Пред промоцијата на филмот “Трето полувреме" бугарските политичари и историчари тврдеа дека филмот е тенденциозен и измислува дека тие биле окупатори и фашисти. Сепак, документите издадени од бугарската држава за македонските граѓани во времето на бугарската окупација 1941-1944 сосема прецизно покажуваат дека бугарската држава била фашистичка, била окупаторска и издавала документи кои го потврдуваат токму тоа.
Наш читател од Центар ни достави документ - легитимација за граѓанинот Витомир Георгиев од Скопје, на која е напишано дека е Бугарин и му ставиле фашистички печат во фашистичката легитимација.
Што ќе кажат на овој доказ нашите источни соседи? Или за нив и натаму овој фашизам не е фашизам?