Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Колумна

СУШТЕСТВЕНАТА ПРЕЧКА ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

Јасминка Павловска

Заканата за жртвување на македонскиот идентитет, македонската историја и јазик, со еден збор леталниот удар врз темелот на државноста на Македонија, како последица на европскиот конформизам и дистанцирање од „балканските проблеми“, сѐ повеќе добива контури на извесност во администрацијата на ЕУ. Таков впечаток се добива според информациите на „Политико“ за постигнатиот „бугарски компромис“ на состанокот на амбасадорите на ЕУ во Брисел. Предложениот т.н. „бугарски компромис“ предвидува официјална Софија да ги признае македонскиот идентитет и македонски јазик, како еден од официјалните јазици во земјата, а за возврат Скопје да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски темели. Дури и да се покаже понатаму дека предлогот бил „лошо пренесена информација“, „работна верзија“ или само „шпекулација“, останува неоспорно дека ЕУ ги стави на гилотина своите принципиелност и праведност како темелни европски вредности и влегува во историски авантуризам поради националните (па и територијални) аспирации спрема Македонија на една нејзина земја-членка. Досега Бугарија успеа своите историски комплекси и фрустрации од нереализираниот санстефански сон да ги издигне до степен на уцена за поддршка на евроинтегративниот процес на Македонија, дрско злоупотребувајќи ја својата позиција на земја-членка во Унијата, а притоа лицемерно повикувајќи се на почитување на добрососедството како европска вредност.

Инсистирањето преку повеќе меморандуми и декларации моментот на спроведувањето на договорот за добрососедство да биде вграден во главниот кластер на преговарачката рамка за Македонија, всушност претставува злоупотреба на политичките инструменти на Унијата за уцена во смисла на неприкосновено прифаќање на бугарските историски позиции како македонски. Постоењето на Договорот за добрососедство со Бугарија, на некој начин претставува задолжителен елемент во процедурата за започнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, со што Унијата претпоставува дека се штити од можноста билатералните проблеми на земјите-членки да го попречуваат нејзиното функционирање. Сепак, овој договор меѓу Македонија и Бугарија од 2017 година во самата основа е асиметричен, со оглед на веќе воспоставените позиции спрема ЕУ, односно односот: земја-членка и земја-кандидатка. Уште на почетокот беше јасно дека тој договор го има потенцијалот за уцена на земјата-членка врз кандидатката, бидејќи членката едноставно нема потреба од поддршка од соседот за некакви евроинтеграции. Со таквата базична асиметричност на договорот, дополнета со товарот на децениските (па и вековни) проблематични македонско-бугарски односи предизвикани од бугарските комплекси за македонското постоење и македонизмот воопшто, претпоставките на европските стандарди за добрососедство и добронамерност се претворија во инструмент за деградација и (само)уништување на националниот, државен, па и територијален интегритет на Македонија.

Веќе е јасно дека Бугарија добрососедството го прифаќа под свои услови, кои претпоставуваат наметнување на бугарскиот идентитет на историјата и јазикот на некој народ што тие го сметаат за непостоен, односно измислен во 1944 година. Притоа не ги спречуваат никакви историско-психолошки дијагнози, кои укажуваат на логичка и суштинска неусогласеност на нивните позиции со реалноста.
Зашто да сакаш да градиш добрососедски односи (што логички се подразбира штом потпишуваш договор за добрососедство), а да не сакаш да имаш сосед, е едноставно шизофрено. Да разговараш за историски прашања со претставници од друг народ и нација, наметнувајќи им дека историјата (минатото) всушност им е иста како нивната, е исто така шизофрено. Да се тврди дека македонскиот јазик, кој има своја научно докажана генеза, различна од бугарскиот јазик, потекнува и е дијалект на бугарскиот и тоа да се наметнува како факт, е исто така ненормално. Да се каже дека бугарските воени злосторства извршени врз македонскиот народ за време на фашистичката окупација се административни активности на тогашната бугарска држава, која била во сојуз со нацистичката оска, укажува на тешка историска фрустрација.

Згора на сѐ, иако повторно пласирано како шпекулација, на Бугарија не ѝ е доволен сегашниот договор за добрососедство за остварување на своите патолошки амбиции и бара дополнителни гаранции од Македонија, преку некаков анекс, или декларација, „заверени“ како „бугарски компромис“ во Брисел, за македонското самопоништување. Македонската официјална политика, конечно бескомпромисно и недвосмислено треба да презентира став дека таквите намери на Бугарија се неприфатливи за нас, но и за ЕУ. Таквиот „европски“ однос спрема Македонија, кој бирократски ја принудува на трагично и погубно самооткажување од сопствениот национален идентитет, ѝ се заканува и на самата ЕУ да се компромитира како организација што поддржала, или барем замижала пред нехумани и нецивилизациски намери на своја членка.

Добрососедството како европска вредност секако не претпоставува реалност на уцени, туку пред сѐ рамноправни односи и праведни шанси за оние што сакаат да бидат дел од ЕУ.
Затоа, Софијо, Брисел, за ова што гласно или премолчно го барате, одговорот го знаете: Но пасаран!

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com


Н О В А   К Н И Г А
НА ВНИМАНИЕТО НА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ!

Излезе от печат новата книгата на Йордан Парапунски “9000 ГОДИНИ ДРЕВНО-МАКЕДОНСКИ ЛЕГЕНДИ И МИТОВЕ”. Тя обхваща 240 страници. Може да си я поръчите и закупите на телефон 0878 518 257. Цената е 7,00 лева плюс 3,00 лв. пощенска услуга.
Живеещите в Благоевград и околните села книгата може да си я закупят директно в редакцията на “Народна воля”: тел. (073) 88 63 36, GSM: 0888 264 675, GSM: 0885 343 725.


Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.

Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



ЖАЛНА ВЕСТ

ПОЧИНА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ, ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА „БИТОЛСКИ ВЕСНИК“

Денеска 07.11.2020 година, по кратко боледување, на 72-годишна возраст почина писателот и поранешен директор на „Битолски весник“, Панде Манојлов.

Манојлов беше во два мандати директор, главен и одговорен уредник на „Битолски весник“,а функцијата прв човек ја извршуваше во периодот од 1982 до 1990 година.

Покрај со новинарство, Манојлов се занимавше со пишување поезија. Автор е на десетици книги поезија и проза и беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици. Посебно беше познат по песните за Палестина, инспириран од крвавите случувања од минатиот век.

Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с.Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Член на ДПМ беше 1989 година.

Добитник беше на бројни награди за неговото творештво. Повеќето од нив беа посветени на Битола. Твореше до последните денови од неговиот живот.

Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на градот Битола, „Ванчо Николески“ - Битола,„Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“. Добитник е и на признание од државта Палестина.

- - -

Редакцијата на весник “Народна волја” и Раководството на ОМО „Илинден“- ПИРИН искажуваат сочувство на семејството и пријателите на Панде Манојлов.

Нé напушти еден голем Македонец и човек со голема љубов и посветеност, како и сведоштво за достојно исполнет долг кон својата многострадална татковина – Македонија.

Вечна му памет! Татковината ќе го памети вечно!


Поезия

ПЕСНА ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонијома маjко, Македониjо мила,
каква е твоjта судбина???!!!
От векови славна и горда си била,
а денес те карат да гинеш...

Предавници клети со власт облечени
предават га твоjта историjа,
народот продават, за пари броени,
и бришат те Македониjо...

Но нема да биде, тоа што мислат,
ни они, ни сите душмани.
Македонските херои са гинеле и гинат,
да излечат твоите рани...

И ти земjо Библиска пак ке издигнеш
гордо своето чело,
и трудно, но здраво пак ке преминеш
кон своето велико дело.

Да пазиш народот и парчето земjа,
на нашата Божиjа планета!
Македониjо маjко, ти си свештена
за сите македонци по светот!!!

ИВАН КОТОМАНОВ


Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2021 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!

Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,50 лв.
за шест месеца - 3,00 лв.
за една година - 6,00 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 16 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.


Краен срок за абониране - 16 декември 2020 г.!

За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!


"Народна волja" - каталожен номер 2050!

Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2021 година!




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting