Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Конференција "20 години независна Република Македонија"

ДИЈАСПОРАТА Е НАШИОТ НАЈВАЖЕН АМБАСАДОР

(Преземено од МИМ)


Македонија може економски да зајакне и побрзо да се интегрира во евро-атлантските структури доколку се обедини на сите нивоа, внатре во државата, но и со својата дијаспора, како и со квалитетно образование и вложување и залагање на секој поединец, сметаат учесниците на конференцијата "20 години независна Република Македонија - постигнувања и перспективи на современата македонска држава" што во Скопје ја организира Министерството за надворешни работи.
- Македонската независност е огромен патриотски подвиг. Остварена е со сопствени сили. Успеавме да докажеме дека имаме државотворен капацитет, знаење, мудрост и храброст трајно да ја обезбедиме оваа вредност. Македонската држава е реалност и таква ќе биде за навек. Докажавме дека може да бидеме свои на своето, нашата држава ние да ја градиме, за нашите права ние да одлучуваме, а перспективите самостојно да ги определуваме. Треба да сме горди што создадовме институции кои имаат капацитет да одговорат на предизвиците, што создадовме национално законодавство и одржлива економија што може да одолее на современите ризици - рече премиерот Никола Груевски во воведното обраќање.
За подобра иднина на Македонија, смета Груевски, потребно е обединување, продолжување на реформите и целосна интеграција во ЕУ и во НАТО.
- Националното, етничкото и политичкото обединување на теми од врвен национален интерес е целта што треба да ја оствариме, така ќе ги обезбедиме нашите природни и политички права кои н` определуваат и идентитетски и вредносно. На човек може да му се одземе с`, но не она што е највредно - потеклото, спомените и чувството за припадност. Ги носиме во својата душа како македонски и никакви поинаку. Велат дека денес е моќен оној што е обединет, а такви ние треба да станеме - рече премиерот, кој од македонската дијаспора побара да даде уште поголем придонес за успешна Македонија.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски посочи дека остварувањето на сонот на многу генерации Македонци за самобитност и државност не би било можно без безусловната поддршка на македонската дијаспора.
- Нејзините претставници со многубројни успеси на многу полиња и во различни земји придонесуваат за афирмација на независна Македонија и се нашите најдобри амбасадори - рече Попоски.
Турскиот амбасадор Ѓурол Сокменсуер смета дека Македонија покажала дека може да се справи и со најтешките предизвици.
- Македонскиот пат кон демократија беше обременет со многу пречки од прогласувањето на независноста. Македонскиот национален идентитет како независна нација беше доведен во прашање. Споровите со соседите, конфликтите во регионот и етничките тензии беа причина да се мисли дека оваа балканска нација не ќе може да чекори напред, но тој период е веќе зад нас и Македонија го покажа спротивното - рече амбасадорот.
За професорот Љубомир Читкушев, сето она што го постигнала Македонија е резултат на образованието, кое го посочи како единствено решение што ќе ја води земјата напред. Потребно е и национализмот од која било страна да се замени со патриотизам и да се сфати дека оваа земја е на сите што живеат во неа и оти е матица за сите Македонци во светот, рече Читкушев.

КЕРИМ: ЧЛЕНКА СМЕ НА ОН ОД '45

Македонија е членка на ОН од 1945 година и тој факт треба да се земе предвид од меѓународната заедница при решавањето на спорот за името, рече вчера во своето обраќање Срѓан Керим, претседател на 62. генерално собрание на ОН.
- Југославија имаше шест конститутивни елементи, од кои и Македонија. Славиме 20 години независност и 67 години државност и тоа под исто име. Бевме "народна" и "социјалистичка", но секогаш Македонија. Наодот на Бадентеровата комисија од 1991 година дека Македонија, заедно со Словенија, ги исполнува условите за меѓународно признавање е најдобар доказ дека земјата ги исполнила сите елементи за државност - територија, граници, име и знаме. Претходната државност е признаена - истакна Керим.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Македонија пее

ВЕЧНА ДА СИ МАКЕДОНИЈО

Во песните те опеваме
Љубов и среќа посеавме
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен:
Еј да живееш Вечна да си
никој по патот да не те плаши
чекор по чекор среќна да си
Македонијо. Македонијо.

По светот одев прошетав
ко птица пак си долетав
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен: .................

Топло сонце те грее
ширум по светот се пее
за тебе мајко стара
за тебе земјо најубава

Рефрен: .................


ВОЗОТ БРАЌА ТРГНУВА

Возот браќа тргнува
право за Германија
стари мајки остануват
дробни деца да чуват.

Со либето одиме
пари да спечалиме
пари да спечалиме
куќа да направиме.

Таму ќе не пречекаат
нашите верни другари
ергените ќе пеат
женетите ќе плачат.


Сатира

ПЪТНИЦИ

Когато се закръглят като нули
нищожества от черния елит,
едни издигат вавилонски кули,
а други ги зареждат с динамит.

Но кой ли няма истинска химера!
И влюбени в бедрата й без срам,
едни отиват в каменната ера,
а други идват с камъни от там!

НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ

И от ляво, и от дясно
сме заклещени на тясно,
за да бъде на кирия
всеки български калджия.

ВЪЗМОЖНОСТИ

Гдето всичко е възможно,
там и простото е сложно,
за да може всяка мъка
да разплаква дребосъка.

ОТЧАЯНИЕ

"Няма хлебец за попара,
няма истина и вяра!"
"За какво ти е тогава
тази шибана държава?!"

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting