Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Официална посета на Република Македонија

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН БАН КИ-МУН ПРИСТИГНА ВО ОХРИД

(Преземено од МИА)


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун вечерва пристигна на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, со што ја започна официјалната посета на Република Македонија.
Првиот човек на светската организација на охридскиот аеродром го пречекаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски, заедно со посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц, кој исто така денеска допатува во Македонија.
Делегацијата и високиот гостин веднаш се упатија кон резиденцијалната вила „Билјана“ каде што Бан Ки-мун ќе биде пречекан од претседателот Ѓорѓе Иванов, кој во негова чест приредува свечена вечера на која ќе присуствуваат и сопругите на двајцата политичари.
Според протоколот, предвидено е Бан Ки-мун да се сретне и со учесниците на Школата за лидери што се организира под покровителство на претседателот Иванов. Утре наутро ќе се одржи тет-а-тет средба Иванов – Ки-мун, по што е предвидена заедничка прес-конференција.
Генералниот секретар на ОН утре ќе ги разгледа и културно-историските знаменитости на Охрид. Ќе ги посети Плаошник, Галеријата на икони и црквите Св. Богородица Перивлепта и Св. Софија, а во знак на сеќавање од претседателот Иванов на подарок ќе добие резба со историски мотиви.
За посетата на високиот гостин во Охрид преземени се посебни мерки - од естетски и од безбедносни причини. Отстранети се сите контејнери за отпадоци од сообраќајната траса низ градот каде е предвидено да минува делегацијата, лежечките полицајци, паркираните автомобили. Градските јавни служби изминатите неколку дена интензивно го расчистуваа и хортикултурно уредуваа градот, пред се централното градско подрачје.
Посетата на Македонија Бан Ки-мун утре ќе ја продолжи во Скопје, каде што ќе се обрати во Парламентот и ќе има средба со премиерот Никола Груевски.
Се очекува во разговорите со државниот врв да доминира прашањето за спорот за името, но без нов конретен предлог од медијаторот Нимиц. Според најавите, на средбите со Иванов и Груевски ќе биде отворено и прашањето за грижата за Охрид како светско културно и природно богатство заштитено од телото на ОН - УНЕСКО.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


109 години от величествената Илинденска епопея на свободолюбивия македонски народ

Македонија пее

А БРЕ МАКЕДОНЧЕ

А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
За Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влагаат,
в борба за слобода
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting