Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Албанското собрание
ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО ПУСТЕЦ
(Преземено од МИМ)
Собранието на Република Албанија со 120 гласа „за“, едногласно, го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, чиj назив на албански беше Лиќенас, соопшти Светскиот македонски конгрес (СМК).
- Неправдата е исправена. Ова е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на положбата и правата на Македонците. Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, таа е наша татковина, и оваа одлука на Собранието на Албанија е заслужена и долгоочекувана, изјави претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција и градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко.
На седницата на албанското Собрание за време не донесувањето на Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, присуствуваа Едмонд Темелко, како градоначалник на општина Пустец и претседател на Македонската партија во Албанија и Васил Стерјовски, претседател на Унијата на млади сили на Македонската партија во Албанија.
Од СМК со честитки до македонсата заедница во Албанија за донесување на овој закон и изразување очекување на престојните парламентарни избори Македонците во Албанија, обединети, како што велат, во единствената Македонска партија во оваа соседна земја, да добијат пратеник во албанскиот законодавен дом.
Лидерот на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција и градоначалник на Пустец, Темелко деновиве изјави дека доколку албанскиот Парламент не го изгласа законот за враќење на автентичните топоними на населените места во Мала Преспа, Македонците во Албанија ќе ги бојкотираат парламентарните избори, закажани за 23 јуни.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
Покана
ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК
На 21 април 2013 г.(неделя) в гр. Мелник ще се проведе традиционният всемакедонски събор по повод 98-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония, изпълнители на македонски песни и хора от Р Гърция и Р България. Всички са поканени!
Съборът ще започне в 11.00 часа.
Организатори са ОМО „Илинден” - ПИРИН, Австралийско-македонски комитет по правата на човека, Македонско международно движение за човешки права, в. „Народна воля”, бюлетин “Македонски глас”, ТМО ВМРО (независима), Дружество на репресираните македонци в България, Македонско християнско братство „Пророк свети Илия”, КПД „Илинден”, КПД “Никола Вапцаров”, КПД “Цар Самуил” и Сдружение “Победа”.
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting