Извештајот на госпоѓата Ѓеј Мекдугал (на сликата во десно) објавен на 3 јануари 2012 г., со која имавме чест да разговараме мината година ги содржи основните барања и проблеми на Македонците во Бугарија:
1.Официјално признавање на македонското малцинство од страна на бугарските власти.
2.Земање мерки против дискриминацијата на Македонците.
3.Регистрирање македонски партии и организации.
4.Полно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Страсбур
5.Изучување на македонски јазик во училиштата.
Во извештајот се побива и аргументацијата на бугарската држава со која таа со децении се служи пред меѓународната заедница за да го избегне признавањето на македонското малцинство.
Тоа е уште една победа за Македонците овде без разлика што не очекуваме Бугарија веднаш да ја смени својата политика. Важно е што на меѓународно поле вистината победи и во сите релевантни меѓународни извештаи веќе јасно и точно е одразена како положбата на македонскоито малцинство во Бугарија така и се подржани нашите барања за решавање на проблемите.
Република Бугарија треба да преземе мерки и да започне да ја подготвува почвата за промена на својата апсурдна политика по македонското прашање и истата да ја стави на реална, демократска и европска основа напуштајќи ја досегашната практика на негирање, дискриминација и асимилација. Тоа е потребно како за нас така и за неа!