Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Се наближуваат 100 години од делбата на Македонија

ДА РАБОТИМЕ НА ДУХОВНО И КУЛТУРНО ОБЕДИНУВАЊЕ

Спасе Мазенковски


На прагот сме на 2013 година, на прагот на таа година на која, точно пред 100 години измачената и искусурената Македонија, некои светски касапи ја докусуриле, ја распарчиле на неколку дела, ја потопиле во другите територии на комшиите и, целосно ја избришале од светската карта, од картата на земјите каде некогаш, токму таа Македонија го заземаше првото место помеѓу тогашните малку на број држави и империи.
Се знае дека тогаш, во црна 1913 година се распарчиле и други народи и држави според вкусот и желбите на моќните џандари кои го правеле светскиот закон, но за време на овие 100 изминати години повеќто од народите повторно се освестиле, работеле за своите цели и каузи и повторно си се втемелија на нивните стари темели, та дури и создадоа нови држави и државички кои не постоеле никогаш.
Но, ние Македонците каде сме?... Каде е нашата некогашна Македонија?... Зашто не работиме и ние како другите? Зашто не земеме пример од оние, напредните? На кого чекаме?... Кој ќе ја води нашата грижа?... Зашто не правиме никакви чекори, барем за духовно и културно обединување, и ако уште тогаш, уште пред распарчувањето на Македонија, нашиот Македонски Великан, нашиот идеолог ќе речеше: "Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите!"
Добро ама, кога Делчев го подразбирал светот како поле за културен натпревар помеѓу народите, ние Македонците како ја подразбираме Македонија? Дали ја подразбираме како поле за културен натпревар помеѓу македонските области, внатре во Македонија, или како арена на меѓусебни расправии, кодошења, предавства, итн. ...? Како ја подразбираме оваа распарчена Македонија на неколку дела и преселена, и раселена низ светот? Кој треба да ни ја води таа грижа, да нè собере, да нè обедини, да нè седне на една ледина и заедно да го славиме Велигден, заедно да се поклониме пред нашите Светци и Просветители, пред Кирил и Методиј, пред Климент и Наум, пред ...? Кој требва да нè собере и да нè отнесе кај Мечкин Камен, да се поклониме пред споменикот каде е закопан Никола Карев, да се поклониме пред споменикот на Гоце Делчев, да поставиме един букет цвеќе над гробот на Јане Сандански, да си го прославиме, заедно Илинден и да му дадеме почит на турената крв, на илјадниците млади Илинденци, од сите делови на Македонија? ... Кој треба да нè собере заедно, од Егеј, од Пирин, од Вардар, од Преспа, од Австралија, од Канада, од Америка, од Европа и да го заиграме заеднички нашето, прочуено, Тешкото оро, токму таму, среде Скопје или на врвот на Пирин Планина, таму среде Солун или над осровот Малиград во Преспанско Езеро каде Царот Самуил ја славел некогаш Македонската победа? ... Кој треба да нè собере среде Струга, на Струшките вечери на поезијата и да си ја запееме песната на Миладиновци "Т`га за југ", да запееме за големиот Прличев, за бистроумниот Рацин и за ред други македонски личности, македонски синови кои оставиле длабоки врежани траги во темелите и sидовите на македонската култура зграда која здрачи и ги пои културите на другите народи од соседството и пошироко?
Кога знаеме дека една нација, един народ опстанува само кога е способен да го чува и да го развива својот јазик, да ја чува и да ја развива својата вера, култура итн., како белези кои го прават посебен и различен од другите, тогаш, што чекаме ние Македонците? Зашто не й го даваме заслуженото место на нашата култура, на македонската култура и, свесно или несвесно, предност му даваме и ги увеличуваме културите на другите народи кога оние ја негираат и ја омаловажуваат нашата? ... Зошто му даваме прегулеми, не потребни светски димензии, на некои македонски културни манифестации и настани како што се: Струшките вечери на поезијата", "Рацинови средби", "Прличеви средби" и други фолклорни манифестации кога не сме способни или не сакаме на прво место да си ја почитуваме и да си ја развиваме нашата култура, македонската култура со незините сличности и различности според деловите на живеење?
Го велиме ова не затоа што ги мразиме и не ги сакаме културите на другите народи, но затоа што нашата култура не се почитува доволно од другите, особено од нашите соседи и затоа што самите си ја запоставуваме нашата култура која требва да ја зајакнеме и да блесне со целиот нејзин сјај како и некогаш. Со еден збор, вистината е ова: Нема ниту песна, ниту оро, ниту един стих или един збор македонски изкажан јавно на грчката културна сцена, нема ниту песна, ниту оро па и ниту един стих македонски изкажан на културната албанска сцена последните дваесет години, откако оваа држава се нарекува демократска држава. Нема ниту песна, ниту оро, ниту еден збор да каже дека е македонски на бугарската културна сцена и ако сите песни, сите ора и целиот бугарски јазик е македонски јазик, не е застапена песната и орото македонско на културната српска сцена колку се застапени српските ора и песни низ цела Македонија и во секакви културни прослави и настани. ... Е, тогаш што правиме ние Македонците?! Зашто молчиме и се радуваме со горчивата реалност и, уште повеќе, ги величаме другите култури, дури, понекогаш и се финансираат со парите на македонскиот народ? ...
Јас не знам што да речам друго за ова што ни се случува нас Македонците, само знам дека нашиот проблем е наш проблем и самите треба да си го решиме. Самите треба да си ги засучеме ракавите, да се освестиме и да почнеме со вистинска работа. Доколку се согласиме, да се собереме на една македонска братска расправија, доколку ќе имаме свест и волја, ќе најдеме лек за сите наши болки и ќе можеме повторно, еден недалечен ден, да се гордееме што сме Македонци, да се гордееме со нашта Мајка Македонија. Само така ќе нè почитуват и другите, така како што и ние ги почитуваме нив.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Македонија пее

МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША

Ми заплакало селото, селото Ваташа (2)
тринаесет роса младинци носат
в моклишко горе в долови.

Целото село станало, станало на нога (2)
дајте ги ваму нашите деца
еј вие клети крвници.

Џелати клети не слушат, не слушат народот (2)
митралез огин фрлија погин
во градите машки младински.

жален ми писок пронесе, пронесе, селото (2)
по тие рамни полиња родни,
ридишта голи тиквешки.

Тогај се народ, подигна, подигна иљадно (2)
и тргна смело затре семе
фашистичко клето за навек.


МНОГУ ЧЕДА ЕДНА МАЈКА

Многу чеда една мајка
а во душа пламен гори
баш во гарди оган гори
огнот знае што Ќе стори.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.

Како огон што го гори
и во гради што го носи
има нешто Ќе го згаси
да ја сака да ја пази
мајка Македонија.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting