Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Акад. Иван Катарџиев

ЕДНО ПАТУВАЊЕ ОД ПИРИН ВО СКОПЈЕ, ГЛАВЕН ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1944-1989. ЧЕКОРЕЊЕ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ


Секако, во рамките на тој контекст спаѓа прашањето за одразот на Резолуцијата на ИБ врз опстојувањето на културната автономија во Пиринска Македонија. Функционално, со така поставеното прашање само по себе се наметнува сознанието за политиката на БКП по донесувањето на Резолуцијата на ИБ во Пиринска Македонија во врска со културната автономија и воопшто во врска со правото на национално самоопределување на Македонците во Пиринска Македонија.

И најпосле, во недостатокот на изворна документација хипотетички се наметнува прашањето дали при анализирањето на различните аспекти за последиците од таа Резолуција било разгледувано и прашањето за нејзиното влијание во НР Македонија и особено сред македонското национално малцинство во Бугарија и конкретно за продолжување на политиката на културна автономија во Пиринска Македонија во рамките на Бугарија. Рационално погледнато, ако се има предвид политиката на СССР уште во текот на Втората светска војна за иднината на Македонија, политика која беше доста непредвидлива и би рекле опортунистичка, потоа за односот кон македонското прашање од пролетта на 1944 година, сугестиите на Сталин во јуни 1946 година Георги Димитров да им даде на пиринските Македонци прав ана културна автономија, нема да има никакво сомневање дека при конципирањето на политиката на Резолуцијата на ИБ било присутно и македонското прашање. Како и на кон начин тоа било третирано и што конкретно било заклучено тоа е веќе друго прашање.

Во поткрепа на претпоставката дека македонското прашање било присутно во разговорите во врска со донесувањето на Резолуцијата на ИБ и за очекувањата од прифатените решенија, може да послужи и политиката на БРП и бугарската држава што ќе ја спроведува спрема македонскиот народ и државата НР Македонија и уште повеќе спрема рушењето на резултатите што беа постигнати во Пиринска Македонија во афирмацијата на културната автономија пред објавувањето на Резолуцијата. Секако за создавањето на една комплетна и релативно достоверна слика за овој проблем потребна е и објективна анализа на историскиот развој на македонското малцинство во Пиринска Македонија најмалку од крајот по завршувањето на Првата светска војна па до создавањето на АСНОМ-ска македонска држава.

Но, посебно значење има анализата на политиката на Бугарија спрема Македонија и Југославија од објавувањето на Резолуцијата на ИБ во 1948 година до распаѓањето на комунистичкиот систем и паѓањето на Тодор Живков од власт 1989 година. Во настојувањето да се покаже како верен и доследен сојузник на СССР веднаш по објавувањето на Резолуцијата на ИБ Бугарија презеде низа мерки со што сакаше да ја истакне својата верност кон големиот брат.

Во односот со Југославија на 10 октомври 1949 година и официјално го „раскинала договорот за дружба, соработка и меѓусебно помагање со Југославија“. Во месец февруари 1950 година е одржано советување со кружните активи на партијата на кои меѓу другото е прифатена паролата „Пиринскиот крај е единствениот слободен крај на Македонија. Пред Македонците во овој крај стои честа, да го дигнат знамето за ослободување на Македонија од грчките монархофашисти и титовите палачи“. Во 1951 година Владимир Поптомов бил задолжен да подготви Тези за раководствата на партиските комитети и организации во пиринскиот крај и до комунистите во културните друштва на македонската емиграција и нивната активност по македонското прашање. (Види Милан Груев, Насилие и идентичност. Пиринска Македонија во етно-националната политика на комунистичкиот режим во Бугарија, Софија 2011, стр. 92-93).

(Продължава в следващия брой)

   НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



СКРЪБНА ВЕСТ

ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ

На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.

Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.

В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!


Поезия

ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.

Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!

Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!

А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.

Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!

И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!

И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!

ПЕТЪР ХРИСТОВ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting