Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Личности за почит
ПУЛЕВСКИ САКАЛ ДА ЈА ОЖИВЕЕ И АНТИЧКАТА ЕПОХА
Билјана Ристовска-Јосифовска
Делата на Ѓорѓија Пулевски биле пионерски во многу аспекти, но долго време не добивале заслужена афирмација во балканската и македонската научна јавност. Неговиот лик, кој наскоро ќе биде овековечен со споменик во неговиот роден Галичник, дури во поново време го добива соодветниот третман во нашата историја. За значењето на ангажманот на Пулевски околу создавањето граматика и нормирање на македонскиот литературен јазик и азбука, но и за Пулевски како комита, активен публицист, учебникар, историчар, собирач на македонски народни умотворби и етнограф зборува Билјана Ристовска-Јосифовска, научна советничка во Институтот за национална историја, чиј докторат е токму на темата "Ѓорѓија М. Пулевски - револуционер и културно-национален деец".
Зошто "обичните луѓе" во Македонија знаат толку малку за Ѓорѓија Пулевски?
- Пулевски е значајна фигура во македонската историја и култура. Во македонската наука се објавени речиси сите познати трудови од него и многу значајни научни прилози за него. Што се однесува до пошироката јавност, во минатото малку се знаеше за него, но и генерално за македонската историја, поради нејзината недоволна застапеност во образованието и публицистиката. Ситуацијата е значително изменета во годиниве на самостојност на Македонија. Како личност Пулевски влегол и во народната традиција, а неговите современици сведочат за него и за големата популарност и почит што ги уживал меѓу Македонците, особено меѓу своите Мијаци.
Пулевски учествувал во речиси сите балкански антиосманлиски војни, постојано носејќи го идеалот дека се бори за својата земја. Се чини дека и во тоа турбулентно време тој имал јасно национално самочувство...
- Пулевски го привлекува вниманието со доследната борба за ослободување на Македонија и за афирмација на културно-националниот идентитет. Иако по професија бил работник-ѕидар, Пулевски бил активен борец и основач на Славјанско-македонската книжевна дружина во Софија (1888 г.). Ставовите за македонското прашање и за македонскиот идентитет јасно се искажани во неговите трудови. Тој ја изразува сопствената национална свест како недвосмислено македонска и во тоа може да се увери секој читател. Тој е пример за културно-национален деец од втората половина на 19 век, кој точно знаел за какви културни и општествени придобивки се борел. Се залагал за создавање држава (кралевина) на македонскиот народ. Бил свесен за неопходноста од посебна држава заради конечно фундирање на нацијата. Впрочем, токму неформирањето држава истовремено со другите балкански народи и го детерминира текот на нашата историја.
Кои се одликите на неговата пионерска граматичарска дејност?
- Како граматичар може да се разгледува врз основа на "Речник од три језика", "Слогница речовска", "Јазичница" и "Славјанско-маќедонска општа историја". Пулевски навистина имал и претходници што се обиделе да создадат граматика, но тие не го маркирале јасно јазикот како македонски и нивните идеи за граматика останале главно нереализирани. Тој предлага граматички систем и употребува особено интересен лексички материјал.
Кои се најзначајните содржини, од сегашен аспект, на неговата "Славјанско-маќедонска општа историја"?
- Делото е завршено кон крајот на 19 век, но авторот починал на 13 февруари 1893 година и ракописот останал неиспечатен. Извадоци се објавени во 1973 и во 1974 година, а интегралниот текст во 2003 година од МАНУ. Книгата почнува со најстарата, античката и средновековната историја, сé до создавањето на националните држави на балканските народи. Ја прикажува македонската историја, раскажувајќи и за другите народи, во рамките на големите империи: Македонското кралство, Римската империја, Византија и Турската империја. Како клучни моменти од македонската историја се истакнати периодите на автохтоните држави и владетели: античкото кралство, Самуиловата династија, кралската династија на Мрњавчевци (кралевите Волкашин и Марко).
Во ова дело Пулевски за македонски владетели ги смета сите владетели што биле на чело на државите во кои влегувала Македонија, вклучувајќи го и Александар Македонски. Сепак, тој го истакнува словенството како етнички белег на Македонците, а свртувањето кон античката историја и Александар Македонски како граничник на нашата посебност во однос на Грците...
- Отстапениот простор за античката историја го покажува големиот интерес и потребата за оживување на таа историска епоха. Пулевски се вклопува со своите дела во тенденциите што ја обележуваат македонската преродба од 19 век - словенството како етнички белег и свртувањето кон античката историја и Александар Македонски како симболи за обележување на посебноста. Посебно место зазема верзијата на Александридата, инкорпорирана во неговото дело, што претставува посебна верзија на македонски јазик. Ја искористил Александридата како извор за Александар Македонски - херој што го славел во своите дела.
Пулевски целосно се совпаѓа со спецификата на своето време, периодот на национални пропаганди, кога се манифестирал отпор и преку идејата дека сме директни потомци на античките Македонци.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
Македонија пее
ВО ИЛЈАДА ДЕВЕТСТО И ТРЕТАТА ГОДИНА
Многу крвја многу солзи
земја натопија.
Многу лисја гора смени,
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми блесна.
Во илјада деветсто и третата година
се создаде република,
прва на Балканот,
Македонска Република,
во славно Крушево.
Претседател први беше,
тој Никола Карев,
со македонски војводи,
сите илинденци,
Даме Груев, Питу Гули
и Јане Сандански.
За слобода загинаа,
славните војводи,
на македонците они,
завет оставија,
да се борат за слобода,
за Македонија.
БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ ГОРЕ КРУШЕВО
Бојот започнал горе Крушево
горе Крушево, на Мечкин Камен.
Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.
жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен.
Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија.
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting