Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Култура

МАКЕДОНИЈА ЖРТВА НА ДОКТРИНИТЕ НА СОСЕДСТВОТО

(Преземено од "Утрински Весник")


Претворањето на националните доктрини во политики на земјите околу Македонија е тема на најновата книга на Димитар Мирчев.
Националните доктрини на соседите во последните две-три децении во значителна мера се инструментализирани во реалните политики на државите на Балканот, кои инаку доведоа до многубројни конфликти, насилства и трагедии. Дури и денес тие им се закануваат на мирот и на стабилноста во регионот и особено на позицијата на Македонија и на македонската нација, на нејзината етногенеза, конструктивности, идентитет, постанок...
Оваа констатација произлегува од книгата „Балканскиот мегаетникум-националните доктрини на македонските соседи“, дело на професорот Димитар Мирчев, што денеска беше промовирана во МАНУ.
„Се обидов да соберам еден фонд такви доктрини и теориско-критички документи и да ги анализирам од аспект на односот кон Македонија, пред се и кон позицијата на нашето малцинство во соседните земји. Утврдив многу интересни факти: дека тие доктрини апсолутно постојат, врзани се главно со академиите на науки и имаат еден континуитет меѓу оние доктрини од половината на 19 век, какви што се Мегали идејата на Грците, Зачртанието на Илија Гарашанин во Србија, Програмата на Призренската лига...Има еден теориски континуитет. Меѓутоа ние би очекувале дека денес во модерно доба тие доктрини ќе се изменат значително, ќе се засноваат на човековите права, почитување на суверенитетот, идентитетот на другите народи, малцинства. Излезе дека не е така, дека се уште се базираат на теориите од 19 век“, рече Мирчев на промоцијата на книгата.
Македонија, според него, прави се за соодветно да одговори на овие доктрини. - „ Можеби уште извесно време овие доктрини ќе постојат и ќе бидат актуелни, додека не одговориме докрај, но мислам дека веќе се искристализирани ставовите и политиките и нема да има отстапувања барем кај нас“, изјави Мирчев.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, од позиција на социолог, истакна дека ова е извонредно значаен авторски труд, вредна теориска студија која ќе ја збогати македонската наука.Според неа, националните доктрини на соседите не можат да се негираат. „Напротив, колку и да се субјективистички, национални, етнички, пристрасни, тие влијаат на политиката и на односите на Балканот, се уште не се надминати и се актуелни во односите во соседството и во регионот, а најверојатно и натаму ќе бидат актуелни“, се согласи таа.
Бранислав Саркањац, кој беше еден од промоторите на делото порача дека книгата навидум има еден методолошки пропуст.„ Ако ја земете дефиницијата на балкански етникум, ќе видите дека Македонија не се вклопува зашто нема национална доктрина каква што имаат соседите. Но, тоа е, ќе си дозволам да кажам, намерно направено за да се акцентира апсурдноста на стварноста на геополитиката што ја става Македонија во вртлогот“, оцени тој.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај


Покана
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 21 април 2013 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 98-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония, изпълнители на македонски песни и хора от Р Гърция и Р България. Всички са поканени!
Съборът ще започне в 11.00 часа.

Организатори са ОМО „Илинден” - ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting