Бугарскиот политички аналитичар Иван Крастев не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
„Не очекувам дека Бугарија ќе ги блокира овие преговори. Европската интеграција на Западен Балкан е стратешки важна за Бугарија... Само ќе изгледаме смешно...“, вели политикологот Крастев во интервју за бугарскиот весник „Дневник”.
Во однос на отвореното писмо од триесеттина бугарски интелектуалци... Крастев оценува дека тоа е важно, бидејќи меѓу неговите потписници се некои од најавторитетните бугарски историчари.
„Јас не сум историчар, но сметам дека обраќањето е важно... Европа не може да не разбере ако нашиот став е дека сите нации во Европа се „природни” и само „македонската” е вештачки...“, вели угледниот бугарски аналитичар.
Според него, почетокот на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија не значи дека Бугарија ги прифаќа тезите на Скопје. – Едноставно, Брисел не може да ја замени потребата од сериозна историска наука, посочува аналитичарот Крастев.