Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Нов ветар во Процесот за соработка во ЈИЕ
ВО ОХРИД ЌЕ СЕ УРИВААТ БАЛКАНСКИТЕ БЛОКАДИ
(Преземено од МИМ)
Со солидарност против балканските блокади, е духот што македонското претседавање го внесува во регионалната иницијатива Процес за соработка во Југоисточна Европа. На масата во рамките на Процесот веќе се ставени неколку иницијативи што го потврдуваат тој дух на промени. Приемот, пак, во членство на Република Kосово во Регионалниот совет за соработка (РСС), што се смета за оперативно тело на ПСЈИЕ, кој успешно им одолева на предизвиците веќе цели 17 години, е еден од главните показатели дека политичките блокади може да се премостат и во нашиот регион.
- Иако станува збор за регионална иницијатива, настојуваме таа да има европски контекст. Нашето мото на претседавањето е „Солидарност во акција“ и предлагаме да се формира регионален центар за кризи. Мошне непријатно е, на пример, кога има пожар од другата страна на Ниџе, во Грција, а наш авион, кој сака да помогне во гасењето, не може да добие прелет. Тие бариери треба да се надминат. Затоа нашата идеја е регионалниот центар да го поврземе со соодветниот центар во Брисел. На тој начин сметаме дека ќе можеме да ги прескокнеме сите можни политички пречки - вели министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Во рамките на претседавањето со процесот, Македонија турка уште една идеја преземена од Вишеградската група.
- Наша идеја е да формираме заеднички фонд за прекугранична соработка во кој сакаме да ја вклучиме и ЕУ. На тој начин фондот ќе добие и европски контекст, што е наша определба - вели Попоски.
Но, работите во рамките на оваа регионална иницијатива не секогаш се одвиваа мазно. Така, на пример, во текот на српското претседавање до јуни 2012 година не се усвои традиционалниот завршен документ од самитот, а како главен проблем се испречи Kосово. Оваа година Охрид ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи и на претседателите на 30 мај и на 1 јуни. Прашањето што сите го поставуваат е дали на иста маса ќе седнат српскиот претседател Томислав Николиќ и неговата косовска колешка Атифете Јахјага. Тоа е можно ако се почитува формулата, според која, Kосово е примено во Регионалниот совет за соработка според договорот постигнат со Белград - Kосово мора да биде означено со фуснота за да се истакне дека уште е важечка Резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност на ОН.
- Во моментов се размислува како да се премости таа пречка. Има позитивни движења од двете страни, Ештон е во клучна посета на Приштина и на Белград и можно е двете страни да постигнат договор. Тоа значи дека е можно во Охрид да се надмине уште една регионална блокада, иако останува неизвесноста дали до тогаш Kосово како суверена држава ќе аплицира за членство во Процесот - вели еден неименуван диВо моментов косовските претставници може да учествуваат во работата на РСС, може да учествуваат во дискусии, но немаат право на глас.
На прашањето дали можеби се чувствува замор кај земјите-членки во ПСЈИЕ, министерот Попоски вели дека нема таков впечаток.
- Процесот е жив и тој доживува трансформација. Тој повеќе не е форум за дискусии, туку е врзан со меѓусебна соработка и со ЕУ-перспективите - додава Попоски.
Според него, ако може да се зборува за ризици, тогаш тоа е јазот што се појавува меѓу земјите што се во ЕУ и тие што се кандидати, односно со наметнување блокади.
- Ризикот би го нарекол наместо семејство на солидарност - семејство со блокади - истакнува шефот на македонската дипломатија.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
Покана
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 21 април 2013 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 98-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония, изпълнители на македонски песни и хора от Р Гърция и Р България. Всички са поканени!
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден” - ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting