Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кераца Висулчева - симбол на македонскиот непокор
110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КЕРАЦА ВИСУЛЧЕВА
Гоце Дуртаноски
„Родена сум во Македонија, од дедовци и прадедовци Македонци и сакам да умрам во независна Република Македонија" - Кераца Висулчева
Кераца Николова Висулчева е родена на 7. април 1910 (според други извори 1911 година) во село Нестрам, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија. Во текот на Балканските војни (1913) и етничкото чистење на Егејска Македонија со родителитепребегала во Бугарија. Се школувала во Бургас, а во 1929 г. се запишала на Државната художествена академија во Софија. Веднаш по дипломирањето (1935) учествувала на првата изложба и ја добила првата награда и членство во Сојузот на уметниците на Бугарија. Работела како практикант во III софиска гимназија, а по завршувањето и на Педагошката академија (1940) станала учителка по селата во Пиринско, а во 1941 г. (по нејзина желба) учителувала во Женската гимназија во Скопје и излагала на групни изложби со македонските уметници.
Во текот на војната (1943), се враќа со семејството во Бугарија и останува да живее и работи во Пловдив. За учеството на изложбата на бугарската современа уметност во Државната уметничка галерија (1945) го добила највисокото признание „Св. Кирил и Методиј".
Но поради манифестациите на националната ориентација, во 1958 г. била исклучена од Сојузот на бугарските уметници како „неблагонадежна" немала право ни да учествува на изложби, ниту пак да набавува сликарски материјали. Во 1961 година се пензионирала и повеќепати патувала во Франција каде учествувала на изложби во Западна Европа и добивала високи награди и признанија. Во 1989 година е вратена во членството на Сојузот на бугарските уметници.
По организирањето на изложбата „Современата графика во Македонија" во Пловдив (1992), се запознала со организаторите, а потоа и со претседателот на Македонија Киро Глигоров и направила постапки за враќање во својата татковина. Добила македонско државјанство во 1994 година и следната 1995 година се преселила во Скопје, заедно со целокупното зачувано сликарско дело (348 платна), подарено/завештано на македонската држава.
Во 2002 година во Музејот на Македонија е отворена првата самостојна изложба (36 изложени слики), а во 2003 година во салонот на МАНУ е организирана импозантна ретроспективна монографска изложба од 77 платна(портрети, пејзажи, актови и др., работени во перодот 1933-1995), со монографски каталог од д-р Соња Абаџиева. По нејзина желба, во културниот дом „Драги Тозија„ во Ресен, во импозантниот и единствен дворец во Република Македонија познат под името Сарајот на Ахмед Нијази бег е сместена постојаната Спомен-музејска збирка „Кераца Висулчева" со што е исполнето и нејзиното завештание: „Родена сум во Македонија, од дедовци и прадедовци Македонци и сакам да умрам во независнаРепублика Македонија".
Кераца Висулчева заедно Лазар Личеноски, Димитар Пандилов и Никола Мартиноски е еден од основоположниците на македонското современо сликарство.
Кераца Висулчева почина во Скопје, на 13. јануари 2004 година. Г.Д.
Литература: Encyclopaedia Macedonica (Vol.1), Македонска академија на науките и уметностите, „Современост", Quality Art Foundation.
НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај
В А Ж Н О С Ъ О Б Щ Е Н И Е!
Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:
www.gnevot-na-pravdata.com
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!
Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.
СКРЪБНА ВЕСТ
ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ
На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.
Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.
В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.
Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!
Поезия
ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.
Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!
Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!
А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.
Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!
И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!
И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!
ПЕТЪР ХРИСТОВ
Начална
•
За нас
•
Архив
•
За врзака
•
Линкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by:
TJ-Hosting