Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Колумна
Европски игри без граници
Јасминка Павловска
Македонија во случајот на решавање на бугарското вето не треба да отстапи од принципите на ЕУ и сé почесто да ја потсeтува за нејзината базична поставеност на мултиетничноста, мултијазичноста и почитувањето на правата на малцинствата. За разлика од соседите, правата на малцинствата во Македонија се речиси врвен политички приоритет и може да се каже дека нивното спроведување ги надминува и европските стандарди. Но кога Европа ќе ги натера и своите членки Бугарија и Грција да ги почитуваат правата на Македонците во тие земји?
Многу контрадикторни пораки од бугарските политичари беа упатени до Македoнија, поврзани со веќе и така многу компликуваниот почеток на преговорите со Европската Унија, а по повод 149 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Бугарскиот вицепремиер, министер за одбрана и предводник на бугарската кампања за оспорување на посебноста на македонскиот национален идентитет, Красимир Каракачанов, упати уште едно провокативно“предупредување“ дека Македонија може да влезе во ЕУ доколку й се придружи на Бугарија или ако стане провинција на Албанија. Пораката, пак, на бугарскиот премиер Бојко Борисов е во поинаков тон, со изрази за надеж (но не и ветување) дека „обединети на заедничкиот пат на европските интеграции“ ќе се има мудрост 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев да се прослави заеднички со „пријателите и браќата од Македонија“. Одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, од бугарска страна повторно беше искористено за провоцирачки пораки од бугарските политичари на официјалната фејсбук-страница на македонскиот премиер, Зоран Заев, во кои беа повторени бугарските анахрони, но позиции од кои не се откажуваат, а се сведуваат на намерата да ги „освестат Македонците дека се Бугари“. Едната линија на нападот на посебноста на македонскиот национален идентитет пред ЕУ се води токму преку настојувањата на најголемиот револуционер посветен на борбата за слобода и независност на Македонија, обединувачка историска фигура за сите Македонци, Гоце Делчев, да му се припише (и признае од страна на македонската држава) наводна бугарска етничка припадност. Втората линија на бугарскиот негаторски фронт против Македонија пред ЕУ е позицијата за непостоење на македонско национално малцинство во Бугарија. Во суштина, Софија не се откажува од настојувањата да ги запре барањата на Македонците во Бугарија да им биде овозможено право на граѓанско здружување, што би значело признавање на македонското малцинство. Проблемот за официјална Софија, со барањата и пресудите на Европскиот суд за човекови права во корист на претставниците од македонското малцинство во Бугарија, според нивната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, ќе се реши кога „официјално Скопје ќе признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени“!
Иако за европските фактори ваквите побарувања на Бугарија се неразбирливи, нереални и воопшто не се во согласност со критериумите на ЕУ за проширување, во актуелната состојба на македонско-бугарските односи реалноста е дека е формирана мешана историска комисија (како резултат на Договорот за добрососедство од 2017-та), која работи на вивисекција на македонскиот национален идентитет. Дипломатската дефиниција на работата на оваа комисија во Договорот за добрососедство се сведува главно „на усогласување на историските содржини во учебниците“ во образовните програми на двете соседни земји, но од состанок до состанок се претвори во расчленување на „составни делови“ на македонската посебност на националното постоење: македонскиот јазик, посебната историја, етничката припадноста на националните херои…, со тенденција временски да се сведе од 1944 година.
На наредниот состанок на комисијата, кон крајот на месецов, предмет на етничка вивисекција треба да биде токму ликот и делото на Гоце Делчев, зашто првичната идеја да се најдат поврзувачките елементи од неговото револуционерно дејствување, за заедничко чествување во Македонија и во Бугарија, се претвори во тврд став на изнуда на бугарската страна за неговото етничко дефинирање како Бугарин.
Сите нишки на сe покомплицираните македонско-бугарски односи се заплеткуваат во деформиран јазол, кој сe помалку може да се расплетка со повикување и примена на принципите и критериумите на ЕУ кога станува збор за почнување на Македонија со преговорите за членство во Унијата. Тоа се покажува во немоќта или недостигот од желба во ЕУ да й укаже на Бугарија дека треба да ги почитува принципите на Унијата за мултиетничност и мултијазичност, токму преку спроведување позитивни малцински политики на внатрешен план. Досега на телата на ЕУ не им успеа да ја натераат Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права за овозможување услови за регистрација на македонските здруженија.
Последниот рок што ѝ е доделен на Бугарија од Советот на Европа за спроведување на пресудите е 1 јуни годинава. Речиси идентичен е случајот и со Грција, но по Преспанскиот договор, на ЕУ и воопшто меѓународната јавност како да им се тргна товарот за каков било принципиелен притисок врз Грција, поради почитување на правата на македонското малцинство, сметајќи го тоа прашање како решен случај – односно дека Македонија се откажала од малцинските побарувања. Амбициите на Бугарија се во ЕУ да го стекне статусот на Грција во однос на македонското малцинство во својата земја. За разлика од соседите, правата на малцинствата во Македонија се речиси врвен политички приоритет и може да се каже дека нивното спроведување ги надминува и европските стандарди.
Таквите состојби создаваат впечаток на непочитување на европските принципи и конвенции за малцински права и за заштита на малцинските и регионалните јазици на Советот на Европа токму од самата ЕУ. Сепак, Македонија во случајот на решавање на бугарското вето не треба да отстапи од принципите на ЕУ и сe почесто да ја потсетува за нејзината базична поставеност на мултиетничноста, мултијазичноста и почитувањето на правата на малцинствата.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
В А Ж Н О С Ъ О Б Щ Е Н И Е!
Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:
www.gnevot-na-pravdata.com
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!
Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.
СКРЪБНА ВЕСТ
ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ
На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.
Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.
В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.
Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!
Поезия
ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.
Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!
Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!
А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.
Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!
И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!
И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!
ПЕТЪР ХРИСТОВ
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting