ние сме лојални граѓани, но сме и Македонци. Ние сме Македонци, како нашите татковци, како дедовците наши. И не се плашиме да го истакнеме тоа... Никој нема право да ни кажува кои сме и какви сме! ...Ако сме Македонци - треба да се запишеме како такви“. Понатаму во обраќањето се цитирани членот 21 за недискриминација од Повелбата на основните права на Европскиот сојуз и членот 5, алинеја 4 од Уставот на Р. Бугарија. Првиот член ја забранува секоја форма на дискриминација на националните малцинства, а вториот посочува дека меѓународните договори, потпишани и ратификувани од бугарската држава, стануваат дел од внатрешното право и имаат приоритет над внатрешното законодавство.
Во погоре цитираното Обраќање не само што нема ништо незаконско, не само што нема ништо провокативно, напротив, тоа е модел на европски однос и во сферата на пребројувањето. Обрнете внимание на изразите „За оние од нас, кои се чувствуваат и се определуваат како Македонци“, „Ако сме Македонци - треба да се запишеме како такви“. Односно, никаде во Обраќањето не се испраќа повик за „македонизација“, како што пишуваа бугарските медиуми. Станува збор за тоа секој да се определи онака како што се чувствува. Ако наместо изразот „Македонци“, во Обраќањето се напишеше „Италијанци“, „Французи“, „Германци“ итн. тоа ќе беше искористено во пописот во секоја држава од ЕУ. Ако го споредиме тоа Обраќање со шовинистичките повици, кои секојдневно се лиферуваат во бугарските медиуми, јасно ќе се разбере дискриминаторската политика на бугарската држава.
Пред извесно време цела Бугарија беше посеана со лозунгот „Биди Бугарин“, по неколку пати во годината граѓаните се повикуваа „Изберете бугарско“ во однос на разни производи. Таквите обраќања имаат императивен, заповеден карактер. Но, нив бугарската држава и пропаганда ги смета за нормални, за такви што не ги навредуваат чувствата на граѓаните. А, ете, Обраќањето на неколкуте македонски организации ги навредувале тие чувства. Во почетокот на пописот бугарските медиуми се пофалија дека Бугарија била првата држава во Европа во која почнува таков попис и дека за прв пат пописот ќе бил според европски модел.(Европски модел ли е терминот ,,етничка група” наместо малцинство?!) Всушност, единственото европско во тој попис е односот на македонското малцинство во Бугарија. Обратно, и дејствата на бугарските власти, и самата анкетна листа за пописот се далеку од европските норми за цивилизираност и толерантност. Второ, надвор од манипулацијата со етничките малцинства во Бугарија, целта на пописот е да се изврши притисок врз сите бугарски граѓани. Од нив се бара не само да изјават колку им е голем станот во кој живеат, бројот на собите, опременоста и сл. туку и какви гаќи носат. Тоа е идеална можност за извршување кражби по домовите. Уште повеќе што за попишувачи се ангажирани 55 илјади луѓе, примени според целосно нејасни критериуми. За успокојување на граѓаните беше објавено дека меѓу попишувачите ќе нема полицајци, луѓе од општините, од даночните и од судските органи. Само што нема независен орган кој ќе надгледува и ќе контролира дали се запазува тоа правило. Исто така никој не знае колку од попишувачите се криминално обележани лица. Самите попишувачи дале заклетва дека нема да разгласуваат за виденото. Тоа е бош работа.
Освен тоа, оставаат пополнета пописна листа со информација за секое домаќинство. Тие требало да бидат уништени три години по пописот. Значи, официјално, три години државата ќе има можност да располага и да ја манипулира целата информација за граѓаните. Особено индикативни се прашањата поврзани со местото каде што работат луѓето. Тие треба да го опишат „подробно“ (така е запишано) местото каде што работат, изворите на доход, кој од нив е основен итн. Ако граѓанинот работи во фирма, треба „подробно“ да ја опише дејноста на фирмата. Шеесетте прашања во пописните листи се такви што даваат можност за дискриминација на граѓаните и за семожен притисок врз нив. Институтот за статистика објави дека прашалникот е направен според препораките на ЕУ. Доколку беше така, требаше самиот прашалник да го објави во оригинал и во превод на бугарски јазик.
Стравот од попишувачите ги тера граѓаните да ја прифатат електронската варијанта на анкетната листа. На тој начин, пак, луѓето се подложни на дополнителен притисок. Зашто пред попишувачите граѓанинот може да каже дека не се сеќава на судската регистрација на фирмата во која работи, но во електронската верзија, доколку не одговори, не може да помине на следното прашање. Значи, не можат да се поштедат од непријатностите со попишувачите. На тој начин, не само Институтот за статистика, не само попишувачите, туку и електронската техника е впрегната во механизмот за притисок и за манипулација. Во време на социјализмот најпопуларен беше лозунгот: „Се во името на човекот, се за доброто на човекот“. Денешната формула е: „Се во името на дискриминацијата, се во името на шовинизмот“.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
139 години от рождението на Гоце Делчев
ГОЦЕ
Символ на гордост и слава,
ореол божествен ни стана.
Недостижим и близък остава
и лек, и песен, и рана.
Ти, Гоце, во нас си в сърцето,
ти брат си и син си любими,
ти знаме ни стана, което
е огин в студените зими.
Со песните секой те знае,
на орото рамо до рамо
и сърцето чука, не трае
едно име носиме само:
МАКЕДОНЕЦ и нищо друго
никой не може да ни каже,
бугарин, србин и гърко
не може нас да излаже.
Запей песна, майко мила,
стара песна, македонска,
за воините на Самоила,
за земята ни исконска.
Дур до Кукуш да се чуе
в бащина му стара кука,
дедо зурла да надуе,
тапан до небо да чука!
Димитър Иванов
Македонија пее
ДА НИ Е ЖИВА ПЕСНАТА
Тагата се распослала
Легнала ми натежнала
И си ја барам песната
што ми е мелем за душата
Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песна не весели
Со неа векува
Рефрен:
Да ни е жива песната
Песната еј македонска
Срцата што ги разпеа
Душите што ги огреа
Да ни е жива песната
И мојот народ намачен
Запеј му песно запеј му
Да не го видам разплачен
До кај што свети сонцето
До таму ни е народот
А ние што останавме
Песната им ја праќаме
Еј каков народ сме
Од бога создаден
Песната не лекува
О неа векува
Рефрен...
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting