Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Британците сакаат да се одмораат во Македонија

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА БРИТАНЦИТЕ КОЈ ЈА БАРААТ МАКЕДОНИЈА КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА

(Преземено од МИМ)


Британците сакаат да се одмораат во Македонија. Најголемиот светски сајт за патување Трипадвајсор, забележал пораст од 50 проценти на Британците што ја бараат земјава како дестинација. Сајтот констатира дека туристите се повеќе ги бараат езерските плажи, планинските пејзажи и античките локалитети во Република Македонија, пишува британски "Телеграф". Ема О'Бојл од Трипадвајсор вели дека британските туристи стануваат се повеќе авантуристички настроени.
- Како Британците го бараат нивното следно големо патувачко искуство, се чини дека дестинации кои само пред неколку години не би биле опција сега се земаат предвид. Ние гледаме рапидно зголемување на интересот за дестинации како Руанда и Република Македонија, што покажува дека британските патници стануваат посмели и бараат нешто различно од традиционалните одмори на плажа", вели О'Бојл за британски "Телеграф".
На официјалната веб-страница на Трипадвајсор има кратко запознавање за потенцијалните посетители со историјата во Македонија и места за кои порачуваат дека мора да се видат. Широк спектар на цркви и манастири се најголемите туристички атракции во Македонија, им порачува Трипадвајсор на посетителите.
- Музеите во Македонија прикажуваат речиси 3000 години од историјата и древната култура. Пејзажот на земјата, исто така, ја прави популарна дестинација, особено езерата, малите села и планинскиот рељеф, кои ја прават земјата популарна за пешачење и за љубителите на природата. Други туристички атракции се тврдините - Скопското кале, Самоиловата тврдина и други, кои се значајни историски споменици и го одразуваат архитектонскиот раскош во периоди, стои на најголемиот светски сајт за патување.
Во резимето за Македонија на Трипадвајсор пишува дека македонскиот народ постојано се борел за својата независнот и граѓанските права од Грците, Турците, Бугарите и Србите и дека и покрај тоа што е прогласена за независна држава, сепак, Грција се уште одбива да го признае постоењето на Македонија и го отфрла правото да се користи уставното име на земјата, а нацијата и јазикот да се нарекуваат "македонски". Тоа е поради стравувањата на Грција дека Македонија има културни претензии врз Егејска Македонија, објаснува Трипадвајсор за посетителите.
Најголемиот светски сајт за патување не е единствен кој според интересот на Британците ја посочува Македонија како прекрасна дестинација за одмор и посета. Земјава фигурира и на официјалниот веб-сајт на британското Министерство за надворешни работи, кое исто така ја препорачува како убава опција за опуштање.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Македонија пее

МИ ЗАПЛАКАЛО СЕЛОТО ВАТАША

Ми заплакало селото, селото Ваташа (2)
тринаесет роса младинци носат
в моклишко горе в долови.

Целото село станало, станало на нога (2)
дајте ги ваму нашите деца
еј вие клети крвници.

Џелати клети не слушат, не слушат народот (2)
митралез огин фрлија погин
во градите машки младински.

жален ми писок пронесе, пронесе, селото (2)
по тие рамни полиња родни,
ридишта голи тиквешки.

Тогај се народ, подигна, подигна иљадно (2)
и тргна смело затре семе
фашистичко клето за навек.


МНОГУ ЧЕДА ЕДНА МАЈКА

Многу чеда една мајка
а во душа пламен гори
баш во гарди оган гори
огнот знае што Ќе стори.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.

Како огон што го гори
и во гради што го носи
има нешто Ќе го згаси
да ја сака да ја пази
мајка Македонија.

Глас ми свила
земја наша мила
немој да ме заборавите
мили чеда кај и да сте сега
една мисла Македонија.




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting