Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го поздравува Извештајот на Обединетите Нации за малцинските права во Република Бугарија објавен на 3 јануари 2012 година.
СМК за позитивни ги оценува препораките за признавање на македонското малцинство и изучувањето на македонскиот јазик, како и барањата Софија да преземе мерки против дискриминацијата на Македонците, да изврши регистрација на македонските партии и организации и целосно да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
СМК смета дека унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Република Бугарија е услов за продлабочување на македонско-бугарските добрососедски односи и придонесува за стабилизација на регионот.
СМК апелира до властите во Софија да преземат мерки за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и на препораките од Извештајот на Обединетите Нации за малцинските права во Република Бугарија од јануари 2012 година.