Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов:

ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА УШТЕ ПОСИЛНА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

(Преземено од МИА)


Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска се обрати на свеченото отворање на „ТОББ Меѓународниот бизнис форум“ во Истанбул, на кој учествуваат над 1.000 бизнисмени и претставници на меѓународни институции од 85 земји во светот.

Централна тема на Форумот е глобалната економска криза со посебен фокус на улогата на приватниот сектор, како и потребата од зајакнување на претприемништвото и изнаоѓање решенија за надминување на пречките во меѓународната трговија.

ТОББ Универзитетот за економија и технологија е еден од најреномираните универзитети во Турција, кој во октомври 2009 година, на претседателот Иванов му ја додели титулата Почесен доктор на науки. - Денеска не сум тука само поради тоа што во 2009 година се стекнав со почесен докторат на ТОББ Универзитетот. Денеска сум тука и поради пријателството кое го негуваат Република Македонија и Република Турција. Тука сум и поради улогата на Унијата на комори и стокови берзи на Турција – ТОББ за економскиот развој на оваа земја. ТОББ има за цел да обезбеди единство и солидарност меѓу коморите и берзите. Подобрување на развојот на професиите, согласно потребите. Унапредување на искреност и доверба во односите на членови едни со други и со јавноста, како и зачувување професионална дисциплина и етика, рече Иванов, обраќајки се пред присутните.

Со овие цели, истакна шефот на македонската држава, ТОББ им овозможува на членовите подготвени да се соочуват со глобалните трендови.

- Светот денеска се соочува со глобални економски, политички и безбедносни ризици и предизвици. Меѓународната економска соработка е единствена можност за зголемување на конкуренцијата на глобално ниво. Соработка која придонесува во јакнење на националната конкурентност за стопанството, за да може да се натпреварува во сложените економски услови во светот. Во таква реалност, особено сум задоволен што Република Македонија и Република Турција имаат традиционално добри односи кои позитивно влијаат на зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји. Знаејќи ги економските потенцијали на двете држави, ценам дека досегашната севкупна економска соработка го нема достигнато посакуваното ниво. За таа цел, двете земји вложуваат дополнителни напори на економски план за максимално користење на сите расположливи капацитети, нагласи Иванов.

Претседателот истакна дека приватниот сектор и посебно претприемачкиот дух претставуваат движечка сила во глобалниот свет, сила која овозможува раст на економијата, придонесува за намалување на невработеноста и го трасира патот кон напредокот. Со нив, посочи, одржливиот и долгорочен економски раст и развој може да биде извесен.

- Ваквиот пристап овозможува да се изградат и подготват самоуверени лидери со јасна визија за иднината, способни да се соочат со конкуренцијата. Секако, потребна е храброст за преземање ризик, креативност и мотивација за постигнување успех. Силно верувам дека денешната средба ќе помогне во отворање нови хоризонти и идеи за соработка, како и конкретни резултати во интерес на развојот на бизнис-идеите и приватниот сектор, додаде претседателот Иванов.

Македонскииот претседател Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Турција, вчера во Истанбул имаше работен ручек со раководството на ТУСКОН – Конфедерација на бизнисмените и индустријалци на Турција на кој ги запозна со реформските процеси во Република Македонија и со напорите кои ги прави земјата со цел создавање поповолен бизнис амбиент. Иванов притоа упати повик до членките на ТУСКОН да инвестираат во Република Македонија.

Во Цариградската патријаршија, шефот на македонската држава вчера оствари средба и со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Претседателот Иванов ја реафирмираше поканата до вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја посети Република Македонија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Скръбна вест



П О Ч И Н А

КРУМ ВАГАЛИНСКИ

На 25 август 2012 година почина Крум Йовчев Вагалински - поет, журналист, дългогодишен сътрудник на в. „Народна воля” и член на редакционната колегия на вестника.
Роден на 7. II. 1934 година в село Дреново (Дренково), Благоевградско. Работил като кореспондент, учител, читалищен организатор, редактор и завеждащ отдел във вестник „Пиринско дело”. Свои стихове печатал в „Пиринско дело” и централни вестници и списания. Стихосбирката му „Човешко слънце” излиза през 1968 година.
Във вестник „Народна воля” е публикувал стихове и публицистични материали под псевдонимите Александър Македонски, Биляна Вардарска и Пиринка Егейска. В цялото му творчество личи като червена нишка ярката му позиция на гражданин и патриот по редица наболели въпроси на днешния ден.
Редколегията на вестник „Народна воля” и Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН изказват своите съболезнования на близките на починалия, споделяйки тяхната болка, и ги уверяват, че ще вървят неотклонно по пътя, по който мина достойно животът на човека, твореца, гражданина и родолюбеца Крум Вагалински!

Да бъде светла паметта му!
Родината ще го помни вечно!


ЧОВЕШКО СЛЪНЦЕ

Тишина... трева... два метра място
и една могилка прясна пръст,
глуха като сянката на бряста
и печална като дървен кръст.

От гората тръгва тежка вечер,
тежка вечер като вест за смърт.
Мамо, мамо, никога ли вече
няма да те видя втори път?

Зная, мамо, никой се не връща,
ако се е слял веднъж с пръстта.
Зная. И от пустата ни къща
искам да избягам по света.

Но не мога крачка да прекрача,
ако поглед не извърна пак,
а ако извърна – ще заплача.
И вървя. И сам не зная как.

И се вглеждам в тази тиха вечер,
сякаш че се вглеждам в твойта
смърт...
Исках да избягам надалече,
а се връщам все на своя път.


(Из стихосбирката “Човешко слънце”)



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting