Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Научен успех на наш сонародник

МАКЕДОНЕЦ ЧЕКОРИ КОН ЛЕКОТ ЗА ДИЈАБЕТ

(Преземено од МИМ)


Отворањето на патиштата за нови начини на справувањето со шеќерната болест и со прекумерната тежина кај луѓето е суштината на научниот труд зад кој стои младиот македонски научник д-р Мирко Трајковски и неговите соработници од реномираниот швајцарски Федерален институт на технологии лоциран во Цирих (ЕТХ). Трудот, во кој е објаснета суштината на научното сознание, годинава веќе е објавен во едно од најпознатите научни списанија "Нејчр" (Nature), го става Трајковски во редот од најперспективните македонски научници од помладата генерација. . Тој веќе неколку години работи и стручно се усовршува во Швајцарија, откако претходно ги завршил првите постдокторски студии на Медицинскиот факултет во Дрезден и на Институтот за молекуларна биологија и генетика "Макс Планк". Неговата докторска дисертација, инаку, беше прогласена за најдобра на Дрезденскиот универзитет и на "Макс Планк", кои се прогласени за најдобри докторски студии во Европа. Со учество во научните трудови кои заслужуваат да бидат објавени во списанието "Нејчр", досега во земјава можеше да се пофали само неодамна починатиот академик Георги Ефремов уште пред четириесетина години. ТАЈНАТА НА МОЛЕКУЛИТЕ Трајковски сега е целосно посветен на утврдувањето на врските меѓу прекумерната тежина кај луѓето и појавата на шеќерната болест. Во основа, неговото откритие, кое успешно ги поминува првите практични научни проверки, води кон сознанието дека за с` се одговорни едни мали молекули што постојат во нашиот организам. - Во нашето истражување тргнавме од прашањето што конкретно се случува кај луѓето или експерименталните животни со прекумерна тежина за кај нив да се развијат дијабетесот и срцевите проблеми. Нашата претпоставка беше дека постојат регулаторни гени чија експресија е нарушена при дебелина. Во нашиот научен труд објавен во "Нејчр" откривме дека зголемената експресија на едни мали молекули, -Н, многу придонесуваат за развојот на дијабетесот, како и за зголемувањето на телесната тежина - објаснува овој 34-годишниот научник, кој прво дипломирал на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Тој наведува дека во текот на истражувањето, со примена на генетски формулации што ги развиле во лабораторијата, успеале "во живо" да ги инхибираат овие молекули кај експерименталните глувчиња со патолошка дебелина, а кои на сличен начин како и луѓето развиваат дијабетес. - На наше воодушевување, со тоа во целост го смаливме нивното ниво на шеќерот во крвта и ја зголемивме чувствителноста кон инсулин. Дури, со време, овие глувчиња почнаа и да ја намалуваат својата тежина и покрај тоа што јадат и се движат исто како и претходно. Во студијата точно го откривме и молекуларниот механизам преку кој дејствуваат овие мали РНК - потенцира Трајковски. Ова откритие е само логично продолжение на истражувањата што тој досега ги правел за да се види врската меѓу дебелината кај луѓето и дијабетесот. Како што е познато, дебелината, покрај другото, не ретко предизвикува и тоа што дебелите луѓе стануваат недоволно чувствителни на инсулинот, кој е многу потребен за да им го одржува нивото на шеќерот во крвта во нормални граници. - Во текот на моите докторски студии најдовме одговор на кој начин бета-клетките во панкреасот го создаваат и го лачат инсулинот. Ние, на молекуларно ниво, откривме протеин чие протеолитичко сечење во моментот кога инсулинот се лачи во циркулацијата ги потенцира овие два критични аспекта од физиологијата на бета-клетките: создавање и лачење на инсулинот. Тоа е механизам кој им дозволува на клетките квантитативно да ја следат својата секреторна активност при лачењето на инсулинот за да може во моментот кога расположливиот инсулин е веќе потрошен тие да создадат нов - наведува Трајковски. ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ - Последниве месеци бев поканет да држам предавање во Шведска, од каде што добив и покана за професорско место, како и за вработување со лидерска позиција на мојата сопруга, Швеѓанка, исто така доктор на науки и врвен научник. Имам понуда и од мојот поранешен ментор за враќање во Дрезден, каде што докторирав, но овој пат како професор. Деновиве бев поканет да држам предавање на Оксфорд и за апликација за професорско место на овој престижен универзитет. Имам понуда и од Бостон, за која с` уште сум во преговори. Значи, во моментов тоа е изборот: Оксфорд, Гетеборг, Дрезден или Бостон - наведува Мирко Трајковски. Според него, главна предност на западните земји е тоа што луѓето кои вредат соодветно се ценат, нивниот талент се негува, а креативноста се стимулира. - Изграден е систем да се препознае и да се негува квалитетот. Тоа нам ни недостига. А луѓето кои имаат капацитет, желба и знаење да изградат таков систем и да го унапредат нивото на вреднување се држат што подалеку - резигнирано наведува тој. ОДБИЕН ВО МАКЕДОНИЈА - Сакав да се вратам во Македонија, сега, подготвен на начин на кој верувам дека е добар и корисен. Затоа и се обидов да контактирам со деканите на Медицинскиот и на Фармацевтскиот факултет. Од првиот воопшто не добив никаков - позитивен или негативен - одговор, а со вториот, дури по чудо перипетии, успеав да се сретнам. Но, за жал, освен куртоазната изјава дека тој би бил среќен да се вратам на мојот поранешен факултет, немаше ништо друго. Но, речиси една и пол година по начелниот договор и контакт, тој ми прати имејл од буквално три реда за да ми каже дека од Министерството за образование и наука, наводно, немало одобрено место за мене, но одобрило за некои други профили. И, толку! Најмногу време и напор вложив со апликацијата до деканот на Фармацевтскиот факултет во Скопје, и тоа е единствената од која немам позитивен одговор! - одговара Трајковски на прашањето дали некогаш би се вратил во Македонија. ОПАСНА БОЛЕСТ Според податоците од Клиниката за ендокринологија, бројот на дијабетичари во земјата кои се на инсулин е околу 120 илјади. Дијабетесот, т.е. шеќерната болест, која настанува како последица од намалено излачување на хормонот инсулин, денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со зголемен пораст особено во развиените земји на светот. Тоа е последица од модерниот стил на живот, како и од вишокот килограми.


   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Македонија пее

ВО ИЛЈАДА ДЕВЕТСТО И ТРЕТАТА ГОДИНА

Многу крвја многу солзи
земја натопија.
Многу лисја гора смени,
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми блесна.

Во илјада деветсто и третата година
се создаде република,
прва на Балканот,
Македонска Република,
во славно Крушево.

Претседател први беше,
тој Никола Карев,
со македонски војводи,
сите илинденци,
Даме Груев, Питу Гули
и Јане Сандански.

За слобода загинаа,
славните војводи,
на македонците они,
завет оставија,
да се борат за слобода,
за Македонија.


БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ ГОРЕ КРУШЕВО

Бојот започнал горе Крушево
горе Крушево, на Мечкин Камен.

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.

жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен.

Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting