Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
90-годишнината од смртта на македонскиот научник и општественик д-р Анастас Коцарев

Комеморација за д-р Анастас Коцарев во Париз

Гоце Дуртаноски

Денеска на 28 март 2021 година напладне, во француската престолнина Париз, претставници на македонските заедници од Франција и Швајцарија и претставници на градската власт од Париз ја одбележаа 90-годишнината од смртта на македонскиот научник и општественик д-р Анастас Коцарев и положија венец на неговото вечно почивалиште.
Со посебно одобрување и почитување на мерките за претпазливост и растојание, со пригодни говори од македонска и француска страна беа одбележани девет децении од смртта на овој истакнат македонски научник и 131 година од неговото раѓање.
Семејството Коцареви од Македонија како и бројни почитувачи на делото на д-р Анастас Коцарев од Европа не беа во можност да дојдат во Париз и церемонијата од комеморацијата ја следеа во живо преку видео пренос испраќајќи телеграми и пораки во заедничкото одбележување на настанот.
На комеморацијата обраќање имаше претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и Соња Коцарева- Трпезановска, роднини на истакнатиот научник Анастас Коцарев.
Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во своето обраќање рече:
„На денешен ден, пред 90 години, животната судбина го зеде од овоземниот свет светскиот великан Анастас Коцарев, истакнат македонски творец, научник, ерудит, лекар, човекот чија креативна мисла и луциден научен и лекарски дух оставија трајни белези во светот, но и денес во државата Македонија. Луѓето како нашиот Анастас Коцарев вечно живеат. Во Епот за Гилгамеш, змијата е таа што го краде ’вечниот живот’, но, за наша среќа, таа не успеваа тоа да му го направи на Анастас. Големиот римски поет Хорациј, мислејќи за своето дело, зборува дека по неговата смрт сепак нешто ќе преживее: „Нема целосно да умрам“ (Non omnis moriar).
„Постои време за сè, и сезона за секоја активност под небото.“ Денес е време да се зборува, да се биде гласен, да се поддржи работата на Анастас Коцарев, време за помирување меѓу Македонците, за општествен и духовен мир без дивеењата што ги гледаме катадневно веќе со години, време за Македонија со повеќевековно минато и долгорочна просперитетна иднина. „Сега е време да разбереме повеќе, за да се плашиме помалку“, порачува Марија Кири.„
Академик Љупчо Коцарев потсети и за активностите на Анастас Коцарев за праведно решавање на македонското прашање во периодот меѓу двете светски војни и дополни:
„ 30 години по стекнувањето на независност, по остварувањето на заложбите на Анастас Коцарев, патеката по која се движи Македонија може да заврши во провалија, да доведе до целосно разнебитување, разорување, распаѓање на државата Македонија. Се надевам дека денешните политичари во Македонија нема да ни педа да отстапат од програмата на Коцарев за единствена и независна Македонија.„
Неговата внука Соња Коцарева-Трпезановска од Битола во нејзиното обраќање за нејзиниот дедо истакна: „Анастас Коцарев е заборавен од својата татковина, но не и од семејството и добрите луѓе кои живеат и работат низ Европа и кои ја согледаа неговата големина и важност и особено во време кога за жал со сите сили сакаат да не избришат како Македонци. Анастас беше голема ѕвезда водилка на нашето семејство и голема ѕвезда водилка на македонскиот народ; Твојата основна цел во Швајцарија и Франција беше обединување на интелектуалните умови кои во тоа време се школувале во европските земји околу борбата за својата татковина Македонија, тоа и се случи денеска, по 90 години од твојата смрт да се обединиме во борбата за Македонија која продолжува преку нас и за новите генерации кои доаѓаат. Драг наш дедо Анастас, жалиме што лично никој од семејството не можеме да присуствуваме на твојот гроб денес, заради околностите со пандемијата, но срцето ми е полно кога конечно го најдовме твоето почивалиште, кога гледам дека твоето дело не е заборавено и се надевам дека еден ден ќе почиваш во твојот сакан роден град Охрид, во твојата сакана Македонија!„ - го заврши своето обраќање неговата внука д-р Соња Коцарева-Трпезановска.
Со овој чин, конечно е решена мистеријата стара 90 години за тоа каде точно се наоѓа гробот на познатиот македонски научник Анастас Коцарев од Охрид?
По 9 децении оддадена му е достојна почит која ја заслужува бидејќи личности како него ретко се раѓаат, а делата со кои нѐ задолжи се безвременски.
Вечна му слава!
Од семејствата Коцарев и Пинел, Унијата на Македонците од Франција, Македонскиот национален совет од Швајцарија, Македонска дијаспора од Лозана и македонските национални заедници од Европа
Анастас Коцарев (француска транслитерација: Anastas Kotzareff) е роден во Охрид, на 26. март 1890 во старо и угледно охридско семејство Коцареви. Основно образование завршил во Охрид, гимназија во Солун и медицински факултет во Женева каде докторирал и останал да работи на Женевскиот универзитет како асистент, потоа како лекар и приватен доцент по онкологија на универзитетската клиника. Во 1928 година со својата вереница Сесил Пинел се населил во Париз каде ненадејно починал на 28. март 1931 година.
Д-р Коцарев со својата научна работа бил посветен на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Ова истражување ќе го насочи на тесна соработка со познатата нобеловка Марија Кири - Склодовска која во тоа време била професор и директор на лабораторијата за радиум на Универзитетот Сорбона во Париз.
Бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата и првиот научник во светот кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од канцер (рак).
Покрај неговата професионална преокупација - медицината, д-р Анастас Коцарев во текот на Првата светска војна, и по неа, развил жива политичка активност во Швајцарија и се залагал „за единствена и независна држава Македонија“.
Во 1918 година ги обединил македонските друштва од Цирих и Лозана во заедничко Друштво на Македонците за независна Македонија, а подоцна бил основан и Генералниот совет на македонските друштва во Швајцарија (Conseil general des Sociétés macédoniennes) на кое Коцарев бил избран за претседател. Во 1919 година, во текот на Париската мировна конференција во Париз д-р Коцарев во име на Главниот одбор поднел барање да испрати тричлена комисија која би ги застапувала интересите на македонскиот народ, но нивното барање било одбиено од преговарачите на конференцијата. Главниот одбор и д-р Коцарев продолжиле да испраќаат телеграми и петиции барајќи праведно решавање на македонското прашање.
 
 НАРОДНА ВОЛЈА
КОЙ УНИЩОЖАВА ИСТОРИЧЕСКИТЕ ИСТИНИ? КОЙ ПРАВИ КОЩУНСТВО В БОЖИЯ ХРАМ?
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МЕМОРАНДУМОТ НА МАНУ, МПЦ-ОА И УКИМ ПОВИКУВА НА ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ
Читај
СО БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР БУГАРИЈА ПРИЗНАЛА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, НАРОД И МАКЕДОНЦИ, СЕ ШТО ДЕНЕСКА СПОРИ
Читај




В А Ж Н О   С Ъ О Б Щ Е Н И Е!

Известявамe читателите на вестник „Народна воля“, че книгата „Гневът на правдата“ от Ян Пирински вече може да четете и на интернет на следния адрес:

www.gnevot-na-pravdata.com



Б Л А Г О Д А Р Н О С Т!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена признателност и почит на Минчо Ташев от Канада за често изпращаната финансова помощ на вестник “Народна воля”.
Редакцията на вестника благодари на дарителя за патриотичния жест и му пожелава здраве, щастие и успехи в живота.



СКРЪБНА ВЕСТ

ПЕТЪР СТОЕВ ХРИСТОВ

На 26.11.2020 година в град Благоевград почина Петър Стоев Христов, роден на 02.07.1936 година в село Яново, Санданско, Пиринския дял на Македония.

Петър Христов живя и израсна в семейство с македонско национално чувство, наследено от дядо му Стоян Христов, който е участвал в четите на Яне Сандански и Илия Кърчовалията в борбата за освобождението на Македония от турското робство и възстановяване на самостоятелна македонска държава. А стрико му Иван пък заедно с македонските партизани от Егейския дял на Македония участва за прогонването на българските окупационни войски от Македония. Всъщност Петър още от малък вече знае коя е неговата родина и националната си иден- тичност. А по примера на братята си Александър и Георги, Петър, пленен от музата на поезията, започва да пише стихове, някои от които се публикуват във в. „Народна воля”. Издава стихосбирката „Почти на ручей ромон” през 2003 година в Благоевград.

В поетичните му творби е отразена непрекъсната му жажда за доброта и човечност, и голямата му любов към Македония, за която посвети няколко стихотворения. Петър бе изключително скромен и човечен, с нежна душа на поет и с непокорен дух за правда и справедливост.

Председателството на ОМО „Илинден” – ПИРИН и редколегията на в. „Народна воля” изказват най-искрени съболезнования на опечалените!
Почивай в мир, Петре! Поклон пред светлата ти памет!!!


Поезия

ПЕСЕН ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Грозна буря – черно ято
с гръм коситба ще коси –
иде гибел, от която
няма кой да го спаси.

Грозна буря се извива,
птици спрели песента.
Гоце Делчев са убили!
Тъжна, майко, е вестта!

Майски ден е, а след боя
потъмнява свода син.
Наведи се, майко моя,
да целунеш своя син!

А когато го прегърнеш
с две илинденски ръце,
в свято слънце ще превърнеш
най-безсмъртното сърце.

Нека в черната разлъка
пеят житни класове!
Нека робската ни мъка
ражда нови синове!

И над мъртвите усои
пак ще грейне сводът син.
И отново, майко моя,
ще вървиш след своя син!

И когато суховеи
веят мъртви знамена,
той ще пази от злодей
твоя дом и бъднина!

ПЕТЪР ХРИСТОВ



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting