Парламентот во Софија синоќа на вонредна седница донесе резолуција според која целата Вселена е Бугарска.
Подносители на резолуцијата беа речиси сите политички партии од Бугарија, а истата беше изгласана со 198 гласа за, 0 гласови против и 1 воздржан кој тврдеше дека целата Вселена е Бугарска но има еден дел кој е турко-монголски.
Претставници на подносителите на оваа резолуција Аспарух Угрофинов и Омуртаг Тервелов изјавија дека со оваа резолуција се забрзува постапката на постепено освојување на Вселената од страна на Бугарија...
Според резолуцијата, Адам и Ева биле прабугари кои говореле бугарски јазик, Никола Тесла е најдобриот бугарски научник, Леброн Џејмс и Мајкл Џордан се потомци на бугарски емигранти, а Големата Експлозија (Биг Бенг) настанува поради бугарскиот грав...
Со усвојувањето на оваа резолуција Бугарија затвора едно важно поглавје од својата историја и во наредните 1500 години пополека ќе има за цел сите истории во светот да ги прилагоди на усвоената резолуција.