Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
По изгласувањето на Малцинскиот безбедносен пакет во Брисел

Одлуката на ЕП чекор напред за Македонците во Бугарија и Грција, но националните права еднакво далеку


Европскиот парламент минатата недела заклучи дека националните и јазичните малцинства во ЕУ се соочуваат со асимилација и ги губат своите јазици и дека земjите членки на Унијата се одговорни за заштита на правата на малцинствата. Во парламентот за оваа резолуција, која беше резултат на иницијатива поднесена со петиција потпишана од над еден милион граѓани од ова европско семејство, гласаа 524 европратеници, 103 беа воздржани, а дури 67 беа против.
Сега би требало Европската комисија да предложи законски акти за заштита на јазиците на малцинствата и на повеќејазичноста, кои сите земји членки на ЕУ ќе треба да ги усвојат како дел од своето законодавство, но и да се усвојат акти што ќе гарантираат минимум стандарди за правата на малцинствата.
„Гласањето во Европскиот парламент за Малцинскиот безбедносен пакет претставува голем чекор напред кон заштитата на правата на малцинствата во Европската Унија. Со тоа се врши дополнителен притисок врз Европската комисија пакетот да го усвои како директива и потоа да ги следи и да ги казни земјите членки на Унијата доколку не ја имплементираат”, вели Јоргос Пападакис, член на Претседателството на партијата на Македонците во Грција Виножито со седиште во Лерин и поранешен претставник на оваа партија во ЕФА - Алијансата на малцинските партии во Европа.
Пападакис, кој и натаму живее и работи во Брисел и, меѓу другото, е ангажиран на унапредување на правата на македонското малцинство, како добар познавач на политичките состојби во Европската Унија укажува дека на Европската комисија малцинствата не ѝ се приоритет и оти ќе биде големо изненадување ако се спроведе пакетот.
Во Бугарија сѐ уште е забранета регистрацијата на политички партии и културни здруженија на Македонците, а македонскиот јазик го нема во наставните програми. Сепак, организацијата на Македонците ОМО Илинден Пирин во донесувањето на Резолуцијата гледа напредок, барем во насока да се сврти вниманието кон малцинствата во некои земји, кои иако се членки на ЕУ, како Бугарија на пример, и натаму не само што негираат постоење на малцинства, туку одрекуваат и национално чувство и самоопределување на ниво на граѓани, што веќе е говор на омраза.
Стојко Стојков, еден од водачите на македонското малцинство, сака да биде оптимист. Вели дека ОМО Илинден Пирин учествуваше со своите скромни сили во „наметнувањето” на малцинскиот безбедносен пакет пред Европскиот парламент собирајќи потписи и поддржувајќи го преку ЕФА.
„Се надеваме дека ќе настапат некои позитивни промени и за нас и ние секако ќе се повикаме на тоа”, вели Стојков.
Но знае дека проблемите нема автоматски да бидат решени и одеднаш неговите зборови не делуваат оптимистички.
„Со сигурност и Бугарија и Грција ќе направат се примената на овој пакет да се сведе до нула и тој да не се примени спрема Македонците. Спред нивната позиција, ние така или инаку не постоиме, а македонски јазик нема, така што ќе продолжат да ја бранат позицијата дека овој пакет, исто како што беше и во случајот со Рамковната конвенција за националните малцинства, не може да се примени”, вели Стојков и посочува на очекувана бугарска формулација „непостоечки малцинства и јазици”, со каква што веројатно официјална Софија ќе се оправда за непримената на малцинскиот пакет.
Павле Воскопулос Филипов, член на Претседателството на партијата на Македонците во Грција, за МКД.мк вели дека се познати причините зошто Грција и Бугарија не го почитуваат ниту го признаваат македонското малцинство и дека на Европската Унија малцинските права не ѝ се најважното прашање.
„Но Резолуцијата секако е чекор напред во рамките на ЕУ. Сепак, најважно е Македонците во овие две карактеристични земји, Грција и Бугарија, што помасовно да ги поставуваат и да ги бараат своите малцински права пред државните органи. За жал, нема омасовување и такво соодветно дејствување на Македонците во овие држави”, вели Воскопулос Филипов.
Својата воздржаност од позитивни очекувања тој ја илустрира со своја фотографија снимена од средба во пленарната сала во Брисел, каде што е покренувано прашањето за правата во Грција. Над него на фотографијата на кирилица пишува „македонски јазик” и тоа сведочи за сериозните разговори и признавањето на Македонците како малцинство од самата институција на ЕУ.
Но нема резултати од таквите обиди и напори да се смени нешто и европските стандарди да влезат и во Грција, вели Пале Воскопулос Филипов.
Сепак, и со последната резолуција гледа трошка напредок, зашто индиректно се констатира дека проблемот е во атарот на Грција и на Бугарија бидејќи тоа се земји што не го почитуваат ниту минимумот малцински права. Тоа во што се исти политиките на официјална Атина и Софија е дека не признаваат дека постојат Македонци во териториите на двете земји, но вели, има и разлика.
„Грчката политика во тој дел има регионален карактер, односно не признава дека постои македонско малцинство во рамките на државата, додека пак бугарската политика има целосен карактер, кој може да го наречеме јазичен или да бидеме попрецизни, Софија не признава национален македонски идентитет никаде, не само во Бугарија. Колку и да се донесуваат резолуции, ќе нема фајде ако не се зголеми ангажманот на самите Македонци во двете држави, соседи на Република Македонија”, нагласува Воскопулос.
Неговиот сопартиец Пападакис укажува и на нешто што навидум е парадоксално, а всушност, вели, не е:
„За Малцинскиот безбедносен пакет гласаа европратениците од Неа демократиа, Сириза и Кинал (Пасок), а против беа грчките комунисти, Златна зора и радикалната десница на Елиники Лиси. Тоа ја покажува бедната состојба на една партија (комунистичката), којашто пред 70 години се бореше за правата на Македонците во Грција, а сега стои рамо до рамо со радикали и фашисти во нивната борба за непризнавање на кое било малцинство во земјата”.
На нашето потпрашање дали фактот што три поголеми грчки партии преку своите пратеници во ЕП дале виза за малцинскиот пакет значи дека во иднина може да се очекува промена на нивниот сега негаторски став кон постоењето на македонското малцинство, Пападакис вели дека тоа практично не значи ништо. Неговото објаснување е дека Неа демократиа, Сириза и Кинал знаат дека без директива од страна на Европската комисија, каква што во поглед на малцинствата сосема сигурно нема да има, Резолуцијата ќе остане празна хартија, без обврски. Исто како што празна остана Конвенцијата за заштита за малцинските јазици, која Грција ја има потпишано, ама нема нејзина ратификација.
Се разбира, во Европската комисија директивата ќе ја има и пречката од една Шпанија, поради свои сопствени сепаратистички движења, или Унгарија, со политиката на Орбан, па по се изгледа правата на малцинствата во повеќе држави ќе останат сон што долго ќе се сонува.
Инаку, преку Резолуцијата во Европскиот парламент, усвоена минатата недела, европратениците јасно порачаа дека националните и јазичните малцинства во ЕУ се соочуваат со асимилација и ги губат своите јазици, дека регионалните јазици мора да се промовираат, јазичните права да се заштитат таму каде што се користи повеќе од еден службен јазик, а јазичните заедници да се бранат во согласност со основните права.
ЕП исто така ја изрази својата загриженост за алармантното зголемување на злосторствата од омраза и од говорот на омраза против лица што им припаѓаат на малцински групи.
Безбедносниот пакет за заштита на малцинските права содржи препораки на ЕУ за заштита на културната и јазичната разновидност; програми за финансирање на мали јазични заедници; создавање центар за јазична разновидност; фондови за регионален развој на ЕУ за покривање на заштитата на националните малцинства; истражување за вредноста на малцинствата во нивните општества...
Инаку, во тие рамки, и натаму главните барања на македонското малцинство во Грција и во Бугарија, како земји членки на ЕУ остануваат на изучувањето на македонскиот јазик во државните училишта, дозвола за отворање културни македонски друштва, учество на изборите...
Дополнителен проблем е што македонската држава со договорите со Грција и Бугарија формално се откажа од поддршката и помошта кон македонското малцинство во двете соседни држави во остварувањето на нивните човекови права. Стојко Стојков претходно, во друга прилика, за МКД.мк има изјавено дека помош како малцинство немале ниту од една македонска влада, која партија и да била на власт, и дека „чарето” го гледаат во својот ангажман и соработката со прогресивни европски партии и движења.
Во Албанија, пак, како земја аспирант за членство, правата на Македонците се загарантирани во регионот на Мала Преспа, како и во атарот на селото Врбник (кое географски му припаѓа на егејскиот дел од Македонија), но македонскиот јазик не се изучува и во други делови од Албанија каде што живеат Македонците и каде што немаат можност ниту да се изјаснат според националната припадност. Во земјата е дозволено културно и политичко организирање на национална основа, а во парламентот првпат Македонците имаат свој пратеник.
 
 НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



СКРЪБНА ВЕСТ

ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ

На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.

Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.

В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!


Поезия

ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.

Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!

Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!

А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.

Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!

И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!

И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!

ПЕТЪР ХРИСТОВ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting