Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Акад. Иван Катарџиев

ЕДНО ПАТУВАЊЕ ОД ПИРИН ВО СКОПЈЕ, ГЛАВЕН ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1944-1989.
ЧЕКОРЕЊЕ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ

Георги Димитров исто така на Пленумот поднесол воведен говор, а тоа ќе го стори и на 5 Конгрес на БРП(к) што се одржал есента 1948 година. Ако се суди врз основа на објавеното на неговиот реферат може да се заклучи дека неговата позиција во тоа време на Пленумот претставувала вистинска историска иронија. Човекот кој се прославил на процесот во Лајпциг 1936 година против нацифашизмот на Хитлер сега е сведен на обична карикатура. Георги Димитров кој на 10 Пленум на БРП(к) во август 1946 година беше во позиција да бара да се спроведе во дело сугестијата на Сталин на Македонците во Пиринска Македонија да им се даде културна автономија во рамките на Бугарија, сега во месец јули 1948 година бил принуден да ја промовира новата сталинова наредба да им се укине културната автономија на Македонците во Пиринска Македонија.

Во случајот заради историско достоинство ќе кажеме дека сугестијата на Сталин од месец јули 1946 година експлицитно сугерираше бугарската државна делегација што во Москва го посетила да ја спроведе културната автономија, додека пак во Резолуцијата ИБ од 1948 година ваквата сугестија е вметната во политичката осуда на Тито во резолуцијата на ИБ. Без претерување може да се каже дека излагањето на Георги Димитров на Пленумот и потоа на Конгресот било излагање на изморен, разочаран од ситуацијата во која се наоѓал човекот. Тој бил изложен на жесток притисок на бугарскиот национализам во редовите на Партијата, како и на другите националистички структури во бугарското општество. Бугарскиот национализам не можело да му опрости на Георги Димитров што го призна постоењето на македонската нација и што се согласи на Македонците во Пиринска Македонија да им се даде културна автономија.

Тоа што таа автономија имаше реципрочен карактер, т.е. таа важеше и за Бугарите во западните покраини на територијата на Југославија за бугарскиот шовинизам немаше никакво значење. Тој не го признаваше постоењето на македонскиот народ, па според тоа сметаше дека нема основа за политика на реципрочност бидејќи во прашање е еден исто народ – бугарскиот.

14. Бунтот на Герасим Тодоров од с. Влахи и на браќата Рујчеви од с. Плоски против комунистичкиот режим Паѓа во очи дека во документацијата за карактерот на владеењето на Бугарската комунистичка партија во Пиринска Македонија нема ниту збор за тешката економска положба во округот. Тоа прашање во својата дискусија ќе го дотакне само организациониот секретар на Обласниот комитет во Горна Џумаја Ефтим Георгиев. Освен празната реторика за благодетите на социјализмот што го имаат за стопанскиот развојот на Пиринска Македонија, народот и понатаму како и пред тоа живеел во мизерија, само од одгледувањето на тутун и некои малку други производи.

(Продължава в следващия брой)

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting