„Ова мое ново обраќање до вас ќе го започнам со фрагмент од една македонска народна песна: „…Море ред се редат мале, море ред се редат, битолски ергени“…, а сега ова „битолски ергени“ ни станува во нашево сегашно живеење, „бугарски бисери“...
Значи КИРИЛИЦАТА не е кирилица, таа е „бугарица“. Така излегува дека светите браќа Кирил и Методиј од Солун се бугарски поданици, а без да го знаат тоа...
Хаосот во нивните глави (на историчарите и политичарите) го пренесуваат и во највисоките инстанци на Европа. Сиромашката Европа што сè ќе ја чека од нивната (едвај) влезена членка...
„Бугарица“ е сега на ред. Ама може ли и ние да застанеме во тој ред... па да речеме дека „бугарскиот јазик“ е источен дијалект на македонскиот јазик...
Правиме некакви комисии низ кои ќе се одземе сè што нашиот добрососеден „љубовник“ ни го зема, се разбира преку бакнеж. „Коза ностра“ ги испраќала своите неподобни членови со „еден бакнеж“. Бакнежот лебди во воздухот, невидлив е како коронавирусот. Не знаеш кога ќе те втаса.