Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Во селото Ваташа биле убиени дванаесет младинци само затоа што биле Македонци

ФАШИСТИТЕ ШТО ГИ УБИЈА ВАТАШКИТЕ МЛАДИНЦИ БЕА ОСУДЕНИ И СТРЕЛАНИ ПРЕД ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ВО КАВАДАРЦИ!

Блаже Миневски

Историски сведоштва за воени злосторства

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ако е за вистинско добрососедство, по одлежувањето на ковид-19, за што му посакуваме брзо закрепнување, веднаш треба да допатува во Македонија и јавно да се извини за масакрот што неговата држава го направила пред 76 години во селото Ваташа, Кавадаречко, кога биле убиени дванаесет младинци само затоа што биле Македонци.

Бугарските фашисти на 16 јуни 1943 година ги стрелале Перо Илов, кој бил најмал со 15 години, Ванчо Гурев, Данко Давков, Илија Димов, Ристо Гондев, Блаже Ицев, Пане Мешков, Герасим Матаков, Диме Чекоров Пане Џунов, Ферчо Попѓорѓиев и Васо Хаџи-Јорданов, кој со дваесет и осум години бил најстар во групата. По капитулацијата во 1944 година, добрососедската држава на премиерот Борисов го признала масакрот, испорачувајќи ѝ ги на Македонија директните извршители на стрелањето во Моклиште.

Ацо Шопов: „Одмаздата му тежи на врагот!“

Големиот македонски поет Ацо Шопов за овој настан меѓу другото ќе напише: „Јуни. Тиквешко. 1943. Окупаторот беснее од немоќ. Ништо не го запира победоносниот разгор на сенародната борба. Ни јавните закани, ни затворите, ни претепувањата, ни убиствата одненадеж, во постела – дома, на нива, – во полето. Секоја закана е стократен гнев, секое убиство – повик за слобода. Тежи воздухот од одмазда, одмаздата му тежи на врагот. Над Ваташа се вгнездува ноќта, во ноќта се вгнездува врагот. Селото заспива опкружено од дива глутница. А во раниот изгрев – дванаесет удари со кундаци на дванаесет ваташки порти и стравотен кучешки лај. Викотници, писоци, пцости. Дванаесет врзани младинци во селската кафеана…“ Потоа пишува за сите дванаесет одделно, и на крајот, по потресната сцена на стрелањето, го завршува својот текст со „непрегледната сончева колона“: „Ако не ве препознаат мајките, ќе ве препознае земјата, ќе ве препознае колоната во која мртви чекорите, непрегледна сончева колона на младоста.“ Според Раде Гогов, сведок на настаните од 1943 година, на 16 јуни 1943 година, по неуспешниот обид за деноноќна осумдневна офанзива од 7 до 15 јуни за да ги уништи партизанските одреди „Добри Даскалов“ и „Сава Михајлов“, кои оперираат во Тиквешијата, бугарските окупатори со големи воени и полициски сили извршиле блокада на Ваташа, Кавадарци ина Неготино: „Бугарскиот окупатор во таа акција уби неколку партизани во заседа, две мајки на партизани и уште неколку лица, што беше малку за нивниот план да го уништат движењето. Бугарскиот окупатор и неговите разбеснети војници и полицајци во Тиквешко го запомнаа оружјето на Македонците.

За осум дена колку што траеше нивната офанзива до стрелањето на ваташките деца, триесет окупаторски војници и полицајци ги оставија коските во земјата што им беше туѓа, не нивна, а педесет ќе носат белези по телата, главите и нозете сѐ додека се живи. Полковникот Апостолов, оној што ја даде наредбата за стрелање на младинците, по капитулацијата на Бугарија на 9 септември 1944 година, успеа да избега во Софија. Неколку дена потоа некој Тиквешанец, кој бил интерниран во Бугарија, го сретнал на улица и со помош на неколкумина другари го фатил и го однел во македонската народноослободителна бригада ’Гоце Делчев‘. Крвникот сѐ уште носел полковничка униформа. По налог на новата бугарска отечественофронтовска влада го спровеле во Скопје, а потоа во Кавадарци. Кога за тоа разбрале мајките на стреланите деца веднаш пристигнале во Кавадарци, влегле во затворот и за малку ќе го отепале. Тој е изведен пред народниот суд, во салата на монополот, и е осуден на смрт со стрелање. Го воделе пеш кон Возарци на околу еден километар од градот, а војниците од народната одбрана одвај успеале да го спасат од народот. Кога му ги врзале очите и го наместиле пред ископаниот гроб, стотици камења летнале кон него, врз човекот што не беше тоа. И другите виновници поминаа исто или слично. Поручникот Костов и Петко Оприков беа ликвидирани, додека Димитар Раев, Асен Богданов и Борис Жуглов беа осудени на смрт во Скопје и стрелани“, пишува првоборецот Раде Гогов.

Невенка и Ката го гледале стрелањето на своите браќа!

Ваташанката Павлина Касапинова, една од четирите девојки што биле со колоната за стрелање, но сепак имале среќа да преживеат, во едно во сеќавање вели: „Неколкумина од другарите имаа часовници. Војниците, откако ги избодија, ги ограбија по смртта!“ Невена и Ката го гледале стрелањето на своите браќа, Васо Хаџи Јорданов и Блаже Ицев. Ката Ицева подоцна има изјавено: „Уште недоубиени, нас, младинките, нѐ тераа да седиме до нив, туркајќи нѐ со пиштолите в рака. Ние мислевме дека и нас ќе нѐ стрелаат и при туркањето бевме испрскани со крвта на нашите браќа и другари“. И Невена Махајлова Хаџи Јорданова, една од младинките што била во групата, никогаш не го заборави тој 16 јуни 1943 година: „Тргнавме кон месноста Моклиште. Бев изненадена што нѐ водат кон Моклиште, а не кон Кавадарци, како што мислевме, на ново сослушување. Никој немаше низ селото, луѓето не смееја да погледнат ниту низ прозорците. Затоа и никој во Ваташа не знаеше дека нѐ водат кон Моклиште… Беше голема горештина. Полека одевме нагоре, претепани, а бевме и гладни и жедни. Веројатно беше околу 12 часот кога ни пријде поручникот Костов и нѐ праша дали е далеку Моклишкиот манастир. Кога разбра дека има уште еден час одење нареди да се запрат момчињата што беа пред нас. Кога ги стигнавме, видовме дека се бледи и изнемоштени. Не чекаа кај Дуловото Долче, под една сенка. Брат ми Васо му пријде на Орпеков и му рече дека не ја затворил кафеаната. ’Ќе ја затвори татко ти‘, одговори тој.

Потоа наместо во Моклиште нѐ одведоа на една лединка покрај реката Луда Мара, каде што имаше дрвја и грмушки. Момчињата беа клекнати под сенката на едно големо дрво, а ние девојчињата застанавме на 5-6 метри подалеку од нив. Костов, Опреков и агентите се тргнаа настрана и се договараа нешто. Се гледавме меѓу себе. Не ни помислувавме дека никогаш повеќе нема да се видиме. Војската беше во полукруг околу момчињата. На десетина метри зад нив се наоѓаше сувото корито на Луда Мара. Брат ми Васо го познаваше теренот, бидејќи тука имавме нива. Забележав дека сѐ повеќе се врти и погледнува зад себе. Наеднаш стана и, додека џелатите се договараа, почна да бега кон реката. Сѐ се случи за еден миг. Веднаш по него скокнаа и Диме Чекоров и Герасим Матаков, и тие потрчаа кон реката. Непријателот беше изненаден од смелоста на трите момчиња. Слушнав само кога викнаа: ’Стрелајте!‘ Почна страшна пукотница со митралези, пушки и револвери. Видов дека брат ми беше ранет во десното рамо – крв му бликаше нагоре и му поцрвени кошулата. Герасим падна и почна да офка, веројатно беше ранет. Диме за миг исчезна. Другите наши другари, како што беа клекнати попаѓаа од дождот куршуми. Ни глас не пуштија од себе. Од земјата се дигна прашина од куршумите што удираа во неа. Се замагли околу нас од правот и од чадот на митралезите и пушките. Видов како неколку војници и полицајци потрчаа по Герасим и со истрели го дотепаа. Ние четирите девојчиња гледавме како скаменети. Сѐ се случуваше како на сон.

Повторував во себе дека ова не е вистина. Ги затворив очите не сакајќи да верувам во она што се случува пред мене. Не се сеќавам на другите моменти, освен на оној кога првите куршуми почнаа да ги погодуваат другарите. Секој од нив се тргнуваше за миг како да го удира струја. Паѓаа еден покрај друг. Војниците што потрчаа по брат ми Васо, по Диме и Герасим, се вратија и рекоа дека ги убиле. Костов праша дали го убиле Васо, а тие рекоа дека го убиле некаде кон реката. За да се уверат дека се мртви бугарските војници со бајонетите ги бодеа мртвите момчиња право во срцата. Гледав дека некои од другарите за последен пат се грчеа по ударите на штиковите. А сите беа речиси деца. Неколкумина од нив имаа рачни часовници, што војниците, откако ги избодија, им ги зедоа – ги ограбија по смртта. Потоа нас ни наредија да се вратиме во селото. Нашите другари и браќа со кои до синоќа бевме заедно лежеа мртви пред нас. Сите беа погодени и во главите, и уште крвавеа. Пане Мешков, Илчо Димов и Перо Видев, кој имаше само 15 години, беа во првиот ред. Подоцна со моите плачејќи се вратив на местото на злосторството. Целото село се собра таму. Крај секое мртво тело тажеа неговите најблиски. Плачот одекнуваше надалеку. Таа слика не може да се опише и да се заборави. Брат ми Васо и Диме не можевме да ги најдеме. Дури по подолго барање ги откривме во тревата искасапени. Тоа не беа тела, туку обезличена маса од месо и коски. Потоа малку погоре луѓето ископаа дупка во која ги закопавме мртвите другари еден до друг. Најпрво ставивме јаворови гранки, а потоа со нив и ги покривме речиси голите тела на убиените. Ова монструозно злосторство побуди невидена омраза кон бугарскиот окупатор…“

Генерал Атанасовски: Окупацијата не е прифатена, бугаризацијата никако…

Генерал Тодор Атанасовски, кој во тој кобен ден бил во Ваташа, запишал: „Стрелањето на ваташките деца не е само бескрупулозно злосторство на бугарските фашистички окупатори врз македонскиот народ и неговата непокорена младост туку и еден од низата настани што ја означуваат 1943 година како преломна година во подемот на НОВ во Македонија. Окупацијата не е прифатена, бугаризацијата никако, а на ’новиот поредок‘ македонскиот народ му објави војна….“ Во „Билтен“ на Генералниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија од септември 1943 година за масакрот во Ваташа меѓу другото пишува: „Тие се изрешетани со куршуми од митралези, па се после исечени и избодени, на некои им се вадени очите и сечени рацете. Младинките се стуткуваат една кон друга, а Костов со шмајзер и револвер, на кој сѐ уште му чади цевката, им се заканува. Гледајте и вас ќе ве снајде истото“. Глигор Гечевски-Ивче, партиски активист и партизан, а по војната службеник на УДБА, кој со уште двајца други колеги го испитувал полковникот Апостолов, пред судењето во Монополот, потврдува: „Беше осуден на смрт на 21 јануари 1945 година. Пресудата беше извршена на 1 февруари 1945 година во присуство на илјадници луѓе. Беше неделен ден.“ Значи, две години по масакрот, Народниот суд во НР Македонија ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковникот Љубен Апостолов, капетанот Борис Жеглов, поручникот Костов и подофицерот Петко Опреков. Пред тоа сите тие се предадени од новата влада на Бугарија на југословенските власти за судење како фашисти. Војниците од стрелачкиот одред, кои биле директни учесници во крвавото злосторство, ја добиле заслужената казна во борбата кај селото Страмашево на 13 јули 1944 година. Два баталјона на Втората македонска ударна бригада во жестоката акција успеале да ликвидираат четириесетина бугарски војници од оваа злогласна единица, а само неколкумина успеале да се спасат со бегање.

Поручникот Костов и помошниот на полицискиот началник од Кавадарци, Опреков, биле ликвидирани наскоро по капитулацијата на фашистичка Бугарија. Полковникот Апостолов на 3 ноември 1944 година го откриле македонските емигранти во Софија и го привеле во штабот на македонската народноослободителна бригада „Гоце Делчев“. Бил донесен во Кавадарци. Тука му било судено како на воен злосторник. Кавадаречкиот народен суд го осудил на смрт, а му пресудил народот од овој крај. Обласниот полициски инспектор Димитар Раев и агентот Борис Жуглов биле стрелани, откако биле осудени на смрт во Скопје.
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов, доколку навистина сака помирување и добрососедски односи со Македонија наместо бришење на историјата од македонските учебници, треба самиот да оди до Моклиште за да се извини за масакрот од името на бугарскиот народ, а потоа да им оддаде и почит на дванаесетте македонски младинци што биле убиени од злосторниците во име на тогашната бугарска држава. Колку за почеток, за почит и доверба.

Бугарската администрација во Софија го одобрила крвавиот план за Ваташа!
Бугарскиот фашистички окупатор, имајќи сознанија за активностите на партиската организација од Ваташа, презел низа мерки за да го спречи народноослободителното движење на Македонците. Затоа од Скопје во Ваташа во јуни 1943 година бил испратен бугарскиот областен директор Димитар Раев. Имајќи предвид дека ја губи контролата врз безбедноста во овој крај, тој се одлучил да преземе безмилосна и крвава акција. За таа идеја, според историските документи, го известил и министерот за внатрешни работи во Софија со телеграма во која кажал дека ќе дејствува со јаки воени и полициски сили. Во акцијата биле вклучени велешкиот, битолскиот и прилепскиот полк, граничните подучастоци од Конско и Мрежичко, сите полициски сили од Тиквешијата и Гевгелиско, специјалниот полициски одред од Скопје, една група од пет-шест полициски агенти од Скопје на чело со Борис Жуглов, а сите тие биле под команда на злогласниот бугарски полковник Љубен Апостолов.

Според Петре Камчевски, историчар од Кавадарци, веднаш по доаѓањето на сите овие сили, започнал невиден терор врз цивилното население. Тоа започнало со претреси по куќите, психолошко заплашување со надлетување на авиони, исфрлање летоци со пропаганден материјал за масовно предавање на партизаните. Потоа биле запалени куќи и плевни во селата Ваташа, Ресава и Шивец. Теророт кулминирал со егзекуции. Бројот на стреланите се зголемил на речиси шеесет лица од кои пет во Кавадарци, четири во Неготино, четири во Шивец, по пет во Дреново и Мрамор… Полициските мерки во овој крај биле особено засилени на 14 јуни 1943 година, а врв на сето тоа бил крвавиот настан од 16 јуни 1943 година кога биле стрелани 12 младинци од Ваташа, меѓу кои имало и деца што немале наполнето ни 15 години.

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com


Н О В А   К Н И Г А
НА ВНИМАНИЕТО НА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ!

Излезе от печат новата книгата на Йордан Парапунски “9000 ГОДИНИ ДРЕВНО-МАКЕДОНСКИ ЛЕГЕНДИ И МИТОВЕ”. Тя обхваща 240 страници. Може да си я поръчите и закупите на телефон 0878 518 257. Цената е 7,00 лева плюс 3,00 лв. пощенска услуга.
Живеещите в Благоевград и околните села книгата може да си я закупят директно в редакцията на “Народна воля”: тел. (073) 88 63 36, GSM: 0888 264 675, GSM: 0885 343 725.


Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.

Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



ЖАЛНА ВЕСТ

ПОЧИНА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ, ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА „БИТОЛСКИ ВЕСНИК“

Денеска 07.11.2020 година, по кратко боледување, на 72-годишна возраст почина писателот и поранешен директор на „Битолски весник“, Панде Манојлов.

Манојлов беше во два мандати директор, главен и одговорен уредник на „Битолски весник“,а функцијата прв човек ја извршуваше во периодот од 1982 до 1990 година.

Покрај со новинарство, Манојлов се занимавше со пишување поезија. Автор е на десетици книги поезија и проза и беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици. Посебно беше познат по песните за Палестина, инспириран од крвавите случувања од минатиот век.

Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с.Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Член на ДПМ беше 1989 година.

Добитник беше на бројни награди за неговото творештво. Повеќето од нив беа посветени на Битола. Твореше до последните денови од неговиот живот.

Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на градот Битола, „Ванчо Николески“ - Битола,„Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“. Добитник е и на признание од државта Палестина.

- - -

Редакцијата на весник “Народна волја” и Раководството на ОМО „Илинден“- ПИРИН искажуваат сочувство на семејството и пријателите на Панде Манојлов.

Нé напушти еден голем Македонец и човек со голема љубов и посветеност, како и сведоштво за достојно исполнет долг кон својата многострадална татковина – Македонија.

Вечна му памет! Татковината ќе го памети вечно!


Поезия

ПЕСНА ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонијома маjко, Македониjо мила,
каква е твоjта судбина???!!!
От векови славна и горда си била,
а денес те карат да гинеш...

Предавници клети со власт облечени
предават га твоjта историjа,
народот продават, за пари броени,
и бришат те Македониjо...

Но нема да биде, тоа што мислат,
ни они, ни сите душмани.
Македонските херои са гинеле и гинат,
да излечат твоите рани...

И ти земjо Библиска пак ке издигнеш
гордо своето чело,
и трудно, но здраво пак ке преминеш
кон своето велико дело.

Да пазиш народот и парчето земjа,
на нашата Божиjа планета!
Македониjо маjко, ти си свештена
за сите македонци по светот!!!

ИВАН КОТОМАНОВ


Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2021 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!

Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,50 лв.
за шест месеца - 3,00 лв.
за една година - 6,00 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 16 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.


Краен срок за абониране - 16 декември 2020 г.!

За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!


"Народна волja" - каталожен номер 2050!

Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2021 година!




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting