Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Акад. Иван Катарџиев

ЕДНО ПАТУВАЊЕ ОД ПИРИН ВО СКОПЈЕ, ГЛАВЕН ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1944-1989. ЧЕКОРЕЊЕ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ


Нема причини да не му се верува на Митко Зафировски за достоверност на пренесените информации за тоа дека во тој период работата во реализацијата на Програмата за културна автономија во Пиринска Македонија била сосема запрена. Секако, оваа констатација се однесува на активностите на партиските форуми. Познато е дека во текот на 1947-48 година од Пиринска Македонија во НР Македонија биле испратени повеќе од 120 средношколци од разни профили за да го оформат своето образование во НРМ. Ако се имаат предвид материјалните можности на македонската држава во тоа време, демографските капацитети на Пиринска Македонија, отпорот на некои сегменти на бугарската власт и особено жестокиот отпор на бугарската опозиција во врска со политиката на државата спрема македонското прашање, тогаш треба да се признае дека тоа било реално, оптимално постигнување. Студентите и учениците што биле испратени своето образование да го оформат во училиштата во македонската држава на македонски јазик, требало да израснат во реална кадровска база што во свое време ќе биде во состојба да ја материјализира идејата за културна автономија во Пиринска Македонија.

13. Противмакедонската активност на БРП(к) пред објавувањето на Резолуцијата на Иб. Моето збогување со БКП

Во историската публицистика обично се смета дека негативните промени на бугарската политика во однос на постоењето на македонската нација, јазик, култура и идентитет започнале по објавувањето на Резолуцијата на информбиро од 28 јуни 1948 година. Таа Резолуција обично се смета за судир помеѓу Јосип Броз Тито и Јосиф Васарионович Сталин. Судир што се претвори во судир меѓу СФР Југославија и СССР и стана дел од Студената војна во тоа време со што доби глобални димензии.

Во судирот Тито – Сталин беа вовлечени сите источноевропски држава што се наоѓаа под доминацијата на Советскиот Сојуз.

Колку до БРП(к) која беше владејачка партија во Бугарија за неа таа Резолуција беше добредојден настан. Тој на големобугарскиот шовинизам му даваше шанса да ги израмни своите сметки со Југославија, поточно со Србија која претставуваше голема пречка за реализација на големобугарските аспирации кон Вардарска Македонија, односно НР Македонија. Судирот Тито – Сталин во Бугарија на бугарските комунисти им даде шанса себеси да се промовираат како еден од најверните сојузници на Сталин во рамките на Источниот блок.

Резолуцијата на информбиро во Бугарија беше прифатена како стратешки документ на внатрешната и меѓународна политика на бугарската држава. Со неа и беше ставен крај на политиката метафорички означена како „Димитровски период“.

Глобално погледнато во рамките на клучните елементи на оваа политика, особено на нејзините демократски сегменти, ваквата формулација веројатно и може да се смета како прифатлива. Меѓутоа сведена на конкретен пример како што е случајот со признавањето правото на самоопределување на Македонците во Пиринска Македонија од страна на БРП(к) тоа не би било точно.

(Продължава в следващия брой)

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting