Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Колумна од Воислав Зафировски, партија Интегра

ТЕМПИРАНА БОМБА НА БАЛКАНОТ

Воислав Зафировски, партија Интегра

Ирационалноста во барањата на Бугарија не е случајна, таа е поттикната со перманентното „виткање кичма“ од страна на македонските безрбетници и безрбетната македонска дипломатија. Деновиве една тема силно ја разбранува македонската јавност. Тоа е барањето на официјалните бугарски власти да се избрише Македонскиот јазик и да се користи терминот – официјален јазик на Република Северна Македонија, како услов за отварање на процесот на преговори со ЕУ.

Што да каже човек на ваква глупост!

Ако е дојдено до таму, почнувањето на преговорите и влезот на Македонија во ЕУ да зависи од тоа дали колективно ќе не обезличат и од Македонци ќе не прогласат за Бугари, или ќе креираат некаква нова вештачка нација (северномакедонска?!), тогаш Европска Унијо врви си со здравје.

За нас Македонците, отсекогаш во историски контекст гледано, со генерации наназад синоним за губитник отсекогаш била политиката на официјална Софија, која редовно секогаш биле на погрешната страна во историјата, а за хроничен должник се зборувало и се зборува за Грција.

Сега, заради погубните и велепредавнички политики на Заев и Димитров, треба ние да си ја менуваме историјата, да го преименуваме сопствениот јазик и да се именуваме со името на тие кои цел живот не негирале, не презирале, ни се потсмевале и сето тоа како услов за почеток на преговори со ЕУ. Ако на ЕУ не й е јасен коренот на проблемот што го имаат Грција и Бугарија со нас, тогаш не ни е местото во тоа расипано друштво.

Суштината на балканскиот и европски проблем е се уште нерешеното или подобро кажано лошо решеното македонско прашање. Ни Балканот, ниту пак Европа ќе бидат мирни со измислување на глупави решенија за т.н. проблеми што ги имаат Грција и Бугарија со Македонија. Нивниот немир доаѓа од таму што некој на маса во Букурешт им подарил нешто што не е нивно, што не им припаѓа, а не дека Република Македонија е каква било, реална опасност за нив. Ваквиот пристап на Европа и светот воопшто не значи ништо друго освен инсталирање на темпирана бомба која без најава може да експлодира, особено што апетитите на бугарската и грчката политика се неразумни, нецивилизирани, ирационални и навредливи за Македонија и Македонците.

Но, таквата нивна ирационалност не е случајна, таа е поттикната со перманентното „виткање кичма” од страна на македонските безрбетници и безрбетната македонска дипломатија.
Тие за само три години направија велепредавство на македонската држава и нација, за што не историјата, туку ние тука и сега треба да им судиме.
Фашизоидни се барањата на официјалната бугарска и грчка политика работите да не смееме да ги именуваме со вистинското име, фашистички се обидите да ни биде променета менталната матрица и да ни биде инсталиран туѓ генетски код, да ни се наметнат вредности кои отсекогаш ни биле туѓи и неприфатливи. Тоа е најстрашната форма на геноцид врз еден народ со свој јазик, со своја историја, со своја културна посебност, пострашна и од едноставната физичка ликвидација.

Ако сево ова на Европа не й е јасно, тогаш таквото друштво нам не ни прилега, бидејќи размислуваме и се однесуваме традиционално. Ние се уште на бракот гледаме како на заедница меѓу жена и маж; се уште познаваме два пола; во име на слободата никому ништо не спориме, но не прифаќаме да славиме, да се воодушевуваме и величаме нешто што природно не ни прилега, бидејќи ние се уште сме народ што негува традиционални вредности. За крај, колку побргу Европа, а особено елитите во Бугарија и во Грција разберат како се доживуваат во Република Македонија, колку побргу ја прифатат реалноста и покажат подготвеност за искрена соработка, толку ќе биде подобро за регионот и за Европа воопшто.

Во спротивно, ефектот ќе биде поразителен за сите и сите ќе бидеме губитници на долг рок. Евроскептицизмот дополнително ќе се зголеми, а поимувањето за губитничката политика на Бугарија и задолженоста како грчка и натаму ќе останат во свеста и не само на Македонецот.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Поезия

БРАКЯ МАКЕДОНЦИ

Всеки, който ни отрича,
е палач на свободата
и самичък се обрича
да изчезне от земята.

---


В Ъ П Р О С

Докога, позорно време,
ще разпъваш Македония,
че не може да приеме
продиктувана агония?!

Крум Вагалински



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting