Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Д-р Ѓорге Иванов, претседател на Републиката: Македонија загуби верен пријател!
ГОЛЕМИОТ ЕВРОПЕЕЦ ОТО ФОН ХАБСБУРГ
(Преземено од МИМ)
Првата помисла кога ја слушнав веста дека Ото фон Хабсбург починал во својот дом во близината на Минхен беше дека секој од нас би можел само да посака да има долг живот, во кој ќе доживее да ги види реализирани своите највисоки цели и идеали. Ото фон Хабсбург го помина својот живот во постојана борба за зачувување на Европскиот континент од кошмарни закани по европските принципи и вредности, но и против човештината воопшто.
Ото фон Хабсбург двапати ја препозна големата закана за Европа, која доаѓа од идеологиите на фашизмот и на комунизмот. Препозна дека идеологија што човекот се обидува да го редуцира на колектив, поточно на толпа, да му ги избрише индивидуалниот идентитет и можноста за слободно размислување може да биде многу поголема внатрешна закана за европските држави од надворешна инвазија. Во неговата младост, европските принципи и просветлените идеи што го водеа нашиот континент надвор од средниот век беа погазени и поништени, заканувајќи се да ја внесат Европа во уште помрачен и пострашен период.
Мораме да застанеме за миг и да оддадеме исклучителна почит за човекот што, соочен со вакво надоаѓачко зло, не се свртел да побегне (што неговата положба секако му го овозможувала) и не ја оставил својата татковина сама да се справува со заканата, туку останал да го разобличува злото во сите негови форми, сé до конечната победа над фашизмот.
За жал, оваа победа не означува и крај на европското талкање. Појавата на новата закана на комунизмот го разби Европскиот континент, повлекувајќи остра линија преку старите врски меѓу народите. Отворената војна меѓу европските народи му отстапи простор на поразителното сознание дека половина од Европа, долго време, можеби засекогаш, ќе живее без најосновното почитување на човековите права, без елементарна почит за човечкото достоинство, дека Европејците се способни да изградат држави-зандани на човечкото тело и дух. Во времето кога, по војната, биле силни повиците во интерес на мирот оваа состојба да се прифати како нормална, мораме повторно да изразиме восхит пред храброста и визионерството на Ото фон Хабсбург, кој одбива да дозволи Европа да живее без половина од своето битие.
Паневропското движење, на чие чело долго време беше Ото фон Хабсбург, се организира како братство на слободоумни луѓе, кои одбиваат во интерес на политичкиот опортунизам или поради својот сопствен страв да се откажат од идеалите дека луѓето се создадени да живеат слободно. Преку паневропското движење, и од недовршената зграда на Европскиот парламент во Стразбур, Ото фон Хабсбург ја повторува пораката дека сите луѓе од Европа се создадени за да бидат слободни. Дека подготвеноста на политичари да ги затворат очите пред оваа вистина, да го премолчат карактерот на тоталитарните режими од другата страна на Железната завеса, ќе остане како нивен траен срам. Дека состојбата во која запаѓа Европа по војната не може и не смее да се прифати и толерира.
Господ му подари долг живот, да може да го види и да ужива во исполнувањето на неговата визија. Неговите неуморни активности широко ја отворија портата за поробените европски држави повторно да се вратат во братството на демократските и слободните земји. Ото фон Хабсбург и неговото достојно семејство беа меѓу првите што ја отворија Железната завеса, канејќи ги измачените Европејци од другата страна на завесата назад кон светлината. На Ото фон Хабсбург му должиме за едно од првите изговарања на зборовите слобода, демократија и човекови права на просторите на некогашниот советски блок, на просторите на некогашна социјалистичка Југославија. Секако, тука мислам на употребата на овие зборови во нивниот вистински контекст, а не како пародија или како злобна манипулација на тоталитарен режим.
Иако Европа ја остави во период кога континентот е повторно соочен со голем број предизвици и сериозни проблеми, сепак можеме да се потпреме на сознанието дека, благодарение на визионери како Ото фон Хабсбург, постојат насобрано знаење и искуство што ни даваат сигурност дека на принципиелен начин ќе се справиме со предизвиците што се пред нас. Дека нема да дозволиме повторување на трагичните европски идеолошки грешки и заблуди што многу брзо од сферата на теоријата навлегуваа во реалниот живот, оставајќи зад себе пустош и лични и национални трагедии.
За жал, ја немав честа да се сретнам со неговото височество Ото фон Хабсбург. Големиот пријател на Македонија, кој од првиот ден на македонската независност ја поддржуваше нашата држава, дури и во време кога ние самите бевме несигурни во нејзиниот успех и долговечност, па дури ни во нашето некогашно и идно место во Европа. Кога одбележуваме две децении независност, мораме да бидеме свесни дека во овој наш голем успех се вградени и напорите на многу знајни и незнајни наши пријатели. Драго ми е што на еден од нив, на неговото височество Ото фон Хабсбург, во почетокот на годинава му ја оддадовме должната почит и јавно му изразивме благодарност, преку Орденот за заслуги за Македонија што му го доделив. Последниот крунисан принц на Австро-Унгарија влегува во вечниот дом на неговите предци не како моќен и силен владетел, туку како голем Европеец. Нека му е вечна слава.
Претседател на
Република Македониja
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
Македонија пее
ВО ИЛЈАДА ДЕВЕТСТО И ТРЕТАТА ГОДИНА
Многу крвја многу солзи
земја натопија.
Многу лисја гора смени,
машка снага испи,
но по таја борба тешка
слобода ми блесна.
Во илјада деветсто и третата година
се создаде република,
прва на Балканот,
Македонска Република,
во славно Крушево.
Претседател први беше,
тој Никола Карев,
со македонски војводи,
сите илинденци,
Даме Груев, Питу Гули
и Јане Сандански.
За слобода загинаа,
славните војводи,
на македонците они,
завет оставија,
да се борат за слобода,
за Македонија.
БОЈОТ ЗАПОЧНАЛ ГОРЕ КРУШЕВО
Бојот започнал горе Крушево
горе Крушево, на Мечкин Камен.
Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.
жените плачат децата пиштат,
а крв се лее, на Мечкин Камен.
Тој Питу Гули славен јунак беше,
славно загина за Македонија.
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting