Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Конгресменот Марлин Статзман

НОВ ЧЛЕН НА КОНГРЕСНАТА ГРУПА ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)


Конгресменот Марлин Статзман, републиканец од Индијана, е најновиот член на конгресната група пријатели на Македонија. Статзман го претставува третото гласачко тело на Индијана и е втор конгресмен од оваа американска сојузна држава кој и се приклучил на македонската кауза.

Избран за конгресмен во 2010 година, конгресменот Статзман е член на финансискиот комитет на Конгресот и предводник на Републиканците од Индијана во Претставничкиот дом. Член е на поткомисијата за финансиски институции и потрошувачки кредити, како и на поткомисијата за монетарна политика и трговија. Пред да биде избран за Конгресот, Статзман служел во Претставничкиот дом (2002-2008) и државниот Сенат (2008-2010) на Индијана. Кога првпат го избрале на 26 годишна возраст, тој, до 2006, бил најмладиот служебник во законодавството на соединетата држава Индијана.

Форт Венј, Индијана, е дом на една од најстарите македонско-американски заедници во САД која започнала да емигрира уште пред еден век. Претходната година, Форт Вејн беше домаќин на 91-та конвенција на Македонската патриотска организација, а во исто време е дом на најстариот континуирано печатен македонски весник во светот, Мацедониан Трибуне, основан во 1927, како и на македонски музеј.

Заедницата главно се собира во црквата „Св. Никола“ која била основана од Американците со македонско потекло, по завршувањето на Првата светска војна. Во ноември оваа година, таа ќе биде домаќин на 43-от годишен македонски бал во чест на културното наследство од нејзините основачи.

- Марлин Статзман е човек со длабока верба, човек кој високо го почитува семејството и ја сака слободата. Семејството, вербата и слободата се преоритети кои го дефинираат, рече Тимоти Гоеглин, Американец со македонско потекло, роден во Форт Вејн, специјален асистент на американскиот претседател Џорџ Буш и заменик директор на канцеларијата за врски во Белата куќа од 2001 до 2008.

Според претставникот на ОМД за Индијана, Арџи Н. Белио, Форт Вејн се гордее со повеќе од 100 години богата македонска историја.
- Овде спаѓаат советници на американските претседатели, градоначалници, доктори, професори, судии, бизнисмени, адвокати, како и други луѓе кои заедно ги претставуваат сите аспекти на нашето американско општество, изјави Арџи Н. Белио.

Конгресната група за Македонија функционира како орган за одржување и зацврстување на позитивната и обострано корисна врска помеѓу САД и Македонија.

Како глас на македонските Американци во Вашингтон, ОМД очекува да ја продолжи соработката со сите членови на конгресната група за Македонија, со цел понатамошно зацврстување на македонско- американските односи. ОМД ги охрабрува сите Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгресот и да ги замолат да и се придружат на Конгресната група за Македонија.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај



Кон читателите на вестникот

П О П Р А В К А

Во минатиот број на весникот во материјалот посветен на Националната конференција на ОМО „Илинден“ - ПИРИН е допуштена ненамерна грешка. Имено г-нот Александар Поповски, кој ја поздрави конференцијата е представник на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, а не нa Заедницата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Им се извинуваме на г-нот Поповски и на читателите на весникот за ова ненамерна грешка.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting