Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Акад. Иван Катарџиев

ЕДНО ПАТУВАЊЕ ОД ПИРИН ВО СКОПЈЕ, ГЛАВЕН ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1944-1989. ЧЕКОРЕЊЕ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

Секако, ова писмо на Георги Димитров до Тито не значи дека на еден пат бидат решени сите проблеми. Би можело да се каже дека односите меѓу двете антифашистички движења навлегле во помирни води. Писмото на Георги Димитров означува нова етапа во развојот на политичките односи на Балканот. Но за целосно помирување, ако воопшто тоа е можно на балканите требало уште многу време и многу позитивни напори. Тоа е фаза на автер шокови кои паралелно се појавуваат со динамиката на настаните. Таква една прилика е прогласувањето на македонската федерална држава, рамноправен член на федерална држава на народите на Југославија на 29 ноември 1943 година. По неа следат подготовките за одржувањето на Првото заседание на АСНОМ кои започнале во почетокот на 1944 година и на кои се донесени основните документи за формирање на македонската држава, пред се на прашањето за афирмација на македонскиот јазик и кирилско писмо, за развојот на македонската култура, формирањето на Президиумот на АСНОМ, итн. Основањето на македонската држава на 2 август 1944 година само по себе претставува фактор за подигнување на македонското национално самочувство насекаде на Балканот каде што живеат Македонци. На 26 септември 1944 година, 29 истакнати македонски борци за самобитноста на македонскиот народ од емиграцијата во Бугарија ќе обратат со апел до македонската емиграција во Бугарија да ја подржи националноослободителната борба внатре во Македонија. (Цит. кн. 1121-1122).

Во македонската држава федерална Македонија, идејата за обединета самостојна Македонија се претвора во идеологија на масите.
Односот помеѓу македонската држава по нејзиното создавање на Првото заседание на АСНОМ и бугарската држава по промените на политичкиот систем на 9 септември 1944 година добива нов квалитет. Сега од Бугарија никој повеќе не бара решавањето на иднината на Македонија да се стори по пат на арбитража. Сега е Република Македонија која интензивно го бара приклучувањето на Пиринска Македонија кон македонската држава. Во врска со тоа, во записникот бр. 7 од седницата на ЦК на БКП се гледа дека на 2 ноември 1944 година било поставено на разгледување македонското прашање на партиската организација во Горна Џумаја.

Во врска со тоа во записникот се вели дека под точка 2, во врска со македонското прашање се разговарало „како да биде поставено македонското прашање пред Конференцијата во Горна Џумаја. Се заклучило „дека сега не може, во никој случај не бива практично да се поставува и приклучувањето на Пиринска Македонија кон Народна Република Македонија“.

Во продолжение на записникот се подвлекува „дека партијата си зема обврска да ја популаризира новата македонска држава кај бугарскиот народ и македонското население. Ќе работи за будење на националното сознание кај македонското население во Петричкиот крај. Ќе нагласуваат дека се за обединување на македонскиот народ во единствена Македонија“, но ја подвлекуваат и позицијата на бугарската држава дека тоа може да се случи по создавањето на сојуз помеѓу Бугарија и Југославија.

Но тоа што овој записник привлекува внимание тоа спремноста на ЦК на БКП „уште сега ние можеме да ја викаме горноџумајската област македонска област, нашата политичка организација таму ќе ја третираме како македонска организација, која по содржина ќе води комунистичка, а по форма македонска национална активност. Таа линија на партиската обласна конференција во Горна Џумаја ќе ја спроведе Владимир Поптомов. (Цит. книга стра. 1139-1140).

Истиот ден, на 3 ноември 1944 година Трајчо Костов писмено ќе го информира Јосип Броз Тито меѓу другото и ова: „Ние ве информираме дека нашата партија и народ ја поздравуваат новата македонска држава. Ќе работиме на нејзиното популаризирање како сред бугарскиот народ, особено сред населението во бугарскиот дел на Македонија, ќе го будиме македонското национално сознание кај тоа население преку укажувањето на херојското минато и сегашност на македонскиот народ во неговата борба за ослободување, именувајќи ги училиштата и организациите со имињата на македонски борци и ќе ја застапуваме македонската вистина итн. За истата цел, нашата горноџумајска партиска организација ќе ја преименуваме во македонска, со правата на Обласниот комитет на партијата под раководството на ЦК на нашата партија, наложувајќи ја задачата да спроведуваат комунистичка, по содржина национална (македонска), по форма работа.“ (Цит. кн. стр. 1140-1142).

Но, македонската страна не била задоволна со тоа. Таа барала во „бугарска Македонија да се формираат македонски единици кои за сега ќе влегуваат во составот на бугарската армија и ќе бидат под бугарска команда, но ќе се борат заедно со македонските единици од Југословенската армија против Германците. Освен тоа, било барано во сите села и градови да се формираат македонски националноослободителни комитети како и обласен националноослободителен комитет во Горна Џумаја. (Цит. кн. стр. 1144).

Македонската страна барала да се забрза постапката за приклучување на Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија инсистирајќи дека тој акт не треба да се поврзува со потпишувањето на договор за сојуз меѓу Југославија и Бугарија, ниту со прашањето за враќањето на западните покраини од Југославија на Бугарија. Притоа, јасно се давало до знаење дека македонското прашање треба да се решава само за себе како дел од акцијата за обединување на Македонија. Македонската страна е офанзивна и по прашањето на времето на создавањето на македонската нација. На теоретски план за суштината на македонската нација особено е активен Димитар Влахов. Тој на 1 декември 1944 година во Белград, како потпретседател на АВНОЈ и претставник на Македонија дал интервју за весникот Отечествен фронт во Бугарија. Во интервјуто Влахов кусо и аргументирано се задржува на ослободителната борба на македонскиот народ од крајот на XIX век. Во тоа интервју на една страна ја обвинува Бугарија за ограбување на македонското население во време на окупацијата под т.н. ослободителна борба што тој тоа го квалификува како шпекулација со македонското дело. Злоупотребата на македонското дело од великобугаризмот Влахов го користи како аргумент за ослободувањето од илузијата за „ослободителната мисија на Бугарија во Македонија“. Тој развива теорија дека бројни политички насилници во тоа време создадоа почва за промена на националното сознание на Македонците. (Подвлечено во оригиналот, цит. кн. стр. 1162-1163)

Аргументирајќи ги своите ставови Влахов користи особено еден значаен факт и тоа: по ослободувањето на Бугарија, Македонците беа оставени да живеат во друга држава, во други културни и политички услови отколку Бугарите во Тракија и Мизија… „економското, политичкото и културното влијание на Македонците се зајакнуваа во зависност од слабеењето на нивните врски со Бугарите од Низија и Тракија. Културната и револуционерната борба што ја водеше македонскиот народ по балканските војни за своето целосно духовно и политичко ослободување, уште повеќе ги засили тие врски. На таков начин Македонците започнаа да се чувствуваат како единствена културно-политичка и економска целина. По војните од 1912-1913 година овие сознанија на македонскиот народ уште повеќе се продлабочија. Прогонувањата, терористичките и диктаторски режими во сите 3 области на Македонија помогнаа во зацврстувањето на идејата и сознанието на македонското дело како единствен народ, се оформува како самостојна нација чиј процес на оформување се развива со брзо темпо. Тоа сознание си пробива пат во широките слоеви на македонскиот народ“. (Цит. кн. 1164)

Ваквите теориски поставки Влахов често ќе ги повторува во своите говори и интервјуа. Затоа зборувал и на 5 март 1945 година во салонот на Кино Македонија во Софија. Во своето предавање тогаш рекол: „Прашање за македонската нација во федерална Македонија не постои. Македонците се чувствуваат како Јужни Словени. Оформувајќи се како одделна нација Македонија престанува да биде јаболко на судири“. (Цит. кн. стр. 1021).

(Продължава в следващия брой)

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2020 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!

Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,50 лв.
за шест месеца - 3,00 лв.
за една година - 6,00 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 15 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.


Краен срок за абониране - 16 декември 2018 г.!

За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!


"Народна волja" - каталожен номер 2050!

Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2020 година!




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
Начална • За нас • Архив • За врзака • Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting