За состојбата на македонското малцинство во соседните земји на Република Македонија
ДЕКЛАРАЦИЈА НА ВТОРАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД БАЛКАНОТ
Република Македонија, Битола
05,06-2011 година
1. Светот има искуство кое може да го применува за доследно решавање на прашањата на малцинствата.
Меѓународните асоцијации кои се бават со прашањата на човековите права, со прашањата на правата на малцинствата и со следење на почитувањето на меѓународните акти кои ги регулираат овие прашања треба да ја изменат нестандардната практика за примена на сопствените стандарди. Народите и државите ќе ја изгубат довербата во нив ако стандардите се применуваат селективно, двојно и лицемерно.
2. Конференцијата ги повикува меѓународните асоцијации доследно да ги применуваат сопствените декларации, резолуции и други акти кои се однесуваат на меѓународно регулирање на прашањата на човековите права и прашањата на правата на малцинствата.
3. Конференцијата ги повикува меѓународните асоцијации да обезбедат примена на декларациите, резолуциите и другите акти кои се однесуваат на меѓународното регулирање на прашањата на човековите права и прашањата на правата на малцинствата од страна на државите потписнички.
4. Конференцијата ги повикува меѓународните асоцијации да обезбедат верификација на декларациите, резолуциите и другите акти кои се однесуваат на меѓународното регулирање на прашањата на човековите права и прашањата на правата на малцинствата од страна на државите членки на тие асоцијации кои сеуште ги немаат верифицирано таквите акти во своите Парламенти и да обезбедат нивна доследна примена во животот на своите држави.
5. Конференцијата смета дека македонскиот пример за решавање на прашањата за правата на малцинствата треба да послужи како модел не само за балканските држави во однос на македонското национално малцинство во Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и во Република Србија, туку секаде каде се јавуваат проблеми на признавање на правата на националните малцинства во светот.
6. Конференцијата се обраќа кон водачите на големите држави и народи, особено кон членовите на Советот за безбедност на Организацијата на обединетите нации, во својата политика на решавање на прашањата од пошироко значење за народите и државите да му посветат внимание и на потребата за доследно решавање на правата на националните малцинства и доследна примена на меѓународните акти од оваа област.
7. Конференцијата се обраќа кон членовите на Парламентите на балканските држави во Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и во Република Србија, за градење на реален однос кон македонското национално малцинство во тие држави, симнување на хипотеките од минатото и пристап кон современо третирање и решавање на отворените прашања.
8. Конференцијата се обраќа кон Владата и членовите на Парламентот на Република Грција да го преиспитааат својот нерационален и нереален однос кон Република Македонија и да го стават ад акта апсурдниот спор за името на Република Македонија и идентитетот на македонскиот народ. Само искрената и економски податлива политика е надеж за иднината, Се друго е товар за двата народа и полека ќе ги гаси надежите за соработка.
9. Република Македонија да ја продолжи досегашната политика и однос кон националните малцинства (заедниците) кои живеат во Република Македонија. Да промовира активна политика во билатералните контакти со Република Грција и во европските институции за враќање на одземените граѓански права на Македонците кои до 1949 година беа грчки државјани, а сега се граѓани на Република Македонија, без право да се вратат во родните места.
Битола, 6 ноември 2011 година
Учесници на Втората конференција за Состојбата на македонското малцинство во соседните земји
Оваа Декларација за малцинските прашања усвоена од учесниците на Втората конференција за правата на малцинствата, одржана во Битола на 6 ноември 2011 година да се достави до:
1. Владите и Парламентите на Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и во Република Србија,
2. Европската комисија во Брисел
3. Канцеларијата на Европската комисија во Скопје
4. Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци во Женева, Скопје и Атина
5. Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје
6. Канцеларијата на НАТО во Скопје
7. Генералниот секретар на Организацијата на обидинетите нации, Њујорк
8. Членовите на Советот за безбедност на Организацијата на обидинетите нации, Њујорк
9. Амбасадите на САД, Руската Федерација, Кина, Велика Британија, Германија, Франција, Холандија и Грција во Скопје
10. Министрите за надворешни работи на Република Македонија, Република Грција, САД, Руската Федерација, Кина, Велика Британија, Германија, Франција и Холандија
11. Амбасадите на Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Косово и Република Србија во Скопје
12. Бил Клинтон, Џими Картер, Михал Горбачов, Владимир Путин
13. Учесниците на Втората Балканска конференција за правата на малцинствата
14. Конференцијата за координација на Македонците од Егејскиот дел на Македонија
15. Архивата на организаторот на Втората конференција - Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола
16. До присутните на Втората конференција за состојбата на македонското национално малцинство во соседните земји на Република Македонија
17. УНИЦЕФ
(Информација за Втората конференција на Македонците од Балканот, читајте ОВДЕ .)
НАРОДНА ВОЛЈА
Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2012 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!
Абонирайте се за вестник "Народна воля"!
Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,20 лв.
за шест месеца - 2,40 лв.
за една година - 4,80 лв.
Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.
Краен срок за абониране - 15 декември 2011 г.!
За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!
"Народна волja" - каталожен номер 2050!
Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2012 година!
Побързайте
Историята на Македония
Все още има екземпляри от излязлото от печат второ преработено и допълнено издание на "Историята на Македония" от професор Георги Радулов. Книгата има общо 570 страници. Цена - 15 лева. Купете си я, преди да са се изчерпали и последните бройки!
Справки на тел.: 02/ 870 76 36.
Важно! Важно! Важно!
Македонија над се
На вниманието на читателите на в. Народна воля" предлагаме книгата "Македонија над се" от Стоян Георгиев (Томовичин).
Запознайте се с живота на един храбър син на Македония, устоял с чест високото си национално достойнство.
Който иска да я прочете, може да я намери в Интернет, стига да напише в Гугал "томовичин" или "tomovichin".
Македонија пее
КАЖИ, МОМЕ, ВИСТИНАТА
Кажи, моме, вистината,
љубиш ли ме, мамиш ли ме,
ил' сос мен' се подиграваш
да ти мине времето.
Сношти мина покрај вази,
тебе, моме, не те видов,
срце ми се растрепери,
почна солзи да ронам.
Сечи, моме, руси коси,
прави скала да се качам,
да ти видам бело лице
и рудото ти грло.
Ах, да можам да разберам
була ли си, ил' Гркиња,
ил' си, моме, Македонка,
та си толку убава.
ЛАЖИ, ЛАЖИ, ВЕРЕ
Лажи, лажи Вере,
лажи, кого лажиш,
само мене Вере,
немој да ме лажиш.
Јас си имам Вере,
леле, јас си имам,
јас си имам Вере,
до три болести.
Прва болест Вере,
леле, прва болест,
прва болест Вере -
струмички меани.
Втора болест Вере,
леле, втора болест,
втора болест Вере -
в туѓина ќе одам.
Трета болест Вере,
леле, трета болест,
трета болест Вере -
изгорев за тебе.