Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Коментар

БУГАРИЈА И НЕЈЗИНАТА РОМАНТИКА

(Преземено од МКД)


Подлабоката анализа на бугарската политика на негирање на Македонците дава интересни резултати. Очигледно, времето не работи за нив и тие прифаќаат дека има Македонци, ама само од 1944 година. Нивната теза е дека Македонците биле измислени од Тито, што треба да значи дека врз таа основа настанала и денешната држава Македонија и, имплицитно, дека ги има само во земјата, ама не и надвор од неа. Сепак, и ова е некаков исчекор на Софија. Важно е дека и за нив има Македонци, а дали се тие од 1944, од Самоил или Александар, или изнедрени од Коминтерната, воопшто не е важно.

Што, фактички, значи оваа бугарска политика? Демек, генерацијата која е родена во 1944 година, кога „воскреснал“ народот, не им е спорна? Денес, таа има 69 години и факт е дека огромниот дел од нив се сметаат за Македонци. Меѓутоа, Софија веднаш паѓа во замка. И најповршно следење на нивната генеза ќе покаже дека тие можат така да се чувствуваат само благодарејќи на сопствените родители. Без нив, „измислената“ од Тито нација – не би испилила. Или, со други зборови од каде тие би биле задоени со македонско национално чувство, ако не биле мајките и татковците, плус бабите и дедовците? Нема траги дека тогашната ЦК, со декрет, наредила раѓање на Македонци? Или, дека, можеби, некој магионичар ги вмешал прстите. Окус, покус, препарандус... и, оп, Македонци излегуваат од шеширот!

Овие факти јасно потврдуваат дека официјалната теза на Софија – не држи вода. Доколку во 1944, и многу години пред неа, родителите се сметале за Бугари или Срби, сопствените деца не би ги одгледале и воспитале како - Македонци. Барем 90 и повеќе проценти од нив не би имале причина тоа да го сторат дури да постоел и некаков диктат. А таков, ниту имало, ниту можело да има. Напротив, скоро сите Македонци, чии презимиња за време на српската окупација биле променети на „иќ“, вклучувајќи го и сопствениот татко, си ги вратиле на „ски“ или на „ов“, по 1944-тата. Зошто? Да не ги натерал некој? Можеби Србите? Еден дел, од кои грото целосно се чувствуваат Македонци, си останале на „иќ“ и тоа никому не му пречи.

Така, можеме да констатираме дека бугарското негирање на Македонците, практично, денес се сведува на нашите претци! На родителите на повозрасните, на дедовците на помладите, и на прадедовците, и тие пред нив, прапра - на сите. Денешниве, барем во земјата, не можат да бидат спорни бидејќи се родени после 1944-та. Значи, целта на бугарската ѓурултија е, всушност, да се докаже дека, се до 1944-та, Македонците биле „Бугари“, според Софија, ама останува нејасно зошто тоа тие не им го кажувале на чедата, родени во и после 1944-та? Софија мора да објасни и како била можна „кохабитацијата“ меѓу родителите „Бугари“ и породот, сега веќе – Македонци? Имал ли Тито улога и во тоа? За „македонскиот период“ во Пиринска Македонија, после војната, кога се учеше на македонски јазик, и за резултатите од тогашниот попис, не треба ни да ги прашуваме.

Така доаѓаме и до клучниот заклучок: за Софија, во прашање е историското наследство, кое го сакаат цело, а било измешано и, особено, македонското малцинство кај нив, кое одлучно не го признаваат. Сакаат да ги посвојат највидните Македонци кои, немајќи своја држава, живееле и твореле токму кај нив, поради блискоста и на јазикот, и на обичаите, и на традициите. Мнозина биле на високи државни функции, а бројни биле и тие што се бореле за независна македонска држава, под разни маски и форми, во согласност со исклучително тешките услови и бугарските отворени аспирации, кои сеуште траат. Тоа што Вапцаров, кој пишувал дека „оваа земја (Бугарија) не е моја земја“, за нив не значи ништо. И тој не бил свесен за „реалноста“ која, според новиот министер за надворешни работи Вигенин, ние сега треба да ја прифатиме. Пост фестум.

Фактот дека ни признаваат дека сме Македонци, макар од 1944-та, создава и смешни ситуации. Што да прават, на пример, авторот на овие редови и генерациите кои се родени некоја година пред таа? Дали сме само 69 години Македонци, а остатокот „Бугари“, или може да ни се додаде и некоја година плус? Фактот дека во историјата нема (масовен) случај родителите да биле едно, а децата друго по националност, зборува дека такво нешто не е можно. Освен во Бугарија, а тоа значи и во ЕУ. Никаде на друго место.

Дефиницијата на Софија дека “Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја“, како да ги сублимира сите нивните заблуди. „Романтизам“ или „романтика“, според енциклопедиските објаснувања, значат нешто - нестварно, имагинарно, што нема врска со фактите. Нешто што е резултат - на емоции и идеализирање, на сон, на сонувач или фантазер. Нивна спротивност се – прагматизам, реализам... Првото во Софија го има во изобилие, второто... Со горната дескрипција, практично, Софија признава дека е жртва на сопствената утопија. Во политиката, нели, нема ниту може да има романтика. Романтичар, на пример, бил - Дон Кихот.

Македонците се вековна реалност и колку Софија и да инсистираа на некакви нивни бугарски корени, нема можности, механизми, услови, начини... тоа да се докаже. Дури и да е тоа апсолутно така, иако и горните факти веќе го негираат. Има премногу други аргументи кои се спротивни на таквата оценка. Впрочем, тезата и да се потврди, дури да се согласиме и ние дека е така, што потоа? Што ќе се промени? Ќе треба да се извиниме, во име на мртвите, дека погрешно се чувствувале? И, што би добила Бугарија?

Македонците ќе си останат тоа што се и што биле, та некој недоветен да потпише и три декларации, како таа од 1999 година, и уште пет договори за добрососедство и пријателство, со истиот текст. Се разбира со помош на некој нов Талбот, од Вашингтон. Ниеден од тие документи нема да има ни пет пари вредност бидејќи ќе ги навредува сите Македонци и односите меѓу двата народа ќе останат – никакви. Тоа ли е целта на Софија? И ако не е, таков ќе биде резултатот. Поразителен.

Народот, одамна, мудро оценил дека – со сила, аир не бива. Таа лекција мора да ја научи и Софија. Двата народа се по многу што блиски, ама тоа не доаѓа до израз токму поради бугарската политика на негирање на Македонците. Нивните нелегитимни цели не можат да водат кон добрососедски односи и соработка. Проблемот е во Бугарија, не во Македонија. Историчарите, заеднички, преку факти нека одредуваат кој од личностите за што бил и како се чувствувал и какви биле настаните. Има многу измешани работи и прекрасно ќе биде заеднички да ги славиме.

Како два народа - Македонци и Бугари. Никако поинаку.

Софија може уште 100 години да не попречува во НАТО и во ЕУ, ама тоа нема да и донесе никаква корист. Напротив. Ќе продолжат да создаваат непријатели кај Македонците. Мора да сфатат дека кршат ширум отворена врата. Македонците немаат никакви предрасуди кон Бугарите, ама ако тие ги оспоруваат, како е можно пријателство?

И овие факти се доволни да ја направат бесмислена, извадена од ракав, некорисна, контрапродуктивна... бугарската политика, поточно измислица и лага, за коренот на Македонците од 1944 година. Таа нема никаква перспектива било нешто да докаже, било некаде да води. Освен во постојан судир со Македонија и во превртување на мртвите во гробовите. Истото важи и за намерата да наметнат договор кој е неприфатлив. Македонија не е поразена во војна.

Софија е во офанзива, во некаква романтична екстаза. Разумност во односот кон Македонија, барем во моментов, воопшто не изгледа како опција. Сметаат дека „сега му е мајката“ да се добие невозможното. Свесни се дека кога ќе (ако) влеземе во ЕУ, нивните фантазмагорични политики околу Македонците ќе паднат во вода. Затоа се фатиле за последната шанса. Ко пијан за стап. Колку ќе успеат, јасно им е само на прагматичарите. На другите, резилот не им гине.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај



На специална церемония Стойко Стойков

ОФИЦИАЛНО ПОЛУЧИ ТИТЛАТА “ДОКТОР НА ИСТОРИЧЕСКИТЕ НАУКИ”

На 12 юни т.г. в тържествената зала на ректората на университета „Св. Кирил и Методий” в Скопие зам-редакторът на вестник “Народна воля” Стойко Стойков на специална церемония получи докторската си диплома, с което вече съвсем официално получава титлата „Доктор на историческите науки”. Както “Народна воля” вече писа, Стойков защити докторантура на 17 януари тази година. На церемонията бяха номинирани 13 нови доктори на науките. Стойков бе представен от декана на Философския факултет - проф. д-р Горан Айдински, а дипломата му бе връчена от ректора на университета д-р Велимир Стойковски. На церемонията присъстваха членове на семейството и приятели.



Както вече вестник “Народна воля” съобщи, подготвя се сборник с материали (документи и спомени) на македонци, пострадали по времето на комунизма. Ако решите да оставите в историята болката си от това, че сте били и сте македонци, обадете се на телефон 0887975531, за да научите как да бъдете включени в книгата. Тя вече се оформя. Побързайте!

От съставителя на сборника


Нова книга



Излизе от печат дългоочакваното издание на спомените на известния анархист революционер и борец за освобождението на Македония Петър Манджуков -
“Предвестници на бурята”
Той е един от групата на легендарните „гемиджии“ - солунските атентатори, организирали най-големия на Балканите акт срещу символите на турския и европейския империализъм през пролетта на 1903 г. Манджуков е увлекателен разказвач, оставил безценни свидетелства за времето, културата, политиката, хората и техните борби.
Спомените си Манджуков пише между 1946 и 1959 година. По-късно той ги изпраща нелегално в Париж.
Книгата е с формат: 165 х 235 мм, с 603 страници и струва 15 лева.

За контакти: в-к. “Народна воля”, тел: (073) 88 63 36.


Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting