Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Стејт департментот и Европскиот суд против Бугарија
Македонците во Бугарија признаени и од Стејт департментот
Јасминка Павловска
Во годишниот извештај на Стејт департментот цело едно поглавје, насловено „Слобода на здружување“, е посветено на односот на бугарската држава спрема македонското малцинство и одбивањето да се регистрираат активистички групи на етнички Македонци во Бугарија. Како гледаат правниците и аналитичарите на извештајот и како може Македонија да ги искористи сите овие одлуки и меѓународни инструменти
ПО ЕВРОПСКИОТ СУД, И САД
СО ОСУДА ЗА ПОЛИТИКИТЕ НА СОФИЈА
КОН МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Американскиот Стејт департмент деновиве го објави својот годишен извештај за состојбата со човековите права. Она што е карактеристично за извештајот е што цело поглавје, насловено „Слобода на здружување“, Стејт департментот посветува на односот на бугарската држава спрема македонското малцинство.
– Властите продолжија да одбиваат да регистрираат активистички групи на етнички Македонци, како што се обединетата македонска организација „Илинден“, Друштвото на прогонети Македонци, жртви на комунистичкиот терор, и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај пресудата од мај и повеќе од 10 претходни одлуки од страна на Европскиот суд за човекови права дека одбивањата ја нарушиле слободата на здружување на групите. На 1 октомври, Комитетот за спречување тортура на Советот на Европа во привремена резолуција изрази „длабока загриженост“ во врска со „формалистичката примена на законските барања“ на властите упорно аплицирана за да се одбие регистрација на обединетата македонска организација „Илинден“ и слични здруженија од 2006 година. Во ноември 2019 година, јавниот обвинител постапи по жалбата на лидерот на (ВМРО)- бугарско национално движение и министер за одбрана Красимир Каракачанов за обидите на две здруженија, Граѓанското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права и „Антички Македонци“, за создавање македонско малцинство. Главниот обвинител поднесе барање до судот за распуштање на здруженијата, обвинувајќи ги за политичка агенда што ги загрозува единството и безбедноста на нацијата – пишува во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Бугарија.
Прашањето на македонското малцинство во Бугарија формално е ставено ад акта во македонско-бугарските билатерални односи, како преку Договорот за добрососедство, но и со одредби во македонскиот устав. Сепак, правата на малцинствата се цивилизациски прашања од доменот на основните човекови права загарантирани со Повелбата на Обединетите нации, кои не оставаат простор некој, па дури тоа да е и државен субјект, да се откаже од тоа право во име на друг.
Преведено на ниво на македонско-бугарските односи, Македонија како држава нема ингеренции да се откаже пред меѓународните институции од правата (на здружување) на лицата во Бугарија што се чувствуваат како Македонци. Она што е забележано и во извештајот на Стејт департментот е дека властите во Бугарија и натаму не дозволуваат регистрација на групите активисти на етнички Македонци, но и дека не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права, а потсетува и на резолуцијата на Комитетот за спречување тортура на Советот на Европа со „длабока загриженост“ за неспроведување на пресудите.
Правните експерти и аналитичарите сметаат дека последниот извештај на Стејт департментот, како и досегашните пресуди на Европскиот суд против Бугарија, се моќни алатки што Македонија треба да знае да ги искористи.
– Дипломатијата е страшен и моќен инструмент за оној што ја разбира. Годишните извештаи, како овој на Стејт департментот за состојбата со човековите права во светот, е еден таков дипломатски инструмент. Во меѓународното право и политика, тоа што навидум не е обврзувачко (како сугестии од извештаи на светски организации), не значи дека не треба да се извршува. Но пресудите на суд, секако, мора да се извршат. Состојбата на Бугарија во однос на неспроведувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права е таква, што веќе нема простор за никакви оправдувања. Тоа повторно е нагласено и во извештајот на Стејт департментот за односот спрема малцинствата (пред се на неовозможување право на здружување на оние што се чувствуваат како Македонци) во рамките на државата Бугарија. Влијанието на овој извештај можеби нема веднаш да биде видливо, но многу е извесно дека констатациите од таму наскоро ќе се инкорпорираат во некои други политички оцени и потези во меѓународната политика. Македонската држава не треба да „спие“ за овој извештај и треба да ја активира дипломатијата за негова примена и во билатералните односи со Бугарија. Меѓународните инструменти се многу корисни и важни во дипломатијата, особено кај малите држави. Македонија треба да ги користи таквите инструменти – вели Маргарита Цаца-Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права.
Во однос на позициите на македонското малцинство во Бугарија, преку извештајот на Стејт департментот, адвокатот Тони Менкиноски, застапник на неколку македонски здруженија од Бугарија, токму пред Европскиот суд за човекови права, смета дека тоа е добар дополнителен аргумент.
– Конечно сите меѓународни институции почнаа да работат и да ја перципираат вистинската состојба за правата на македонското малцинство. Епилогот, и тоа позитивен, многу брзо ќе го видиме – вели адвокатот Менкиноски.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
В А Ж Н О С Ъ О Б Щ Е Н И Е!
Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:
www.gnevot-na-pravdata.com
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!
Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.
СКРЪБНА ВЕСТ
ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ
На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.
Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.
В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.
Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!
Поезия
ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.
Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!
Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!
А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.
Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!
И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!
И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!
ПЕТЪР ХРИСТОВ
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting