Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Бугарија е иста со Грција (во контекст Македонија)!

ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е ЕПИЗОДА, НЕ ПОЧНА СЕГА, НИТУ ПАК СЕГА ЌЕ ЗАВРШИ

Илия Димовски

Да не се лажеме, да не се чудиме и да не паѓаме во безсознание, вели поранешниот пратеник. Пред нас имаме голем проблем, најмалку еднаков со проблемот што го имавме со Грција. Разликата е во тоа што проблемот со Грција на виделина беше за симболи и симболика, а внатрешно за суштината на (не)постоењето на македонската нација, а проблемот со Бугарија е од старт за суштината и (не)постоењето на македонската нација, а симболите и симболиката би биле и се само природна последица. Целта на проблемот е Бугарија да го постигне истото што и Грција го постигна со член 7 (идентитетскиот член) и да дефинириа неколку за неа битни точки по примерот на Преспанскиот договор (другите барања се фолклор, димна завеса и преговарачка позиција), а тоа се:

1. Македонци од оваа страна на границата и Македонци од другата страна на границата е различно. На оваа страна сме Македонци според нашето поимање и себечуство, а на таа се Македонци со вистински бугарски етно-национален корен (тоа го има во договорот од Преспа со дефинирање по други линии на антички хеленски Македонци од таа страна на границата и словенски понови Македонци од оваа страна на границата);

2. Да се дефинира дека под терминот "Македонија", "македонско", "македонски" и слично ние разбираме едно, но прифаќаме дека Бугарија прифаќа и разбира друго, што би било веројатно единствено регионален географски и дијалектички контекст на тие термини во една општа целост Бугарија (регионот Македонија го има истиот статус во целокупноста на Грција, но и во етно-историските и културолошките признанија кои ние ги направивме со прифаќање на Преспанскиот договор);

3. Постои историска временска отсечка каде што Бугарија би прифатила постоење на Македонци, но и тоа по нивната идеја за нас само како сегашна реалност, а не и историска вистина, а таа отсечка ќе е 1944 година па наваму (Грција таа отсечка ја нацрта по линија на теоријата за доаѓање на Словените на Балканот, но ја задржа формулацијата на своето разбирање, а ние ја прифативме, дека терминот Македонец за нас е дозволен само како синоним на Словен);

4. Македонија ќе треба да изјави или прифати на било кој начин што подразбира под терминот "македонски јазик" (по примерот на Преспанскиот договор), а дека тоа е само сегашна реалност која нема свој историски и јазичен корен различен и одвоен од бугарскиот јазик (во случајот со Грција својата цел ја оствари со епитетот словенски, кој па да бидеме искрени во грчкото поимање на историјата на Балканот е синоним со вулгарски).

5. Илинден е македонски (бугарски), АСНОМ е македонски (сегашна нужна реалност). Потсетете се кои беа тезите на грчката општествена и научна елита за неприфаќање на името "Илинденска Македонија" и кои одеа во насока на неговиот корен и географија.

Спореед него, потребна е јасна државна позиција.
„Пред 5 години Грција тврдеше дека Македонија е одговорна за стопирање на евро-атланските процеси заради нејзиниот однос кон историјата, спомениците, културното наследство на античка Македонија,...
Тогаш СДСМ го поддржа тој став на соседна Грција и настапуваше јавно со истите тези, дека антиквизацијата, спомениците, историографијата, енциклопедијата, песните се главен проблем и дека вината е во Владата на ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ ја наруши македонската позиција и државата заврши со договор кој, иако отвори пат кон членство во НАТО, во својата содржина нанесе длабоки рани на етно-историската и демографска патека на развој на македонската нација на Балканот.
Денес, Бугарија го има истото тврдење што Грција го имаше пред 5 години. Тврди дека Македонија крши меѓународен договор и стандарди, тврди дека историјата, спомениците, учебниците, културно-историското наследство од пред и пост-илинденскиот период, фолклорот, јазикот и многу други точки се причина за стопирање на македонската европска патека. СДСМ сега е во позиција, иако има јасно изразена воља за почеток на преговорите со ЕУ, да е соочена како власт на одговорност да ја прифати логиката на Бугарија (која е многу слична по филозофска смисла и зададена цел со логиката на Грција до пред неколку години) или да постапи спротивно на своите тврдење од времето на бидување опозиција кога велеше дека единствена причина за застојот на македонските евро-атлански патеки е самата Македонија.
Овој проблем со соседна Бугарија не е една епизода, ниту почна сега, ниту ќе заврши сега. Каква и да е одлуката на ЕУ, макар и најдобрата за нас, овој проблем ќе го имаме најмалку уште на секое отварање и на секое затварање на било кое преговарачко поглавје за наше членство во ЕУ. Од тука, пристапот на државата Македонија не смее да биде епизоден и краткорочен. За разлика од СДСМ тогаш, треба сега да разбереме дека проблемот на Македонија со Бугарија не е проблем на оваа Влада со Бугарија, ниту на оваа Влада со тамошната сегашна Влада, ниту на Македонија со сегашната Влада таму. Проблемот е суштински и темелен.

Затоа македонското Собрание треба да изгради заеднички став (национален, а не идеолошки) за ова прашање и да дефинира што се државните позиции на Република Македонија“

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com


Н О В А   К Н И Г А
НА ВНИМАНИЕТО НА НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ!

Излезе от печат новата книгата на Йордан Парапунски “9000 ГОДИНИ ДРЕВНО-МАКЕДОНСКИ ЛЕГЕНДИ И МИТОВЕ”. Тя обхваща 240 страници. Може да си я поръчите и закупите на телефон 0878 518 257. Цената е 7,00 лева плюс 3,00 лв. пощенска услуга.
Живеещите в Благоевград и околните села книгата може да си я закупят директно в редакцията на “Народна воля”: тел. (073) 88 63 36, GSM: 0888 264 675, GSM: 0885 343 725.


Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.

Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



ЖАЛНА ВЕСТ

ПОЧИНА ПАНДЕ МАНОЈЛОВ, ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА „БИТОЛСКИ ВЕСНИК“

Денеска 07.11.2020 година, по кратко боледување, на 72-годишна возраст почина писателот и поранешен директор на „Битолски весник“, Панде Манојлов.

Манојлов беше во два мандати директор, главен и одговорен уредник на „Битолски весник“,а функцијата прв човек ја извршуваше во периодот од 1982 до 1990 година.

Покрај со новинарство, Манојлов се занимавше со пишување поезија. Автор е на десетици книги поезија и проза и беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици. Посебно беше познат по песните за Палестина, инспириран од крвавите случувања од минатиот век.

Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с.Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Член на ДПМ беше 1989 година.

Добитник беше на бројни награди за неговото творештво. Повеќето од нив беа посветени на Битола. Твореше до последните денови од неговиот живот.

Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на градот Битола, „Ванчо Николески“ - Битола,„Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“. Добитник е и на признание од државта Палестина.

- - -

Редакцијата на весник “Народна волја” и Раководството на ОМО „Илинден“- ПИРИН искажуваат сочувство на семејството и пријателите на Панде Манојлов.

Нé напушти еден голем Македонец и човек со голема љубов и посветеност, како и сведоштво за достојно исполнет долг кон својата многострадална татковина – Македонија.

Вечна му памет! Татковината ќе го памети вечно!


Поезия

ПЕСНА ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонијома маjко, Македониjо мила,
каква е твоjта судбина???!!!
От векови славна и горда си била,
а денес те карат да гинеш...

Предавници клети со власт облечени
предават га твоjта историjа,
народот продават, за пари броени,
и бришат те Македониjо...

Но нема да биде, тоа што мислат,
ни они, ни сите душмани.
Македонските херои са гинеле и гинат,
да излечат твоите рани...

И ти земjо Библиска пак ке издигнеш
гордо своето чело,
и трудно, но здраво пак ке преминеш
кон своето велико дело.

Да пазиш народот и парчето земjа,
на нашата Божиjа планета!
Македониjо маjко, ти си свештена
за сите македонци по светот!!!

ИВАН КОТОМАНОВ


Абонирайте се за вестник "Народна воля"
УВАЖАЕМИ ЧИТАТЕЛИ,
Започна абонирането за вестници и списания за 2021 година. Вестник "Народна волja" и през идната година ще има каталожен номер 2050.
Както и досега, "Народна волja" ще Ви информира по интересуващи Ви въпроси от най-различно естество в областта на теорията, историята, културата, изкуството.
На страниците на "Народна волja" ще намерят място Вашите писма, Вашите въпроси, Вашата поезия!


Абонирайте се за вестник "Народна воля"!

Сумата за абонация е минимална:
за три месеца - 1,50 лв.
за шест месеца - 3,00 лв.
за една година - 6,00 лв.

Абонирането ще става във всички пощенски станции в страната. Крайният срок е 16 декември! Ако срещнете някакви затруднения при абонирането, обърнете се към редакцията на "Народна волja" - телефон 073/886-336!
"Народна волja" ще се стреми винаги да бъде вярна на Гоцевите завети и да ги пресътвори в живота на днешния ден!
"Народна волja" ще Ви запознава редовно със свободолюбивите идеи на македонските интелектуалци!
"Народна волja" ще разкрива редовно демагогската националшовинистична политика на ванчемихайловистката ВМРО.


Краен срок за абониране - 16 декември 2020 г.!

За читателите ни в Република Македония цената на едногодишния абонамент е 10 евро. Известяваме тамошните желаещи за абонация, че могат да сторят това в редакцията на седмичника "Македонско сонце" в Скопие. Бъдещите абонати задължително трябва да представят точния си адрес.
Желаещите да получават вестника от Европа заплащат по 40 евро, а тези от САЩ, Канада и Австралия - по 50 USD.
Четете и разпространявайте вестник "Народна волja"! Вестникът на истината, вестникът на утрешния ден!


"Народна волja" - каталожен номер 2050!

Ограничения при абонирането няма!
Знайте: истински свободните хора четат вестник "Народна волja"!
Абонирайте се, за да не пропуснете нито една среща с любимия си вестник и през 2021 година!




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting