Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Акад. Иван Катарџиев

ЕДНО ПАТУВАЊЕ ОД ПИРИН ВО СКОПЈЕ, ГЛАВЕН ГРАД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1944-1989.
ЧЕКОРЕЊЕ ВО ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ


Акад. Иван Катарџиев

Врз основа на својата верност, политиката на ИБ на поддршката на центрите во Москва, Бугарија себеси се самопромовира како најважен, најкомпетентен фактор за проблемите сврзани со македонскиот народ во НР Македонија и особено за македонското национално малцинство во Пиринска Македонија по 1948 година. Со тоа таа претендирала да биде третирана како најкомпетентен фактор за мобилизацијата на Македонците во Бугарија и во НР Македонија во борбата против „ревизионизмот и предавниците на социјализмот титофашистите“.
Ваквите амбиции дека БКП е најкомпетентниот фактор за спроведувањето на резоулуцијата во Македонија, ги потврдила брзината со која бил организиран 16 Пленум на партијата и со решенијата што ги донел овој Пленум спрема Народна Република Македонија и спрема раководството на културната автономија во Пиринска Македонија.
Денес е веќе сосема извесно и документирано дека во редовите на БКП и кај најголемиот дел од бугарското општество постоело големо негодување спрема признавањето на македонските национални права на Македонците во Пиринска Македонија. Впрочем, тој однос како е веќе погоре речено дошол до израз во разговорите со македонските кадри во Пиринска Македонија во почетокот на 1947 година.
Подготовките за донесувањето на Резолуцијата со кои БКП сигурно била запознаена уште во почетокот на нејзиното подготвување и дале прилика да започне со ревизија на својата политика за правата на Македонците во Пиринска Македонија на самоопределување.
Тоа што е особено значајно во пресрет на одржувањето на Пленумот е извршената голема кадровска промена на партиските кадри во Пиринска Македонија. Најважното решение во промената на партиските кадри било распуштањето на Обласниот комитет чиишто членови биле учесници во Антифашистичката борба во Пиринска Македонија и ја поддржувале политиката на културната автономија.
Во целина, за тоа сведочи кампањата и особено објаснувањето на политиката на БКП за националниот идентитет на Македонците и брзината со која по објавувањето на Резолуцијата бил свикан 16 Пленум на партијата.
16. Пленумот на ЦК на БРП(к) од 16 и 17 јануари 1950 година, обид за конечна пресметка со остатоците од културната автономија на Пиринските Македонци
Секако дека Резолуцијата на Информационото биро од 28 јуни 1948 година претставува радикален пресврт во политиката на Советскиот сојуз во однос на сојузниците од антифашистичката коалиција од времето на Втората светска војна. Таа го означува почетокот на една нова глобална политика на судири од светски размери. Таа ги радикализира односите во светот помеѓу политиката на диктатурата и демократијата, помеѓу човековите слободи и обезличувањето на човека. Тие промени на Балканот имаат многу погруб израз отколку на друго место.
Македонија, македонската нација, граѓанските права на Македонците во деловите на Македонија надвор од границите на македонската држава по објавувањето на Резолуцијата на ИБ се најдоа пред нови искушенија.
За Македонците во Пиринска Македонија меѓник за тоа е одржувањето на 16. Пленум на ЦК на БРП(к) и донесеното решение од месец јуни 1948 година се до распаѓањето на комунистичкиот систем во Бугарија и паѓањето од власт на комунистичкиот диктатор Тодор Живков (1989). Тоа е период на репресија, денационализација и асимилација на македонското малцинство во Пиринска Македонија. Тоа во исто време е и време на отпор на Македонците за одбрана на своите колективни македонски национални права, но и граѓански права и слободи. Особено обележје на политиката на бугарската држава против националните пројави и отпори на Македонците во Пиринска Македонија во периодот од 1948-1988 година се одликува настојувањето да се скрши отпорот, да се спречи неговото организационо и политичко институционално организирање. Отпорот на Пиринските Македонци во тој период е константен, со извесни осцилации во определени временски периоди. Во тоа време се појавува и организацијата ОМО Илинден на 14 април 1990 година во градот Сандански.
Тоа што привлекува внимание е содржината на дебатата и решенијата на овој Пленум.
На Пленумот биле присутни 36 членови на ЦК на БРП(к), 22 кнадидат-членови и членови Ревизионата комисија.
 
 НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



СКРЪБНА ВЕСТ

ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ

На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.

Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.

В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!


Поезия

ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.

Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!

Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!

А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.

Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!

И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!

И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!

ПЕТЪР ХРИСТОВ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting