Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Економија

СУБРАТА ЌЕ ВЛОЖИ НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЏУМАЈЛИЈА

(Преземено од МИА)


Субрата Рој ќе вложи над 200 милиони евра во агрокомбинатот Џумајлија. Индискиот милијардер, на прес конференција во присуство на премиерот Груевски и министерот за земјоделство Димовски, информираше дека е доставена банкарска гаранција со која се потврдува инвестицијата.

Според инвестицискиот план Сахара Груп во следните три години ќе вработи над 2000 лица, ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.

„Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е оддржлив, а посебно не сегментот на земјоделството каде тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со оглед на гео - стратешката положба на земјата, можностите за успех на еден бизнис се големи. Анализите ни покажуваат дека со правилни инвестиции ќе успееме да ја оствариме нашата цел да бидеме лидери во овој сегмент во регионот. Можностите за развој се големи само треба да се искористат“, изјави Субрата Рој, претседател на Сахара Групацијата.

За 18 месеци, компанијата е обврзана да вложи 60 милиони евра од вкупниот износ на инвестицијата.

“Банкарската гаранција која треба да обезбеди почеток на инвестицијата е доставена. Интересот на државата од инвестицијата, е пред се во отворање нови работни места и развој на земјоделството, особено во сточарството. Остануваме отворени за секаква соработка и помош за реализирање на оваа инвестиција, изјави Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вложувањата на Сахара Груп во Џумајлија ќе значат обезбедување на инфраструктура за извршување на земјоделските работи, набавка на машини, изградба на модерна фарма со современ систем на молзење и на најсовремена млекарница за производство на млеко и млечни производи.

Инвестициит ќе се одвиваат во етапни фази поради долгиот рок и комплексноста на изведување на проектите, информираат од компанијата.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting