Впрочем, во тоа време македонската национална свест во Пиринска Македонија е во фаза на обновување и профилирање. Во таков случај ништо не е чудно во изјавите да има и празнини. Но таквите празнини бараат да бидат историски образложени, а не „теоретски“ приспособени за потребите на бугарскиот национизам без оглед на тоа со каква боја е бојосан: комунистичка или буржоаска. Во тој однос заслужува да се подвлечат настојувањата на д-р Стојко Стојков од Сандански кој се служи со фактите извлечени од информациите на бугарската државна сигурност, како и за кажувањата на својот отпор на повеќе стотици млади луѓе што го бранеле своето македонско достоинство и пишувале за репресалиите, затворите, интернациите итн.