Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кривична пријава против лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер

СМК БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ

(Преземено од Вечер)


Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, вчера поднесе кривична пријава против лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски за кривично дело загрозување на територијалната целина на државата од член 307 на Кривичниот законик на Република Македонија.
Тој во периодот на 2001 година, како претседател на Владата на Република Македонија со мандат од 1998 до 2002 година, преземал дејства за отцепување на територијата на Република Македонија и дел од таа територија да ја припои кон Република Албанија, на начин што откако стапил во разговори со тогашниот премиер на Република Србија Зоран Ѓинѓиќ, договорил дел од таа територија на општините Гостивар, Тетово и Дебар да се отцепи од Република Македонија и да се припои кон Република Албанија, а територијата на Мала Преспа, односно делови околу Преспанското Езеро, да се отцепи од територијата на Република Албанија и да се припои кон територијата на Република Македонија, вели Петров.
Георгиевски пред извесно време во изјава за ХРТ и во неговата книга “Тоа сум јасс” потврди дека идеите за размена на територии и население не се реализирале поради смртта на Ѓинѓиќ.
Од СМК велат дека поранешниот претседател на Владата ја загрозил територијалната целина на државата, зошто во неговиот мандат преземал дејствија за отцепување на територии од Македонија и припојување кон Албанија. Поради тоа бараат кривична одговорност за Георгиевски, а докази дека тоа го сторил имало и во неговата автобиографија и во неговите изјави.
СМК се сомнева и во неосновано богатење поради вршењето на кривичните дела, за што бараат од обвинителството доживотен затвор и конфискација на имотот и судска забрана за вршење на должност во државната власт.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


109 години от величествената Илинденска епопея на свободолюбивия македонски народ

Македонија пее

А БРЕ МАКЕДОНЧЕ

А бре Македонче
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода!
За Македонија,
за Македонија
земја поробена!
Моми накитени,
момци наредени
во борба влагаат,
в борба за слобода
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting