Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов:

ДА ЈА СОЗДАВАМЕ МАКЕДОНИЈА КАКО СЛОБОДНА И ДЕМОКРАТСКА ЗЕМЈА

(Преземено од МИА)


Одговорност од политичките партии од власта и од опозицијата и сплотување околу националните интереси побара вчера претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето на Свечената академија во Македонската опера и балет по повод 8 Септември - Ден на независноста на Република Македонија.

- Сум кажал и повторно ќе кажам: Каква Македонија ќе создадеме, таква ќе ја имаме. Наша обврска е да го подготвуваме македонското општество за сè она што нè очекува. Тоа е наша одговорност. Одговорност од секој поединец, без разлика на неговата етничка, религиозна или која било припадност. Одговорност од секоја заедница, од секоја политичка партија. Одговорност од секоја институција, почнувајќи од мене како Претседател, од власта, опозицијата, судството, администрацијата, медиумите, цивилното општество. Едноставно, секој има свој влог и одговорност во реализацијата на стратешките цели. На тој пат, нема место за изговори и избегнување на обврските и одговорностите, рече Иванов.

Затоа, порача тој, да ја создаваме Македонија како слободна и демократска земја. Држава која се грижи за интересите на своите граѓани, која ги остварува европските вредности, стандарди и принципи во секојдневниот живот и која одговорно ги исполнува своите меѓународно преземени обврски.

- Нашето одговорно однесување ни дава основа да бараме и другите да се однесуваат одговорно кон нас. Во тоа се состои секое наше барање за почитување на она што е свето за секој на овој свет, па и за народот на Република Македонија. Почитување на слободата, правдата и човечкото достоинство. Затоа е несфатливо и неприфатливо секое оспорување на овие општоприфатени вредности, рече Иванов.

Укажа на значењето на сплотеноста и единството во остварувањето на националните интереси.

- Постојано апелирам и ќе продолжам да апелирам. Неопходно ни е единство. Неопходна ни е сплотеност за државните интереси, интереси на овие млади луѓе за кои зборувам, рече Иванов.

Токму затоа, додаде, обраќањето за овој 8 Септември им го посветува на генерациите родени во слобода, во суверена и самостојна Македонија, кои сами ја создаваат претставата за себе и за татковината и кои се најсуштествениот симбол на нашата независност, на нашиот трет Илинден.

- Генерацијата родена со раѓањето на независноста веќе е во факултетските аули и амфитеатри. Тоа е генерација која е дел од единствениот европски образовен простор. Ним, а и на сите граѓани на Република Македонија, треба да им овозможиме живот со европски вредности, европски принципи и европски стандарди. Да им овозможиме натпревар на резултатите на нивниот ум и на нивниот труд. Нив мора да ги подготвиме да се соочат со предизвиците кои ги носи животот во 21 век, посочи шефот на државата.

Подвлече, сите реформи што ги правиме не ги правиме за Брисел туку за нас и генерациите по нас и не одиме ние во Европа, туку Европа ја создаваме тука кај нас. На тој пат, рече важен е успехот на секој поединец.

- Ако минатата година најубавата честитка ја добивме од кошаркарската и ракометната репрезентација, оваа година нашите срца ги исполни успехот на г-ѓа Бикова, која ни ја даде најубавата честитка за празникот. Имаме илјадници вакви примери во сите сфери, рече Иванов.

Според него, испуштени се многу можности, но оти треба го затвориме тоа поглавје да се свртиме кон иднината.

- Сите оние кои ги пропуштале можностите и шансите, кои биле неодлучни, си ја носат својата одговорност. Подвлековме црта и решително чекориме напред, кон иднината. Третата деценија на независна Република Македонија мора да биде деценија на успеси, посветеност, оптимизам и благосостојбата тука, во Македонија. Иднината е во луѓето кои градат и физички, материјални и духовни добра. И сите заедно да го градиме најголемото добро: независна и просперитетна Македонија. Да ја градиме Македонија во височина. Да ги постигнуваме највисоките европски стандарди и вредности, порача претседателот Ѓорге Иванов.

Обраќањето го проследија претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министри от Владата, претставници на политичките партии, на судството, верксите заедници, диплмоматскиот кор... Свечената академија беше збогатена со гала-оперски концерт со дела од македонската и светската оперска литература во изведба на оперски солисти и оркестарот на МОБ.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Скръбна вест



П О Ч И Н А

КРУМ ВАГАЛИНСКИ

На 25 август 2012 година почина Крум Йовчев Вагалински - поет, журналист, дългогодишен сътрудник на в. „Народна воля” и член на редакционната колегия на вестника.
Роден на 7. II. 1934 година в село Дреново (Дренково), Благоевградско. Работил като кореспондент, учител, читалищен организатор, редактор и завеждащ отдел във вестник „Пиринско дело”. Свои стихове печатал в „Пиринско дело” и централни вестници и списания. Стихосбирката му „Човешко слънце” излиза през 1968 година.
Във вестник „Народна воля” е публикувал стихове и публицистични материали под псевдонимите Александър Македонски, Биляна Вардарска и Пиринка Егейска. В цялото му творчество личи като червена нишка ярката му позиция на гражданин и патриот по редица наболели въпроси на днешния ден.
Редколегията на вестник „Народна воля” и Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН изказват своите съболезнования на близките на починалия, споделяйки тяхната болка, и ги уверяват, че ще вървят неотклонно по пътя, по който мина достойно животът на човека, твореца, гражданина и родолюбеца Крум Вагалински!

Да бъде светла паметта му!
Родината ще го помни вечно!


ЧОВЕШКО СЛЪНЦЕ

Тишина... трева... два метра място
и една могилка прясна пръст,
глуха като сянката на бряста
и печална като дървен кръст.

От гората тръгва тежка вечер,
тежка вечер като вест за смърт.
Мамо, мамо, никога ли вече
няма да те видя втори път?

Зная, мамо, никой се не връща,
ако се е слял веднъж с пръстта.
Зная. И от пустата ни къща
искам да избягам по света.

Но не мога крачка да прекрача,
ако поглед не извърна пак,
а ако извърна – ще заплача.
И вървя. И сам не зная как.

И се вглеждам в тази тиха вечер,
сякаш че се вглеждам в твойта
смърт...
Исках да избягам надалече,
а се връщам все на своя път.


(Из стихосбирката “Човешко слънце”)



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting