Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Валентина Нестор:
ПОГОЛЕМИ ПРАВА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА - ПОВИК ПРЕКУ ДРЖАВНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА
(Преземено од МИА)
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција го имаше своето второ петминутно преставување на албанската државна телевизија. Во име на Македонска алијанса се обрати Валентина Нестор, кординатор на жените на МАЕИ и носител на листата за регионот на Корча.
Партијата се залага за поголеми права за Македонците во Албанија.
Во продолжение следува интегрален текст од обраќањето на државната телевизија.
Почитувани Македонци и Македонки,
Драги мои сонародници,
На престојните парламентарни избори, на 23 јуни, сите Македонци, без разлика од вашето потекло, без разлика од вашиот социјален и општествен статус, мора да ги заборавите поранешните политички гледишта и да гласате за Македонска алијанса за европска интеграција.Досега, од самите политички услови, немавте можност да гласате за македонски политички субјект, и поради тоа, честопати албанската политика успевала да ве подели на леви и десни, а Вие меѓу вас да се чувствувате како противници.
Драги браќа и сестри, отсекогаш сме се идентификувале како нашенци, е тој назив што не прави посебни од заедницата во којашто живееме и како такви, барем во овие моменти, мора да бидеме обединети и да гласаме како Македонци.
Македонска алијанса се залага за унапредување на правата на сите Македонци во Албанија. А тоа може да се постигне, само со поддржување на нашата партија, што и ние да бидеме застапени во албанското собрание.
Тоа ќе го постигнеме, ако вашиот глас не го пропуштате давајќи го на другите партии, но го дадете за вашите претставници, Македонци, кои живеат со вас и вашите секојдневни проблеми и се залагаат за вашите права, како:
- Признавање со статус на “македонско национално малцинсто“ на Македонците во Голобрдо и Гора, како и нивното право за изучување на мајчиниот јазик.
- Право за информирање на македонски јазик во албанската државна телевизија.
- Македонска алијанса за европска интеграција се залага за правото за вработување на Македонците во јавната администрација, судството и другите државни институции.
- Ние се залагаме за профункционирање на училиштето во село Врбник, што и тие деца да имаат право да го изучуваат мајчиниот јазик во своето родно место.
- За економски развој, со подобрување на инфраструктурата, канализации и водовод во областите на Мала Преспа и Врбник.
- Ние ја подржуваме европската интеграција на Република Албанија, каде што припаѓаме и ние како албански државјани. Но, пред се, мора самите да бидеме интегрирани во албанското општество, не како граѓани од втор ред, но како лојални граѓани.
- Заштитата на македонскиот јазик, култура и обичаи е заштита на нашиот идентитет, е чување на нашето достоинство. Тоа е граѓанска и морална одговорност за секој Македонец. Тоа е наша одговорност кон идните генерации.
- Верувам дека е време кога секој кој се чувствува Македонец и има македонска крв, без разлика од претходните политички гледишта, да задржи патриотски и цивилизиран став и својот глас да го даде за македонска алијанса, за својата партија.
- Само така ние може да ги унапредуваме нашите права за вработување, школување и информирање на мајчин јазик.
Уште еднаш сакам да упатам повик до сите Македонци, време е да рефлектирате.
Не стојте под сенката на социјалистите и демократите, но гласајте за својата партија.
Гласајте за Македонска алијанса за европска интеграција,
Гласајте за вашиот идентитет,
Гласајте за вашата иднина!
Гласајте за бројот 63”. - истакна Валентина Нестор на државната албанска телевизја.
Претходно на 1-ви јуни 2013 година, програмата на МАЕИ ја престави Валбона Сербин, кординатор на младите на МАЕИ.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
На специална церемония Стойко Стойков
ОФИЦИАЛНО ПОЛУЧИ ТИТЛАТА “ДОКТОР НА ИСТОРИЧЕСКИТЕ НАУКИ”
На 12 юни т.г. в тържествената зала на ректората на университета „Св. Кирил и Методий” в Скопие зам-редакторът на вестник “Народна воля” Стойко Стойков на специална церемония получи докторската си диплома, с което вече съвсем официално получава титлата „Доктор на историческите науки”. Както “Народна воля” вече писа, Стойков защити докторантура на 17 януари тази година. На церемонията бяха номинирани 13 нови доктори на науките. Стойков бе представен от декана на Философския факултет - проф. д-р Горан Айдински, а дипломата му бе връчена от ректора на университета д-р Велимир Стойковски. На церемонията присъстваха членове на семейството и приятели.
Както вече вестник “Народна воля” съобщи, подготвя се сборник с материали (документи и спомени) на македонци, пострадали по времето на комунизма. Ако решите да оставите в историята болката си от това, че сте били и сте македонци, обадете се на телефон 0887975531, за да научите как да бъдете включени в книгата. Тя вече се оформя. Побързайте!
От съставителя на сборника
Нова книга
Излизе от печат дългоочакваното издание на спомените на известния анархист революционер и борец за освобождението на Македония Петър Манджуков -
“Предвестници на бурята”
Той е един от групата на легендарните „гемиджии“ - солунските атентатори, организирали най-големия на Балканите акт срещу символите на турския и европейския империализъм през пролетта на 1903 г. Манджуков е увлекателен разказвач, оставил безценни свидетелства за времето, културата, политиката, хората и техните борби.
Спомените си Манджуков пише между 1946 и 1959 година. По-късно той ги изпраща нелегално в Париж.
Книгата е с формат: 165 х 235 мм, с 603 страници и струва 15 лева.
За контакти: в-к. “Народна воля”, тел: (073) 88 63 36.
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting