Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО БУГАРИЈА - ПРВОАПРИЛСКА ШЕГА

Проф. Стефан Влахов-Мицов


Човековите права во Бугарија се како пенисот на комарецот - мора да постојат, ама никој не ги видел. Тој недостиг е стара традиција, поврзана со суштината на бугарското општество, а не со привремените идеолошки или политички режими. Правата се регулираат преку законите, кои треба да бидат во интерес на сите граѓани. Отсекогаш, впрочем, бугарското општество било следено од конфликти, дури и кога не постоела бугарската држава.

Оттука и законите во Бугарија отсекогаш им служеле на едни за сметка на други. Разделувачките линии се и на социјална и на политичка и на етничка и на религиозна основа. Проблемите во социјалната и во политичката сфера се струполуваат врз етничките и врз религиозните малцинства според принципот клинот со клин се избива. Затоа и светската финансиска и економска криза создадоа шовинизам и ксенофобија, кои се повеќе го обземаат европскиот континент. Во држави како Бугарија, каде национализмот е основен фактор, кризата стана причина да се скастрат и последните остатоци од човековите права. Не станува збор само за правата на малцинствата, зашто шовинизмот е еднакво опасен и за сите бугарски граѓани. Под неговото знаме се нарушуваат правата на сите. Единствената разлика е што на етничките Бугари им е дадено „правото“ да ги компензираат неправдите во однос на тие со говорни и со физички недостатоци над етничките и религиозните малцинства. Бидејќи на тој фалшив начин се чувствуваат привилегирани, а државата - своја наместо маќеа. За влошувањето на човековите права во Бугарија во последните две години има и политички причини. Тука управува влада на малцинството на ГЕРБ, која се смета за десноцентристичка и умеренонационалистичка формација. За да си ја задржи власта, таа смета на парламентарна поддршка на крајно националистичката партија „Атака“. Поинаку кажано, националистичкиот популизам карактеристичен за двете партии, наоѓа опасна правна и законска регулација во навреда на целото општество. Во таква ситуација, не е случајно што годишните извештаи на Бугарскиот хелсиншки комитет (БХК) се се пообемни и се повознемирувачки.

На 31 март годинава БХК го објави последниот извештај „Човековите права во Бугарија во 2010 година“. Тој претставува обемна брошура со 48 страници, на голем А4-формат и основниот извод во него е: „Состојбата се влоши во многу сфери, но особено со правата на етничките и на религиозните малцинства, заштитата од притисок во личниот живот преку произволно прислушување на разговорите и следење на електронските комуникации на граѓаните од службите за безбедност, независноста на судската власт и правичниот процес и користењето на сила, помошни средства и огнено оружје од полициски работници. Подобрување има единствено во сферата на заштитата на правата на децата“. Обратете внимание, од 16 делови во кои се бележат човековите права само во едно има напредок, а во останатите се регистрира категорично влошување. БХК цитира факти, од кои на човека му се крева косата на глава и почнува да размислува дали тие податоци не се земени од некоја африканска или латинскоамериканска диктатура. Нејсе, тоа е Бугарија, членка на ЕУ и НАТО и кандидатка за шенгенската зона. Уште позастрашувачки од многубројните примери за одземени и прекинати човечки животи е приодот на бугарската држава и на нејзините институции. Практично, Бугарија ја откажува соработката со меѓународните органи за заштита на човековите права, кои само во 2010 година неколку пати испраќаа остри критики. На четврти ноември лани, во време на периодичниот преглед за Бугарија во Советот за човекови права на ОН и беа испратени 113 препораки, поврзани со дискриминацијата на ромското и на другите етнички малцинства, примената на сила од државните органи, говор на омраза, расизам и ксенофобија итн. Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур донесе рекорден број решенија против Бугарија - 71. Кон крајот на 2010 година се покажа дека државата е со најголем број неисполнети решенија на судот меѓу земјите-членки во Советот на Европа. На седми октомври лани комесарот за човекови права испрати писмо до премиерот Борисов со конкретни прашања за дискриминацијата на Ромите, неисполнетите решенија на судот во Стразбур, бруталното мешање на државата во внатрешните работи на муслиманската заедница и слободата на мирно собирање и здружување на Македонците. Во својот одговор бугарскиот премиер отфрли секаква можност за промена. Бугарскиот хелсиншки комитет констатираше дека „Во однос на слободата на мирно собирање и здружување на Македонците премиерот потцрта, во една од најфлагрантните лаги пред меѓународните институции во периодот на демократскиот преод, дека нивната слобода за мирно здружување целосно им е гарантирана, а ОМО “Илинден” и ОМО “Илинден” - Пирин дури „добиваат поддршка од власта“ кога организираат социјални и културни настани. БХК наведува низа разобличувачки факти за дискриминацијата на македонското малцинство во Бугарија. Таа дискриминација се остварува во две форми: помека и побрутална. По критиките на европските институции и пресудите на судот во Стразбур, бугарските власти веќе дозволуваат поединечни пројави на македонските организации. На 12 септември 2010 година градоначалникот на Благоевград дозволи да се положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, по повод Денот на геноцидот врз македонскиот народ. Забележете, тоа се случува на споменикот на Гоце, зашто власта ни на сон не допушта подигнување на посебен споменик за стрелањето на Македонците во 1924 година. Освен тоа, полицијата не им дозволува на Македонците што положиле цвеќе да се самоидентификуваат како такви. По полагањето венец на споменикот, ја симнале лентата од него, на која е напишано името на една од организациите (ОМО “Илинден”). Полицијата, чија официјална цел е да го обезбедува чествувањето, практично го оневозможува и испраќа закани кон учесниците во него. БХК посочува дека од ДАНС (Службата за државна безбедност) им кажувале на организаторите дека ќе ги уапсат и ќе ги претепаат. Чествувањето на годишнината од убиството на Јане Сандански исто се попречува од бугарските власти. Формално, тоа не е забрането, но на учесниците не им се дозволува да отидат до гробот на македонскиот револуционер кај Роженскиот манастир. Затоа овогодишниот семакедонски собир на 17 април ќе се организира во градот Мелник. Ќе спомнам дека на минатогодишното чествување, на македонските новинари и на телевизиските екипи не им беше дозволено да присуствуваат, а претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров и претставниците на Матицата на иселениците не ги пуштија ниту да влезат во Бугарија. Бруталната дискриминација врз македонското малцинство се остварува не само по откажувањето да биде востановена судска регистрација на ОМО “Илинден” - Пирин, ами не прифаќаат да се регистрираат здруженија со неполитички цели. БХК го наведува примерот на Благоевградскиот окружен суд, кој одби да го регистрира Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, чија цел е собирање спомени и материјали за репресираните Македонци и за македонското наследство, како и давање правна помош на репресираните. Во минатите десетлетија голем број Македонци беа репресирани, вклучително со принудно интернанирање и затворање. Според донесениот Закон за репресираните бугарски граѓани во време на тоталитаризмот, тие имаат право на парично обесштетување. Судот, значи, им го одзема правото на здружување со мотив дека „ја засегнува целокупноста на бугарската нација“, а регистрацијата на здружението доведувало до заблуда, „со тоа што содржи политички, етнички и националистички поттекст“. И Софискиот апелациски суд на 14 јули ја потврдува одлуката на Благоевградскиот суд со смешен и циничен мотив, дека целите на здружението противречеле на членот 6, алинеа 2 од Уставот, кој ги забранува привилегиите врз основа на националност, етничка припадност и потекло. Произлегува дека да бидеш репресиран Македонец во Бугарија е привилегија, која не може да ја користат репресираните, ниту пак може да се здружуваат. Противречно на погоре кажаното, судот допушта дека во Бугарија „нема посебен македонски етнос, а дел од посочените цели во уставот на здружението создадат впечаток таков етнос постои, и е малцинство“. Значи, според судот, постоењето на еден етнос не зависи од самосознанието на граѓаните, туку од судските решенија. Така, судот признава дека ги определува односите во Бугарија по административен пат, што го доведува под сомнение и бугарскиот етнос. Освен тоа, каква нација е таа чија „целост“ треба судски да се брани? И кој му дава право на судот во бугарската нација да вклучува Турци, Роми, Македонци, Руси и други етноси, против нивната волја? Сличен принцип за „единство на бугарската држава“ користат судиите и при обидите за формирање Здружение на Помаци-муслимани особено при создавањето на партијата Муслиманодемократски сојуз од Росен и Атанас Јорданови, познати како „браќата Јузеирови“. БХК ја посочува политичката и медиумската хистерија по тој повод (со учество на премиерот и на претседателот) и осудувањето на браќата од судот со мотив дека нивната партија „ги става на испит Уставот и законите во државата“. Излегува дека бугарскиот Устав и законите не треба да ги изразуваат интересите на населението, ами обратното - тоа население да ги коригира своите интереси според законите во тој момент. Тоа е жесток доказ за дискриминацијата на бугарските граѓани од државата.

Ете зошто не е чудно што правосудните органи ги газат сите човечки права. Почнувајќи од правото на живот, личната слобода и безбедноста, правото на изразување и пристап до информации, се до заштитата од измачување, нечовечко и понижувачко однесување во местата за лишување од слобода. Парадоксален е фактот што во 2010 година бугарската Влада и најмногу вицепремиерот и министер на МВР, Цветанов, непрекинато го напаѓа судскиот систем со обвинување дека им пречи во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Во практика, бугарскиот суд е верен сојузник на МВР при ограничувањето на правата на граѓаните. Одбивањето да се регистрираат здруженија на етничките малцинства и мешањето во работата на муслиманската вероисповед е само дел од тој сојуз. Судиите некритички ги исполнуваат барањата на МВР за користење на специјални разузнавачки средства (СРС) против граѓаните и нивната употреба скокна со 300 проценти. Судиите ги оправдуваат припадниците на МВР, кои по улиците тепаат луѓе, ги измачуваат или директно ги убиваат во полициските установи. Само во минатата година судот во Стразбур ја осуди Бугарија за седум такви дела за одземање човечки живот. Полицајците - убијци, сепак, нема да отидат во затвор, зашто се оправдани од бугарскиот суд. Притоа, не тие, туку даночните обврзници ќе ги плаќаат обесштетувањата на семејствата на убиените. Таква е бугарската практика.

(Авторот е универзитетски професор)

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Преди 108 години, на 4 май 1903 г., край село Баница, Серско, загина в сражение с турския поробител един от най-големите синове на Македония - Гоце Делчев.
Останаха безсмъртни думите му: “Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите!”

Македонија пее

ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ

Црна се чума зададе
там' долу в Македонија,
там' долу Демир Капија.
Кој ќе се јунак избере
чумата да ја пропади?
Избрал се јунак, изнашол
млад Делчев, Гоце војвода,
тој појде в Македонија
чумата да ја пропади
од жална Македонија.
Темен се облак зададе
там' долу в Македонија,
там' долу Демир Капија.
Дали се црни облаци,
дал' ми се Турци поганци?
Не ми се црни облаци,
нит' ми се Турци поганци,
тук' ми се одбор комити,
ранет ми јунак носеа,
ранет ми јунак, млад Делчев,
со куршум в срце пронижан.
Делчев дружина говори:
"Дружино верна, зговорна,
кога ќе утре минете
низ моја града Кукуша,
мајка ми ќе ве пречека,
за мене ќе ве попита:
"Дека е Делчев војвода?"
Вие ќе нејзе кажете:
"Млад Делчев ти се посврши
за црната земја робинка,
за жална Македонија."


ГО фАТИЛЕ КЛЕТИ ТУРЦИ

Го фатиле клети турци
едно моме најубаво,
го фатиле клети турци, клети турци,
најубаво во селото.

Му врзале двете раце,
двете раце наопаку,
му врзале двете раце, двете раце,
двете раце наопаку.

Кажи, кажи, лично моме,
кај се крие Гоце Делчев?
Кажи, кажи, лично моме, малој моме,
кај се крие Гоце Делчев?

И да умрам клети турци,
јас за Гоце не кажувам!
И да умрам, да загинам, клети турци,
јас за Гоце не кажувам!


Поезија

ВРЕМЕ Е...

(до грчките творци под истиов ни свод)

Патници сме низ духот и просторот без крај
и ништо не вреди повеќе од нашите траги...
По нив ќе не’ препознаваат живите
кога ќе се идентификуваат по духот и по трагите свои
оти, и тие ќе чекорат низ оваа шир.
Ајде, тогаш, денес да се препознаеме по зборот, по думата,
оти, запишано е за нас дека сме Словото и Зборот
со кои се обликува Љубовта.

Време е да прозбориме за Љубовта.

Љубовта која ќе не’ препознае ко’ браќа и сестри
со Крст и Кандило во рацете…
И да велиме како светиот апостол Павле:
“Да зборувам на сите човечки јазици,
па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ништо не сум…
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее…”
Љубовта останува за да се стремиме кон неа.
И, еве, ко’ патници судбата сретение ни носи…
оти браќа и сестри сме од љубов неовоземска создадени,
за да бидеме Црква и Литургија,
за да бидеме Храм за Евангелието.
А невидени, непрепознати, одродени чекориме.
Затоа, елате браќа и сестри во домов мој
да си згреете души свои по долгиот пат изоден.

Судбата сретение ни носи…

Ако, пак, повеќе сакате јас да дојдам при вас,
отворете ги Светите Двери ширум
Светлината да ја видам кон Светиот Олтар што води.
Ако, пак, Клучот се’ уште Сатаната го таи,
да & се препуштиме на Љубовта, браќа и сестри мои,
и да го запалиме згаснатиот факел на Олимп,
нека блесне светлина божествена на сиот простор,
да го изгониме Ѓаволот - оној кој што не’ раздели
како Каина и Авела, едноутробните;
и да зборуваме за Љубовта, та дури и јазиците да ни се различни,
оти е речено: “Оној кој зборува на јазик непознат,
тој не им зборува на луѓе, туку на Бога…”
Ние, браќа и сестри мои, зборувајќи за Љубовта
со Духот ќе ги кажеме сите тајни кои ќе не’ зближат,
оти на Олимп непознаници нема.
Од овој Сион да го допреме Небото
и од него да позајмиме сноп Светлина,
да се преоблечеме во нејзината убост
за да се препознаеме ко’ браќа и сестри
од едномајчинство и татковство евангелски,
да го пророчиме новиот Ден и да Го поканиме Бога
на нашата заедничка Трпеза на Љубовта
таму горе, на Олимп, каде чукункаменот е Иконата наша
за Молитвата на Љубовта.
Време е да се помолиме…


ПОРАКА ДО ГРЧКИТЕ ПИСАТЕЛИ

Најнапред Човек сум и Македонка, пред се’.
И дрвото има свој идентитет.
И поетеса станав.
Првите две вредности ми се од Бога и од моите родители, а третата е дарение и се учи.
Родена сум во Скопје, главниот град на Република Македонија. Дипломирав на Катедрата за книжевност при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, каде сум на постдипломски студии. Книжевното творештво (тринаесет книги) е Мостот преку кој се минува просторот кон непознатото. Во мојот космополитски дух како Македонка, Грција и грчката цивилизација заземаат длабоко инспиративна позиција. Оваа песна е плод токму на таквиот мој дух. Мојата подадена рака го очекува благонаклониот прифат од друга рака. Ете, од тоа зависи и денешниот и утрешниот ден за Балканот и пошироко. Ајде да ги разубавиме денононоЌијата за да им се разубави конечно и на предците и на потомците.
Поздравувајќи Ве, драги грчки колеги, Ви порачувам да ги сплотиме надежите, а безнадежноста да ја свиеме во свивката на минатоста. Да започнеме да го бележиме новото време...

--------------------

ВЛАДИСЛАВА СПИРОСКА


ИМЕТО ВЕКОВИТО

Не тагувај мајко Македонијо
За името твое вековито.
Не крши се како чаша на парчина,
Оти си јака, појака од каменот.
Името мајко не го менуваме
На клетници алчни не му кевуваме.
Зародишот ти е антички
Од богови на Олимп македонски
Име по бог Македон
По Голема мајка неолитска.
Името ти е исковано на пари златни и сребрени
Со лик на цареви и кралеви
Со лавови и рисови монетисано,
Со цркви, манастари
Флори и фауни
Мозаици и пауни апоенисано.
Името ти е мајко кумувано
Од Бог семоќен дарувано
Со крштално во Библија записано.
Името ти е мајко црвено
Од крв македонска пролеана,
А светло златно од Вергина угреано
Со срма во руво завезано
На бајрак Илинденски завеано
Славно во песни опеано
Тажно по семе низ свет расеано.
Не тагувај мајко Македонијо
И во Егеј и во Пустец и на Пирин
Еделвајс самотен, Македонија те вика.
Во срцата македонски тетоважа те имаме
На вратот амајлија те носиме
За род и пород за навек.

ОЛГА ВЕЛЈАНОСКА Ј.


АПОСТОЛЪТ НА МАКЕДОНИЯ

Пет века под сатър. Пет века гниха
дедите ни във робския хомот.
Горчивите сълзи ли те родиха,
кървящата земя ли вдъхна в теб живот

да тръгнеш срещу векове смирение,
с дела и мисъл надживял смъртта,
превърнал свойте дни в богослужение
на святата богиня Свобода,

възправен срещу черната прокоба,
надвиснала от дълги векове,
за да превърнеш сгърбените роби
във хора, що не свеждат вратове?

Повярваха. Кълняха се във тебе,
посрещаха те като божество.
Мъжествено приеха своя жребий
и зрееха за свой’то тържество.

Крила добиха за свободен полет,
ала без тебе щяха да са те –
ти падна в бой в една тревожна пролет.
И Македония осироте...

Но македонецът глава не сведе,
изправи се във целия си ръст –
от теб научил в бъдното да гледа,
той бе готов да носи своя кръст.

ПЕТЪР МИЦКОВ




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting